E само што почнав да ја читам таа книга 50 нијанси на сиво вчера ми кажаа дека имала три дела,а јас наместо првиот дел да го купам,по грешка го зедов вториот Eдна другарка ја фалеше дека е добра книгата,имало доста еротика ,јас ја почнав па засега добра е,не е баш мој тип на книга,но кога ке ја завршам ке дадам рецензија
навистина се дигна голема еуфорија околу книгиве,па цело време на тв,радио по списанија па и на фб.само за тоа се зборуваше,и ај се решив да видам што чудо ќе е.до пола на првиот дел и толку не можам да ја продолжам понатаму.само да напоменам,не ја читам ја слушам,ја симнав од pirates bay.можеби со читање се добива поинаква замисла на личностите? а јас вака ја слушам,и неможам да ја поднесам таа нараторката,ептен успева лигаво да ја претстави Анастасија Стил .плус и писателката можела малку да се потруди околу пишувањето,во ептен аматерски стил е пишувана книгата.
Дали некој ги има читано Есента на патријархот и Хроника на една најавена смрт од Маркес, и Детинесто, но многу природно на Кетрин Менсфилд? Која е подобра од првите две и дали е соодветна за читање на 16 години, зашто не сум информирана за книгите воопшто? А за третата, каков впечаток ви остави, што се зборува и дали е доволно добра за да ја купам?
ЦРНИ ОВЦИ (група автори) Ме интересира дали некој ја прочитал книгата Црни овци од група автори? Ми треба за лектира да ја раскажам...помош!!!!
Јас ја прочитав книгава и стварно е преубава Кој чека ќе дочека и што е мое ќе си дојде Spoiler тажен почеток со среќен крај но целата книга е да ја поминуваш низ смеа без разлика на содржината на таков наивен и интересен стил раскажува главниот лик.. ако имаш и малку фантазија ќе се воодушевиш . Гледај да ја најдеш преубава е
Ги имам прочитано сите делови,не е лоша,ако планираш да ги читаш читај ги по ред така ке имаш поубава претстава за случувањата. Според мене книгата е мноООгу подобра од филмот.
Да не го листам форумов ако може некој да ми каже кратко мислење за книгите на Мураками? Поточно за трилогијата 1Q84? Нема никаква поврзаност со Орвеловата 1984? Орвел ми е брлијантен, но за Мураками се двоумам, а насекаде ги гледам неговите книги, и ме заитригира најискрено, а избегнувам ептен популарни книги,зашто скоро секогаш се разочарувам од нив.
Hipster мораш и сакаш да го прочиташ Мураками. Ако малку поштуваш мое мислење за литература, веднаш фати се за неговите романи. Леле, да не се исплаши?... Шала, од срце ти го препорачувам
Има поврзаност со 1984. Џорџ Орвел во неговото дело ја прикажува иднината како темно општество доминирано од Големиот Брат, историјата се корегира, па одново се пишува. Тоталитаризам. Вакво нешто има и во некои делови од 1Q84. Се плашам да напишам повеќе, да не биде спојлер. Ако го имаш прочитано Џорџ, тогаш многу полесно ќе го сфатиш првиот дел од 1Q84.
Денеска и немаше баш некој избор на изложените книги во библиотека но сепак успеав да одберам две... Љубовта ме води - Федерика Боско и Трчај дома - Лори Лансенс...се двоумам која прва да ја почнам. Дали сте ги читале и што мислите нив?