Ако те заинтригира книгата, ќе ја прочиташ дур да трепнеш. Добар трилер. Ти препорачувам најпрвин да ја прочиташ „Ангели и Демони“, за подобро да се запознаеш со главниот лик, Роберт Лангдон.
Ја добив на подарок Мост преку вечноста од Ричард Бах и почнав да ја читам но некако не ми оди. Ќе ја дочитам до крај, нормално дека нема да ја оставам кога веќе 1/3 прочитав...ама еве пак да си прашам... Ја има некој читано?
Не знам како се викаше, но ке раскажам накратко па можеби некој што ја има прочитано ке ми каже како се вика и од кој е. Колку што паметам се работи за една жена која прави се за да заработи се повеќе пари. Прави нелегални работи, опасни работи, често го менува идентитето после тоа што ке го направи... ограбува банки, златари... последно знам дека беше во животна опасност.. патуваше некаде... но се извлече.
^Извини, не можам да помогнам, ама ме потсети за една книга која ја читав како мала. Тогаш не ја разбирав, но сега, кога би можела да ја разберам заборавав како се вика. Во книгата, на почетокот, се зборуваше за едно момче и неговото среќно семејство. Подоцна, драг член од семејството умира (мислам најмладата сестричка), и се` се сменува. Доаѓаат лоши денови. Во вториот дел на книгата, писателот се фокусира на друго семејство, главниот лик овојпат е девојка, на веројатно иста возраст со момчето од првиот дел. Таа ја губи невиноста во автомобил, па мислам дека подоцна беше бремена.. Многу, многу би сакала да ја прочитам книгата пак! Ако некој знае, нека ме извести, ве молам.
Ја имам читано, многу добра книга треба да се прочита. Мочжеби на почеток ќе ви биде нејасна али ке разберете со тек на време. Еве сега ја прочитав по 5 пат. Одлична книга Клучот на алхемичарот
Иако е обемна, брзо се чита. Јас бев задоволна. Ми разбуди интересирање за вистинскиот живот на царицата. Имаше доста имиња и места кои не можев да ги пратам, тоа фрустрираше, ама приказната беше воглавно едноставна, лесна за пратење. Убаво книгуле
Дали некој ја има читано книгата Гилгамеш? Не прашувам за содржина туку ја најдов на нет па дали е во форма на текст или во стихови е? Фала