Тајната (The Secret) Некако филмот ме измори, па сакам да знам дали и книгата е таква, пошто нели си се водам по тоа дека книгата е секогаш поубава од филмот и би сакала да и дадам шанса. Вреди ли да се чита?
Јас ја читав Тајната не е лоша книгата укажува на тоа дека ништо не е невозможно ако веруваш ќе се оствари.Повеќе се зборува за Космосот и силата на Космосот,многу ја зголемува самодовербата и секоја книга за себе си има посебна приказна така да прочитај ја па ќе кажеш
Не ми текнува по колку страници се, мислам дека не беа нешто претерано обемни, а онака се интересни, лимонатки. И оваа е лесна и интересна, чик лит, за тепање време.
Првата околу 600тина страни, ама за ден се чита. Брзо иде, романче од времето кога немало вакви сапуници на тв. Ја имаш во издание на култура околу 300-400 ден, а ја имаш и на нет for free
Се извинувам што сум малце офф топик, ама општи прашања темата е заклучена, а за ова не најдов соодветно место каде да го поставам прашањево. Дали некоја од вас женски знае, дали цената на книгите од трилогијата на Харуки Мураками -1Q84, сеуште е по 500-600 денари од книга ? И дали вреди да ги читам вториот и третиот дел, бидејки ја имам прочитано само првата, ама на интернет најдов многу поделени мислења во врска со трилогијава. Благодарам однапред.
Само што ја завршив Интересна, малку повеќе заплеткана, крајот неверојатен мислам јас никогаш не би го ни претпоставила тоа.. Според мене вреди да се прочита до сите љубители на крим- трилерите
Некој ја има читано „Амстердам“ од Јан Мекјуан? Ме привлече позади извадокот, ама па прочитав некои лоши критики, па се мислам дали да си ја купам....
. По 360ден мислам се сега, освен ако не завршил попустот. И јас ја имам само првата прочитано, ама без разлика на коментарите, и останатите две ќе си ги прочитам. Јас поинаку ја доживеав од останатите Мураками книги, ама не се откажувам, верувам дека нема да се разочарам
Најголема грешка е што се водите по коментари по интернетов. Убаво е да се разгледа ама не треба тоа да биде решително за да ја прочитате или не книгата која сте ја наумиле. Ако на некого не му се допаѓа нешто, не значи дека и ти ќе го имаш истиот став кон тоа нешто. Исто како со облеката ако на некој не му се допадне некое парче, не значи дека и на некој друг нема да му се допадне. Книга со облека е малку плитка компарација, но добра за доловување на поента
Малце оф топик ама нема везе, Харуки Мураками ми е еден од омилените писатели и си имам високо мислење за него. Не се водам по туѓите мислења, но ме заинтригира целата фама што се дигна околу трилогијата. Несакам да си го променам ставот што си го имам изградено кон него како писател, бидејки неговите книги ми се ептен при срце па затоа би сакала да слушнам мислења во врска со тоа, и плус до пред некое време книгите беа по 600 денари и не сум сигурна дека би можела да си дозволам да потрошам 1200 денари за преостанатите два дела а да останам разочарана и да си ги зажалам парите што сум ги дала, бидејки не ми растат на дрво. Океј ти е ставов, ама во секој случај неможеш да докажуваш поента со тоа за било кое барање на мислење и слично П.с. Кравче благодарам на одговорот
Ја барам книгата . . . Видов една книга пред некое време, мислам дека се викаше "Книга без наслов" или "Непознат наслов" и беше од "Непознат автор". На задната страна пишуваше нешто дека никој не успеал да ја дочита до крај, нешто така беше. Ме интересира ја има ли некој прочитано и за што станува збор?
Сакам да слушнам коментари за Марина-Зафрон следна ми е на списокот за читање дали да ја менувам или да си го задржам убавото мислење ?