Девојката со тетоважа на змеј?? Прекрасна ми е книгава, за 3 дена ја прочитав.Полна е со мистерии.Влече многу.
Малечката Фадета?? Ај ако некој ја прочитал така убаво да ми ја раскаже во ЛП Ве моооооооооооооолаааам Ве сакам најмногу девојкии Што побрзо тоа подобро вечекам во ЛП
Ја има некој читано Ангелски повик - Гијом Мисо? Ми ја поклонија па сакам да слушнам нечие мислење пред да ја читам
Листа на книги за читање ме интересира дали некој ја има на форумов прочитано „Вештица“ - Венко Андоновски пошто одамна ја барам а неможам да ја најдам низ книжариве и библиотекиве.отприлика за што се работи ако може
Романот е поделен на два дела. Едниот дел, кој е всушност и главната приказна, говори за милион жени кои биле изгорени на клада под обвинение дека се вештици.Кога ја читате оваа книга, писателот Ви се обраќа лично на Вас. Како Вие да сте оној кој ја пишува. Вие сте причината за таквиот тек на дејството. И се чувствувате како дел од книгата, како лик, навистина влегувате во тој филм на писателот и Ве освојува, Ви поставува прашања на кои дури Ви остава празни редови да одговорите, да ја пополните книгата. Ви задава задачи и додека го правите тоа се чувствувате како да сте внатре во книгата, како да сте дел од тој свет. Не Ви се верува како Ви се обраќа и како знае што всушност чувствувате додека го читате романот. Има моменти кога сте занесени во приказната за вештиците и тој намерно Ве прекинува, Ви се обраќа за да Ве освести да се вратите во реалниот свет. ја барам и јас моментално , ова е кратко , нешто што го најдов со среќа во потрагата
Жалам RainBow не можам да ти помогнам. Но дали некој ја има читано ,,Девојката со портокали'',многу ја фалат,па мислев да ми дадете кратка содржина или пак ако ја има во некоја друга тема ве молам пратете ми линк. Фала,позз.
дали некоја ја има прочитано Моќта на потсвеста - Џозеф Марфи? Доколку има некој таков го замолувам за кратка фабула
јас ја имам прочитано..на англиски ја читав.. нешто слично како ThePower од Ронда Бирн е. Збори за Law Of attraction и дава примери од вистинскиот живот... неможе баш фабула да се пише зашто едно нешто дискутира цело време... ама интересна е, ако ја немаш прочитано The Power, читај ја оваа, ако ја имаш прочитано не ја читај оваа зашто горе доле истото е.
Вака сега : Јас мислам дека книгата се вика Медикус 99% е сигурен татко ми па да ве прашам дали е така ми ја раскажуваше сакам да ја најдам. Во книгата се работи за момче кое е родено во сиромашен кварт во Лондон, Оди да живее кај некој човек кој се занимава со тревки билки и сл. и воедно е нешто како на панаѓур не знам...откако ќе умре стариот детето заминува на далечниот исток да се занимава со медицината која во тоа време била многу недостапна и таму заминува на факултет. На факултетот примаат само муслимани, па некако едвај влегол на факултет и завршил. Првпат дошол во контакт со леш и научил да лекува слепо црево и други едноставни болести кои во тоа време биле енигма. Се вратил во Лондон и толку знам. Авторот не го знам ве молам да ми одговори некој битно ми е многу . Фала
MotherMonsterl, тешко дека ја има во библиотеките низ Македонија. Пробај да ја најдеш во pdf формат на интернет. Краен случај еве ти линк од COBISS, овде ја селектираш библиотеката во која што си зачленета го пишуваш авторот и насловот па ќе видиш дали ја имаат: http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?ukaz=C ... 0468965408