Ја има ли некој читано Ќерката на чуварот на спомените??? јас почнав сега да ја читам па ме интересираат мислењата за неа...вака ми изгледа интересна засега...
јас ја прочитав летово и буквално не можев да ја оставам интересна е приказната и не е некоја тешка книга мене баш ме опушташе
Кејт д грејт, Дафне е досаднааа, јас на крај се чудев што беше финтата А Ќерката на чуварот на спомените, за мене е една убава емотивна книга. Не е тешка некоја, се чита брзо А дали ја има некој читано Сузан Елизабет Филипс, да знам што да очекувам од неа? Знам дека се нешто како љубовни романи нејзините, ама да не се врти во круг она старото, се запознавме, се засаквме, и на крај се зедовме Сите се такви, ама пак...
Јaс имам читано нешто од неа.На некои многу им се допаѓа СЕП така ја викаат скратено.Мене не ми е ништо посебно.
Јас ја имам читано. Па, веќе видено. Всушност четирите збора од насловот се најтражените кога е во прашање продавањето - купувањето. Книгата, уште на почетокот и се гледа крајот Zaspana, за ''Ќерката на чуварот на спомените'' имаш во претходните страници мислења
"Ќерката на чуварот на спомените" ми беше глупава, досадна книга со ужасен превод. До вкусовите е, се разбира
Дали некој ја има читано Братството на ружата - Дејвид Морел , ја добив поклон па сеуште не сум почнала да ја читам.
Јас имам нешто читано од Дејвид Морел, ама да се отепам бре не ми текнува која книга беше. Знам дека ми се допадна и он како автор, сакав уште нешто да прочитам од библиотека, ама не можев да најдам. Ај кога ќе ја прочиташ пиши критика.
Дали некој од вас знае каде можам да ја најдам книгата -Ловци на среќа- 2риот дел, кај нас го нема на македонски го немаат уште преведено но во некоја книжарница го имало на српски па затоа доколку некој знае каде ве молам да ми каже Фала однапред
Тројца во кревет мене многу ми се допадна. Се работи за една новопечена мајка и нејзиното справување со најчинството. Навистина интересна и поучна книга А рајот сигурно е интересна, уште не сум ја читала, ама на листата ми е.
За вода за слонови да не прашуваш, да ја земеш обавезно. Препрекрасна книга, има и филм сега според неа, огромен хит е
Виножиткеее јас ја обожавам книгатааа ... кажувај го филмот Излезен е ???? А мемоарите на една гејша за девојката што праша погоре, читај ја убава книга е.