Мене не ми беше ништо посебно, ниту нешто просветлувачко. Не знам што толку некои се фасцинираат од книгава. А Даниела Стил си има лоши книги, ко на пример Дебитантка. Чисто губење на време. А овие за кои што прашуваш мене ми се допаднаа.
Дали некој ја прочита новата од Халед Хосеини - И планините одекнаа? Да каже импресии, дали е толку добра колку и претходните две. А и која цена е во Матица.
Па јас мислам дека ја има во повеќето библиотеки, е сега зависи од каде си. Инаку, доколку сакаш да ја купиш мислам дека ја имаше во Топер, а за други места не знам.
^ Уффф ги прочитав сите три дела, шо да кажам ( ами не трепнав)... Кристијан Греј ...хммм...уште сум во шок - шала. Инаку првата книга и ја собрав на другарка ми , останатите две ги читав на српски јазик од интернечи. Можете да си ги купите првата е 550 денари, а останатите по 600 денари, мислам има и понуда пакет сите три в едно цена незнам, поуздрав.
Tи не си малку мала за книгава? Јас веќе имам напишано дека за мене е чисто губење на време, се едни те исти досадни фрази, џабе ќе си ги трошите парите. Што можете да прочитате од една просечна домаќинка со просечен сексуален живот? Ништо, тоа е и книгава.
^Ме интересираше нешто повеќе за книгава бидејќи се крена голема фама околу неа. Слушнав различни мислења, некои ја критикуваат, некои ја фалат, па затоа сакав да слушнам и ваше мислење. ПС. На кого се однесуваше болдот?
На Tumblr, 14 години има. И мене ме интересираше баш поради фамата, ама некогаш тоа не е показател за квалитетот на книгата. Ако можеш да ја земеш од негде чисто онака да си ја задоволиш љубопитноста земи ја, ама за пари давање би те советувала против.
^ Токму затоа и јас ја барав, најмногу од љубопитност. Инаку, немав намера да ја купам, бидејќи се изначитав секакви критики за неа, па затоа сметам дека не би била идеален примерок за мојата домашна библиотека. Сепак, доколку успеам да ја најдам во библиотека, би ја изнајмила чисто за да ја разгледам.
Гледам многу ја ракламираат во Матица како добар избор на ова лето Ако ја има некој прочитано би сакала да ми каже дали вреди да си ја купам?
^Убава е книгата, има доста емоции, неколку приказни кои се спојуваат, да си ја купиш, мене барем ми се допадна. Ако си ги прочитала претходните негови книги знаеш што да очекуваш.
А ја има ли некој прочитано Спасување од Никола Спаркс? Цели две години ја барам и во библиотека и во книжарници и никако да ја најдам
To Kill a Mockingbird, Harper Lee Ја има некој прочитано книгата To Kill a Mockingbird, Harper Lee? Навистина сакам да ја прочитам, ако може да ми кажете каде да ја купам?