Дали некој ја има читано книгата?

Discussion in 'Литература и уметност' started by RainBow, Feb 28, 2011.

  1. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Joined:
    May 27, 2013
    Messages:
    143
    Likes Received:
    31
    Gender:
    Female
    To Kill a Mockingbird, Harper Lee

    и мене не ми е прочитана но велат интересна
     
  2. lovesongs058

    lovesongs058 Активен член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    31
    Likes Received:
    6
    Чичко Горио-Оноре де Балзак

    Ја има некој прочитано книгава Чичко Горио - Оноре де Балзак, ја зедов сеа и ќе ја почнам вечер, убава е? :)
     
  3. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2013
    Messages:
    1,071
    Likes Received:
    1,361
    Чичко Горио-Оноре де Балзак

    Книгава беше поврзана со еден чичко кој што има две ќерки,алчни за пари?
     
  4. lovesongs058

    lovesongs058 Активен член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    31
    Likes Received:
    6
    Чичко Горио-Оноре де Балзак

    Звучи интересно, ќе ја започнам вечер :)
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2013
    Messages:
    1,071
    Likes Received:
    1,361
    На почетокот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа пансионот на госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак ни ја претставува цела Франција и односите во општеството. Ги претставува ликовите и нивното минато, подредувајќи ги по катови како што се подредени во општеството. На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се сè посиромашните. Многу сликовито е опишан мирисот на пансионот, кој е карактеристичен за сите такви места. Тој го нарекува пансионска реа - „мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно при дишењето, мирисот се впива во облеката, ја има реата на соба во која штотуку се вечерало, смрди на кујна, на немиени садови, на прифатилиште“.
    На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму се сместени госпоѓата Вокер во помалиот, а во поголемиот госпоѓата Кутир (вдовица) со младата девојка Викторина Тајфер;
    На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот Вотрен;
    На третиот кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно (стара мома), чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но најчесто таму живеат студенти);
    Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби во кои се сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.
    По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак. Тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака да постигне нешто во животот.
    Прво се зафатил со работа и учење, но забележал дека жените имаат огромно влијание во општествениот живот, па решил да се впушти во таков свет и да си најде заштитнички. Тетка му го поврзува со виконтесата де Босеан (богата и влијателна), која го поканува на бал. Таму ,тој се запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која игра и ја поканува на повторна средба.
    За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де Ресто, за нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и блеска од задоволство и среќа. Кога тој заминува од масата, другите го озборуваат дека таа му припаѓа на Горио, дека тој ја издржува и дека го водат ниски страсти.
    Утредента Ежен оди кај грофицата на договорената средба, убаво облечен и преполн со надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата, Максим де Трај.
    Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнува, го испраќа и се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе внимание му обрнува на Максим, а Ежен се обидува да се бори со соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева кога доаѓа грофот и убаво го прифаќа заради неговото потекло и роднинските врски со виконтесата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос сосема се менува, па тие речиси го исфрлаат од куќата.
    Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините љубовни односи, поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени. Ежен и раскажува за посетата на Анастазија и тогаш дознава дека Горио им е татко, нејзе и на Делфина.

    Кога бил млад, Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и ризик за време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките кои бескрајно ги разгалил. Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа станала грофица де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжан. За титулите дал големо богатство, на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им овозможи лагоден живот. Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, со убава облека, перика и со златен синџир. Но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер. Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе и да се омажи со него, но кога сфатила дека единствена љубов во неговиот живот се ќерките, се откажала и почнала да го озборува. Го претставувала како сладострастник кој имал две љубовници што ги издржувал.
    Кога Ежен ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Босеан му предлага да го запознае со Делфина де Нисенжан која сè би дала за да влезе во високите кругови, а таа нему ќе му го овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле многу завидливи и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот понижувачки однос кон него.
    Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема заштитнички став кон Горио.
    Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Пари, за да може да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.

    Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната за Вотрен и Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу богатите преку љубовни односи со богати жени. Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек кој се познава со сите, се разбира од сè, пријатен, услужлив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници - да се ожени со Викторина Тајфер. Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала. Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива.

    Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека ќе го запознае со Делфина. Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов, сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина која била пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува Ежен на неа). Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како неќерка (всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
    Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè што се однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен, пак, го потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја отфрла сосема можноста за спојување со неа.
    Со нова облека и со почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои и ги дава на Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен љубовник и на тој начин ја започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови., а за да се раздолжи позајмува пари од Вотрен.
    Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле, а таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
    Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина загинал во двобој.
    Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избеган робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За доказ, требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и Поаре и ги бркаат од пансионот.
    Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.

    Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè расипуваат. Прво доаѓа Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна караница меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина само ветува дека иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е предоцна, а Анастазија доаѓа, но доаѓа предоцна.
    Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување, уште повеќе доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само празни кочии. Не сакале ни да дадат пари, па Ежен го заложува својот часовник за да може да го плати бедниот погреб на чичко Горио.
    Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон Горио, но тој не се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество, лицемерието, злобата и решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера кај госпоѓа де Нисенжан“. (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е поважна.)
    Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите - оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот. Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.
     
  6. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Joined:
    Sep 13, 2011
    Messages:
    1,072
    Likes Received:
    621
    Чичко Горио-Оноре де Балзак

    јас ја имам читано....интересна е ;)

    авторот докажува дека не може да се купи љубовта со пари....колку пари и да им даде Горио на ќерките, тие не се појавуваат ни на неговиот погреб...............................

    :)
     
    Cacy, lovesongs058 and Irrepleceable like this.
  7. lovesongs058

    lovesongs058 Активен член

    Joined:
    Jun 27, 2013
    Messages:
    31
    Likes Received:
    6
    Чичко Горио-Оноре де Балзак

    Ме плашат страните некако, 300 се :o хаха :rofl: но сепак интересно звучи книгава :)
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2013
    Messages:
    1,071
    Likes Received:
    1,361
    Добра книга,па и 500 страни да е,се чита брзо :)
    Ќе те натера да не ја оставиш ;)
     
  9. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2013
    Messages:
    137
    Likes Received:
    61
    Девојки ја има некој читано Крив правец? од Дитас?
    Сакам да слушнам коментари. Иначе сосема случајно ја најдов во парк оставена на клупа. :)
     
  10. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Joined:
    Oct 8, 2012
    Messages:
    47
    Likes Received:
    17
    ПОтресна приказна за едно транзициско време во РМ. Незнам колку е вистинита приказната како сто се зборуваше на времето, но сепак сигурно има нешто. Нема ништо да изгубиш ако ја прочиташ.
     
    Minion.M likes this.
  11. nati44

    nati44 Популарен член

    Joined:
    Dec 10, 2012
    Messages:
    777
    Likes Received:
    545
    Дали ја имате читано Разум и чувствителност на македонски?
     
  12. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2011
    Messages:
    401
    Likes Received:
    262
    Gender:
    Female
    Зависна од мода- Ребека Кемпбел ?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Онака, интересна е, не е нешто предобро, ама за тепање време. Иако има и подобри за истата намена. :)
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    И планините одекнаа - Халед Хосеини

    [​IMG]

    Се намерачив на книгава, па дали вреди да си ја купам?
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    LilBaby likes this.
  16. Faline

    Faline Популарен член

    Joined:
    Feb 9, 2011
    Messages:
    682
    Likes Received:
    549

    Има два дела,едниот се однесува за една девојка другиот за еден дечко.Мене за дечкото ми е читана и во неа се опишува како дечкото тргнува по лош пат и се одава на криминал...детално опишано.. :)
     
  17. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2013
    Messages:
    223
    Likes Received:
    134
    Што мислите за Паралелен свет од Бенедикт. :)
     
    Minion.M likes this.
  18. FromWonderland

    FromWonderland Истакнат член

    Joined:
    Jun 30, 2013
    Messages:
    95
    Likes Received:
    38
    Дали некој ја има прочитано Крвна врска од Сидни Шелдон? Според кратката содржина за задната страна ми изгледа некако досадно и се мислам дали да почнам да ја читам.. Мислење??
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Таа ми е првата прочитана книга од него. И во никој, ама во никој случај не е досадна. Досадна може да биде книга што има споро дејство, премногу непотребни описи и развлекување до недоглед.
    Сè што оваа книга не е. Воопшто да не се мислиш. :)
     
    Neytiri and FromWonderland like this.
  20. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Joined:
    Oct 31, 2012
    Messages:
    1,620
    Likes Received:
    1,416

    Јас ја имам читано таа што е со девојката. Прекрасна книга!
    Доста поучна пред се. Исто објаснува како во животот лесно може да се тргне по погрешен пат. Нема да згрешиш ако ја прочиташ :)

    А дали некој ја има читано "Жената на патникот низ времето" од Одри Нифенегер? Мислење?