Книгава е специфична. Или ќе ти се допадне премногу или нема да можеш да ја дочиташ. Мене лично ми е една од омилените, преубава љубовна приказна, безвременска.
Тинајџерска е книгата...не е како неговите други книги, ама интересна е, кој го обожава Зафон ќе ја сака и оваа книга.
Spoiler Знае некој некоја страна каде се даваат книги како награди,или пак се продаваат со одредени попусти,али исклучиво на интернет?
Единствената книга од Сашо Тасевски што не ми се допадна и не ме тераш да ја читам понатаму и панатаму.Не се сеќавам точно на дејството, само знам дека едвај чекав да ја прочитам и баталам, за разлика од неговите претходни дела.
Да и единствено што можам да кажам ПРЕКРАСНА Лесна, интересна во стилот на чик литература. Ти го препорачувам и второто продолжение „Чокохоличарка на диета“
Јас овие денови ја читав, сега го читам вториот дел - „Чокохоличарка на диета“.Ептен интересна книга, доколку сакаш чик литература читај ја.И да додека ја читаш обавезно до себе имај си чоколада.
Прекрасна приказна дури и потресна.Доколку сакаш романтични книги читај ја.Спаркс е мајстор за таквите книги.
Освен Хипнотизер на Кеплер, дали сте виделе други дела од авторов (поточно авторите - брачен пар се) преведени на македонски, и ако да, ќе може да ми кажете од која издавачка куќа се и нивната цена?
Не дека работам во Матица,но книгата навистина вреди.Сега како наши хитови ти ги препорачувам и `Страв од најлошото` и `Продавачка на егзотика`.Мои фаворити за ова лето!!!
Предосадна книга ја можам да кажам дека е прва книга за која сум се покајала дека ја прочитав залудно изгубено време
Рингишпил - Јелена Бачич Алимпиќ Содржината некако ми е малку чудна Да почнам да ја читам?Ваши мислења?
^ Јас само што ја завршив, читај ја, мене ми се допадна Интересна е и добра за тепање на време ако немаш што да правиш
Мене баш ми беше интересна книгата.Ми делува малце психолошка ама интересна.Вистина напати е малце досадна ала крајот ке те изненади верувај.