Да, да... Во цитираното погоре сум пишала дека ќе ја земам Принцезата во очекување. Ама не ја земав. Се откажав, досадни се. Не знам кој е издавачот, ама сигурна сум дека не е на Ѓурѓа. Мег Кебот пишува лесни книги, така да, можеби кога ќе сакам да се одмарам ќе земам некоја нејзина, ама не принцезата. Можеби „Што ако имам некој килограм повеќе?“ Другарка ми ја читаше и рече дека е ОК. Како и да е. Малку залетав офтопик.
Дали некој ја има прочитано Педесет нијанси сиво од Ерика Леонард Џејмс? И каде можам да ја најдам? Ја барав али ја нема во градска библиотека
Мајка ми од саемот ми купила повеќе книги мегу кои и Ти незнаеш да сакаш - Сузан Елизабет Филипс. Дали некој ја има прочитана и дали го задржува вниманието? Оти поретко читам книги на ваква тематика - романи.
Ја имам прочитано,како и да е се е до вкусот и до тоа што ти би сакала да читаш,инаку ја има во Топер,трите книги се поврзани,па почни од првата и приказната ќе ја комплетираш со третата. Искрено јас не ја вреднувам многу,но лично е.
Јас не ти ја препорачувам воопшто книгава, не вреди да фрлаш пари на неа. Нема апсолутно никаква вредност, стилот на изразување е на ниво на првооделенче, секс сцените како да се напишани од девица. Тоа е мое мислење. Чик лит е книгава, зависи дали ти се допаѓа жанрот. Ама интересна е, саркастична, има добри хумористични моменти.
Дали некој ја има читано Канционерот од Франческо Петрарка? кратка критика,ваше мислење за таа книга? така нешто...?
Ау сестра ми ја имаше читано книгава, вика дека ептен е добра, а и ја слушав како вришти од смеење на некои моменти Точно од каде незнам, али побарај ја просветно дело или пак матица, ако ја немаат прашај кај би можела да ја најдеш
Требаше да се сликаме пред да се замразиме од Блаже Миневски? Насловот ме заинтригира многу ама никаде не можам да најдам мислење за книгата, ниту пак за што поточно се работи.
Гладниот пат oд Бен Окри Што мислите за книгава ? Каков впечаток ви остави ? Вреди ли да се прочита ?
Mein Kampf-Адолф Хитлер дали ја има некој прочитано орприлика да ми кажи што се работи ова 2 светска војна толку сакам да ја изучувам шо ко будала сум на историја лекциите однапред ги учам и 100ги читам и пак ми се интересни P.S. Не сум рацист ,ниту нацист само сакам да видам шо му е поентата на човекот зошто заради него умреме 50 милони луѓе само за 6 години
Вреди ли да продолжам да ја читам Соголена пред тебе? до 90 страна сум, и некако ми е досадна.. Во стилот на 50 нијанси сиво, и ептен се повторува се! и истите фрази ги има употребено оваа... да ја дочитам ли?
Сосем доволна причина да се прочита таа книга :geek: Токму поради тоа што ние не сме ѕверови, неверојатно е што имаме можност да видиме како едно чудовиште во човечка форма размислува. Јас сакам да ја прочитам но досега буквално немам собрано храброст да ја почнам.
Дали некој ја има читано Збогум оружје од Ернесто Хемингвеј? ако ја има некој дали ќе можи во кратки црти да ми кажи шо се збора...другарка ми прашува за книгава,па... однапред ви благодарам
Рингишпил - Јелена Бачиќ ? Мене искрено многу ми се допадна книгата,се задлабочив во нејзината реалност и убавина.Преубава книга.Ајде да видам дали има некој што го дели истото мислење со мене или пак спротивно.
Подметки за соништа од Владислав Бајац? Ми делува интересно, насловот и корицата се прекрасни, ама немам појма за што се работи.
Пак јас.. Next од Алесандро Барико? Гледам на попуст е на КупиКнига. Се работи за глобализацијата и тоа ме двоуми малце, затоа би сакала да прочитам нечие мислење.
Да, јас ја имам читано Рингишпил и можам да кажам дека е прекрасна книга, премногу емотивна. Но, мислам дека Ана не заслужи таква судбина