Дали некој ја има читано книгата "Засекогаш" од Сузана Тамаро? Одамна веќе ми е на врвот на wish list но не знам каде да ја најдам. Знам дека ја има во Веро но сакам да ја земам од библиотека. А и успат ако некој ја има читано може ли да ми каже импресии? А и воопшто дали ги имате прочитано книгите на оваа писателка? Како што знам има предобар стил на пишување полн со емоции и чувства. Би ми била корисна секоја информација,благодарам.
Дали некој ја прочитал ,,Стравот‘‘ или ,,Се гледаме на врвот‘‘ од Коста Петров? Која е подобра? И Алекс од Пјер Леметр.Оваа книга некако по корицата ме влече, сакам да ја купам па ако некој и неа ја има читено и каже дека е стварно добра да не му ја мислам
Гледам дека никој не ти одговорил за книгава, ако се уште ја немаш прочитано вреди да се прочита. Кај нас ја имаат издадено Магор една од издавачките куќи кој имаат поасален превод. Книгата е малку побавна, таков е стилот на авторката, но прави одлична паралела помеѓу разумот и чуствителноста низ животот на две сестри.
[/quote] Јас ја имам прочитано „Се гледаме на врвот“ вреди да се прочита те тера да размислуваш за твоите постапки и твојот живот.Како од ништо можеш да направиш нешто само ако си упорен . Немој да се разочараш кога ке видиш дека авторот пишува едноставни реченици. сепак идејата и пораката се одлични.
Книгата Римската љубовница ја имам прочитаноо и ме воодушеви ,прекрасна книга На почетокот можно е малку да ти биде досадна но тоа е додека се запознаеш со ликовите и почетокот на дејството сепак вреди да се прочита, ти ја препорачувам
Јас ја имам читано Последната војводка и многу ми се допадна.Интересна е, брзо се чита и јас ти ја препорачувам.
Јас ја читав и искрено не ме воодушеви многу но ако сакаш таква литература читај ја можеби ќе ти се допадне.Според мене серијата е подобра од книгата ти препорачувам да ја погледнеш.
Јас вчера ја довршив `Стравот` и морам да признаам дека е одлична книга. Авторот пишува со многу едноставни реченици но пораката која сака да ја пренесе е многу силна. Ти ја препорачувам да ја прочиташ
Многу убава книга. Во повеќе теми е споменувана, ако не се лажам имаш и посебна тема за неа. Нема да се покаеш ако ја прочиташ, башка тоа што ептен брзо се чита.
Не се уште не успеав да ја пронајдам а мноогу сакам да ја прочитам.. Инаку фала за одговорот ќе продолжам да ја барам
Интересна книга - прочитај ја секако... Ја читав пред повеќе од една година, но сеуште се секавам на содржината - ми остави убав впечаток...
Книги - колку читате и што преферирате? Дали ја има некој прочитано ,,Папата Јована'' ? ваше мислење за книгата ?