Папата Јована ти ја препорачувам да ја читаш!Тоа е чудо од книга,иако никогаш не се знаело дали таа некогаш и постоела,но како е раскажано во книгата со детали те тера да размислиш за неа..Таа живеела некаде 9ти век кога сеуште државите не биле асално уредени,имаше феудализам...тогаш имаше жестоки борби за папската круна,за кој да го наследи тронот на Свети Петар,на престолот во Ватикан...Преку премногу тешкотии и одвај да сокрие дека е женско,таа стигнува да е папа...но,таа претходно се беше заљубила во комадантот на војската-Геролд и крајот на книгата ќе си го дознаеш кога ќе земиш да ја читаш...Се само најдобри коментари и мислења имам за оваа книга од Дона Вулфкок Крос А дали некој ја има читано Браќата Карамазови од Достоевки?
Предобра книга во никој случај нема да погрешиш ако земеш да ја прочиташ. simonna.a Според тоа што го имам прочитано се има случено во текот на историјата да женско да стане папа и од тогаш столиците на папите ги правеле со дупки во средината за да можат да проверат дали е женско или машко Папата Јована, легендарната жена-понтиф која се тврди дека била крунисана под името Јован VIII, се’ уште останува легенда и срам за римокатоличкиот свет. Јована, под името Џон Англикус, се преправала во маж и успеала да стигне до тронот на Ватикан. Речиси 25 месеци, од 855 до 858 година, помеѓу владеењето на Лео IV и Бенедикт III, постои временски период во кој постои празнина. Во ниту еден документ или историска книга во билблиотеките на Ватикан не постои податок за владеење на било кој папа во тој период. Оваа мистерија се обиделе да ја обелоденат многу автори кои пишувале за папата Јована, образована, амбициозна и успешна жена, која живеела претставувајќи се како маж во манастири во Англија, и подоцна во Ватикан. Еден од најраните извори за легендата за Јована е De septem donis Spiritu Sancti (Седумте дарови на Светиот дух), од француско-доминиканскиот писател Стефан од Бурбон кој живеел во 13-ти век. Тој напишал дека Јована била крунисана за папа во 1100 година. Во оваа книга безимениот понтиф кој подоцна станал советник на папата, а потоа папа, објаснето е дека тој, односно таа била бремена во времето кога била крунисана за папа, и се породила за време на инаугурацијата во Латеран, поради што била откриена, избркана од Рим и каменувана до смрт.
Дали некој ја има читано книгата "Белешките на Лајла Грејс"? сите некако ја фалат, се думам дали да си ја земам, а ја има во градската библиотека во ПП?
Не ја имам читано ама не би ти ја препорачала.Нешто што имам чепнато од типкава не ми има запнато за око и без навреда на оние кои ја издигнуваат ќе кажам само еден збор.ОЧАЈНА Е!
Дали некој ја има читано книгата Бунтот на бесените од Б. Травен? Тема на оваа книга е Револуцијата во Мексико од 1910-1920 година. Многу интересна книга во која детално се опишува општеството и реалните маки и страданија на народот пред Револуцијата, причините за почетокот и организирањето на самата Револуцијата од страна на народот на Мексико.
Ја имте ли некој прочитано ПРЕД ДА ЗАСПИЈАМ - СТИВЕН ВОТСОН ако знае некој кај може да ја најдам ќе ве молам пишете
Јас ја читав одамна, и ептен ми се допадна!!! Мислам дека од Матица си ја купив, ама не се сеќавам.. сега не е кај мене, не можам да проверам Ама мислам дека ја сретнав и на интернет, како PDF формат.. ако веќе не можеш да ја најдеш, може и на телефон или на таблет да ја читаш ќе ти се допадне, ептен е интересна
Мене ми се допадна исчезната без трага абе за 4 дена 400 страни отидоа каао ниши да не се се задлабочуваш уживаш само треба да си лјубител на мрачни и криминални книги ...
Мислам дека се Страв од најлошото, Без збогување и Опасно блиску. Прво иде Нешто позајмено, па Нешто сино.