Во одбрана на Џејкоб од Вилијам Лендеј ? Ме испровоцираа овие од сакам книги уште на штантот со една реченица, и сега гледам истата ја има како дел од рецензијата... Не дека Гришам е Шексипир, ама има навистина убав стил на пишување, лесен и едноставен а сепак на ниво. Го има читано и на македонски и на англиски и ми се допаѓаат поголем дел од неговите книги. Оваа ми личи на Повикот, не буквално де ама ме потсеќа на повикот по кратката содржина што ја прочитав. Авторот ми е непознат, а критиките по нет ми се поделени, на едни им е фатастична на други досадна. Не можам да проценам.
Meне ми беше досадна и јас утанав што си ја купив, а баш имав други на ум.Некако дејствието е бавно, ненапнато, нема некоја кој знае каква сторија, туку малку повеќе е посветено на психолошката страна на родителството и дали родителите можат да си го знаат доволно детето за да ги предвидат неговите постапки и какви последици има од тоа....што знам не е трилер каков што јас би сакала да читам.Многу се каам што ја купив, многу.
Hipster, не е лоша книгата, ама не е ни нешто ептен посебно. Kако што рече 1209, бавна е и повеќе се осврнува на психолошката страна на ликовите, него ли што има некое дејство. Aма и не е нешто ептен лоша. Mене ми беше средна. A и Џон Гришам има утнати книги, не е некоја референца.
Јас ја имам прочитано книгава од поодамна и уште се сеќавам на секој дел од неа. Прекрасна, емотивна и кратка книга. Ова е и првата книга на која сум плачела. Ако имаш можност прочитај ја и не се мисли.
Знам дека ви е гајле за ова што ќе го напишам и нема да ме оправда 90% од вас, сепак ќе напишам... Не вреди да се бара мислење за некоја книга, зашто онаа книга што за мене е добра, за некоја од вас нема да биде добра. Она што треба да знаете за една книга која сакате да ја читате е кој жанр е. Ако не сакате авантуристички книги, тогаш треба да знаете дека џабе ќе трошите време на Хари Потер и Хобитот, без разлика што се едни од најпродаваните книги во светот. Не е срамота да кажете дека не ви се допаѓале, напротив, тоа значи дека имате изграден стил и вкус. Исто така, проверете го авторот кој ја напишал доколку прв пат читате од него. На Google има речиси за сите автори на светот. Каков му е стилот, за што пишува, па дури и извадоци од книга може да најдете. На крајот, проверете го преведувачот. Според мене, не вреди да се чита лошо преведена книга. Секако, ОВА Е НАЈВАЖНО. Ако ги сакате 50 нијанси на сиво, Коељо, Девојката со портакали и слични лимонатки и љубовни романчиња, заборавете сè што напишав погоре и продолжете си со муабетот на темава.
^ Па јас мислам дека најдобар излез за ова и различни мислења на темава е она ако јас на пример прашам за некоја книга како ви се допаднала, вие треба да кажете кои типови на книги сакате да читате па потоа критики за книгата. На пример моја критика за рандом книга која не е во мој стил: Не ми се допадна книгата но имаше некои возбудливи делчиња. Не беше мој стил но сепак не се каам за никоја прочитана книга. Повеќе ми одговараат "вакви-такви" книги. Но ако на некој му се допаѓаат книги како оваа им ја препорачувам, мислам дека ќе ви се допадне. Или пак (што според мене не треба да е така), ако не е во нивни стил, нека не коментираат. Иако, мое мислење е дека каков и да е стилот, мислам дека книгата би требало да се анализира на сите можни начини и не би требало да постојат ограничувања како "само оние со таква страст кон тој жанр" да коментираат (знам дека не го рече тоа, само кажувам). Јас би ја критикувала секоја книга што ја имам прочитано затоа што сепак се бара мислење што не мора да влијае на оној кој прашува за книгата.
Дали некој ја читал Divergent? Се токмам одамна да ја почнам, ама со оглед на тоа што е трилогија ќе ми треба време да ја завршам, па не знам дали да си го трошам времето или е уште едно сра*е. Де пишете мислење, па јас после ќе земам да видам кој жанр е, да видам од авторот дали сум прочитала уште нешто, па ќе сумирам дали вреди да ја почнам книгава.
Дали ја има некој читано книгата Жени од Чарлс Буковски и дали знае каде можам да ја најдам? Ви благодарам однапред
Лесна книга, наликува на книгите на Софи Кинсела. Се чита во еден здив. За мене не беше нешто посебно.
Има ли некој што ја чита Априлин Пајк? Започнав со читања на нејзиниот среиал Крилја кој има 4 дела. Книгите се совршени барем за мене... Но, засега ги имам прочитано само првите два дела а другите два никако да ги пронајдам, ве молам помогнете се поврзав со книгите и ќе полудам ако не ги најдам