Дали некој ја има читано „Чувства и разум“ од Џејн Остин? Ја прочитав „Гордост и предрасуди“ и бев фасцинирана од стилот на пишување на Остин и сега сакам да прочитам повеќе дела од неа.
Книги - колку читате и што преферирате? Јас имам желба да ја купам 50 нијанси на сиво ,но ја имам читано Соголена пред тебе од Силвија Деј и многу луѓе ми рекоа дека биле слични.Што мислите вие ,да ја купам?
Јас ја читав и е мноооогу добра! Раскажувањето е многу интересно, има многу хумор, што и се очекува од Хорнби. На моменти гласно се смеев, а потоа си читав таква растажена .. сепак, знаеш за што се работи во книгата. Ти ја препорачувам. Еве ми ги омилените 2 извадоци од книгава. „Тешко е човек пак да се состави од деловите без упатство и без идеја кој дел каде припаѓа.“ „Да ја прашам сегашната глава да го објасни своето размислување би било бесмислено исто колку и избирањето на сопствениот телефонски број од својот телефон: во двата случаи добивате сигнал зафатено.“
Јас ги прочитав трите дела и многу ми се допадна. Вториот дел е малку подосаден, ама затоа првиот и третиот се многу добри. Всушност целата вистина од приказната се дознава во третиот дел. Е сега малку глупо завршува ама тоа е... Инаку од Вероника Рот сигурно не си прочитала ништо, затоа што мислам дека и е прва книга, а како за прва е предобра. А за да смислиш вакво нешто, треба стварно да те бива Јас ја препорачувам
Јас мислам да.. Јас веќе подолго време сакам да ја земам од градската библиотека, но секогаш некој ја зема пред мене. Мојот совет е да ја земеш, не велам дека нема многу други убави книги, но оваа е нешто поинакво, според критиките што ги имам читано
Ја прочитав и јас пред некое време. Првиот дел ми се допадна најмногу, вториот така-така, третиот воопшто, чисто губење на време. Ми стана јасно зошто третиот дел има најслаба оцена на gr и зошто толку е плукан. Греота како уништила таква трилогија. Ти прво прочитај ја книгата, па потоа советувај други дали да ја купат. Вака мислењево не ти држи вода.
Да, според критиките Едно големо НЕ за идејата да ја купиш книгата. Исфорсирана до максимум, нема дејствие, нема заплет, крај уште помалку... Подобро купи си 2-3 викенд романа за тие пари, содржината е малтене таа.
Мислам дека тоа го има направено за да не ја продолжува, затоа сто сите би барале продолжение. Но како и да е, во право си. Можела да смисли и подобар крај.
Јас ја имам читано, не е лоша интересна е и лесна за читање, се чита во еден здив, особено зашто е повеќе како раскажување.
Јас го имам читано целиот серијал кога бев 7-8 одделение, и тогаш ми беа интересни.. Тинејџерски се, лесни за читање, мислам дека имаше доста комични настани.
Убава книга, една од омилените, ти ја препорачувам Интересно дејство и никогаш нема да претпоставиш каков ќе биде крајот. Од мене 10/10
Јас ги имам и Моќта е во вас и Како да го излечите својот живот и оваа.Мислам ги имам купено,на полица Инаку ги имам и прочитано,особено во сеќавање ми остана Како да го излечите својот живот ама и другите две не се лоши.Ти препорачувам да ја прочиташ Живот,нема да зажалиш,ако имаш црни мисли може многу да ти помогне,ептен е позитивна и убаво е напишана.Баш во мрачни периоди книгиве можат многу да помогнат,затоа и се такви-самопомагачки. Јас од кога ги прочитав книгите побарав на Гугл за писателката и има интересни клипчиња,погледни ги ако можеш
Ја има ли некој прочитано ,,Тоа тогаш'' од Андреевски? Ја видов еднаш во библиотека и ми остана во ум.