Во април Теди ќе излезе филмот Ама поради излегувањето на филмот и книгава се прославила Башка што Роберт Патинсон ќе глуми
Епа супер, иако јас прв пат слушам дека има филм, а книгата три пати ја читав ако не заборавиш да ми кажеш кога ќе излезе филмот. Книгата ја обожавам па и филмот ваљда нема да ме разочара.
http://www.youtube.com/watch?v=_6b2XhXkPpg Ѕирни го трејлерот Теди, ветува А филмов на 22ри април треба да излезе.
Искрено мене не ми се допадна многу, некако ми беше монотона, возбудливи се само последните 10 страници.. Сепак, можеш да си ја прочиташ
1957 година. Дафне, убава, грациозна, позната, но во очај по распадот на својот бран, се опседнува со Ребека, главниот лик од нејзиниот најпознат роман, напишан пред дваесетина години. Дафне решава да излезе од сопствената мизерија и почнува страсно да се интересира за Бранвел Бронте, братот на сестрите Бронте, човек кој, всушност, бил чиста спротивност од сестрите - бил голем расипник. Се заплеткува во една книжевна мистерија, каде не може да се распознае што е вистина, а што фикција. Во денешен Лондон, осамена млада жена, тукушто омажена за сопруг многу постар од нејзе, се обидува да ја напише својата докторска дисертација. Нејзиниот сопруг, кој сѐ уште е опседнат со својата одлична, харизматична прва сопруга, често е отсутен, далечен и мистериозен. Поради сето ова, таа се уште не може да ја почувствува огромната и импозантна куќа во Хампстед како свој дом. И наместо да се повлече во удобноста на својата библиотека, таа се опседнува со една книжевна мистерија, стара повеќе од педесет години.....
Кога јас прашав за оваа книга тука, ми кажаа дека била досадна , ама зависи до вкусот ,секој различно Една моја другарка ја чита со која имаме ист вкус за книги , и и се допаѓа а според критиката и на мене ми се допаѓа ,јас ќе ја почнам
Женски ја почнав и не можев да сопрам да ја читам. Многу ми лежи стилот на пишување. Да ја довршам па ќе споделам впечатоци
Чарли и фабриката за чоколади? Ја забележав преска во библиотека, интересна ми се виде ама не ја земав. За филмот знам дека е интересен, па најверојатно и книгата е.
Mииии. Интересна е книгата не дека не. Почетокот е многу интересен, не можев да престанам да ја читам, ама како се доближуваше крајот се понеинтересна ми беше. Јес да одамна ја читав не ги памтам деталите али добар трилер е, како филм е книгата, најфилмска книга која сум ја читала. Америка, код кој неможат да го пробијат, Агенции за безбедност... Малце на моменти забегува раскажувајки Ден Браун, ама е тоа негов стил
Книгава спаѓа во дела што мора да ја прочитаат сите студенти кои студираат англиска книжевност. Му доаѓа нешто како класик(нема поим како да се изразам). Моите другарки ја читаа, прво им беше доста тешко за читање, а второ не беа ни малку водушевени. Сепак твое си е дали сакаш да ја читаш, меѓутоа јас не би ја земала.
Ја има читано некој Ледени месец од Pascal Bruckner, ја имам на српски, 2-3 така ја ја разгледувам ама никако да ја почнам. Ако некој ја читал нека каже впечатоци.
3 години ти стои!! Уфф читај ја преубава книга е, мене многу ми се допадна. Една од моите омилени книги е. Првите страници се навистина досадни, но потоа нема да можеш да ја оставиш. Романтична комедија. Уживај во неа.