"Нему едноставно не си му важна"-Грег Берент и Лиз Тучило? Според насловот ми изгледа интересна,па сакам да знам дали е интересна за читање и колку чини.
Ја читал ли некој книгава ''На бал со кралот''-Розалинд Лејкер ми изгледа интересна па се двоумам дали да ја земам ?
Јас ја имам читано, но книгата не ми се допадна, нема апсолутно никакво дејствие, повеќе е како прирачник.. Ако си од типот што паѓа по книги како Белешките на Лајла Грејс и слични на неа ќе ти се допаде инаку- не Малку доцнам но кога видов Џејн Остин не можев да се воздржам, обавезно да прочиташ се што има напишано женава, се е толку совршено, прекрасно восхитена од секоја книга, ми останаа уште две и едвај чекам да ги најдам и да ги прочитам. Што се однесува до Разум и Чувствителност, прекрасна книга, има една предност пред другите на Џејн - поголема е Обавезно ти ја препорачувам, но не знам дали е преведена на македонски, а и да е преведена тешко ќе ја најдеш. Јас ја купив од Сити мол но на англиски.
Дали некој ја има читано ЛУНА од Роберт Напрта?..Дојдов до информации дека има уште 4 дела од таа книга но неможам да ги најдам..ако ги имате читано само информации ве молам за да видам дали е точно..инаку преубава ми е
Да. Не сум сигурна дека се четири,но и да се сигурно се прекрасни како и оној кој го имам прочитано. Исто како и тебе,и јас не можам да ги најдам. Можеби се сеуште во преведување или нешто слично. И се согласувам. Одлично книгуле.
The shining/Сјаење од Стивен Кинг? Ја меркам веќе некое време, ама не знам дали ќе издржам да ја дочитам, затоа што знам дека е прилично страшна. Сметајте дека јас додека ја читав Кутија во облик на срце седев стуткана во фотелја со сите можни светла уклучени околу мене, а тек па оваа... Ако некој ја читал, би му била благодарна да пише коментар. Ја пребарував на форумов, ама ништо не најдов.
И јас за истата се мислев, сакав да ја купам, ама скапа ми беше. Може да ја ставиме како предлог во клубот, па да си продискутираме за тоа кој повеќе се исплашил.
Ја читал некој "Изгубената роза" од Сердар Оскан? Насловот ме заинтересира, па сега прочитав краток опис за книгава. Ама некако не ми се гледа како нешто посебно. Сега се мислам дали да ја читам таа или да барам некоја подобра. Ваши впечатоци?
Друштво јер ја има некој читано ВО синџирите на неверството и дали само на ул. Македонија има продавница Култура или има и низ Ск други?
Има цела тема посветена на книгава во категорија Книги. Таму може да прочиташ искуства и мислења, кои патем речено, се крајно поларизирани. Изборот е твој.
Книгава е страшна, мораш да ја прочиташ, јас не можев да ја остаавам. Мистерија и трилер е книгава и ми е една од омилените. После оваа прочитај ги и нејзините други два дел, не се поврзани, но ликовите се иститете и плус има нови.
Кога го видов ова за книгава морав да напишам нешто и јас. Според меен оваа книга е една од оние кои мораш да ги прочиташ. Препредобра е... Јас ја прочитав целата триологија и е незаменлива. Главниот лик во книгите ми идол! И се восхитувам.... Неодамна ја прочитав книгата и добра е, има добра содржина. Доколку сакаш да читаш мистерии, ти ја препорачувам да ја прочиташ, не верувам дека ќе те разочара
,,Боженствена комедија'' го претставува само Пеколот или? Пошто ја зедов неа,но претпоставувам дека ми го дале само тој дел или?