Ма знам дека има три дела и кои се Мене ме буни дали книгава ја има заедно со сите три дела или е поединечно секој дел книга?
Ја има ли некој читано Другата страна на полнок-Сидни Шелдон? Ме интересира дали Другата страна на нокта е продолжение на оваа првата или станува збор за иста книга,зашто на интернет најдов два наслови?
Комедија е, ни' беше лектира во средно. Вреди да се прочита, ќе препознаеш многу моменти кои и ден денес се сретнуваат во општеството кај нас.
Дали некој ја има читано лектирата Современа македонска поезија, ако да или ако можам некако да ја најдам на гоогле нека прати некој линк, ми треба прва средна сум? Или ако не ми требаат само 3 песни од неа?
Дали ја имате читано Помеѓу од Ирена Јорданова? Пред некој ден случајно ја најдов по дома,па се прашувам дали е добра.
Дечки ја има ли некој читано Бадем - од Неџма. Книгата пред некоја година излезе во неа се опишувал интимниот животот на муслиманските жени во земјите од истокот. Многу мерак и имав на книгата и не знам зошто уште ја немам купено. Мора да ја најдам.
Убава книга мислам дејствието некаде во битолско беше, потоа некако се проширува. Интересно опишана желбата за независна држава.
Балзак воопшто не ми се допаѓа.Неговиот стил на пишување не е баш нешто најнај...според мене.Но ете се решив по втор пат да го читам.Онака гледам професорката ја препорачува,па половина клас ја читна...е баш ме интересира зошто толку ја фалеле книгава.Наслов кажав?Не...Значи вака:дали некој ја има прочитано Чичко Горио?
Јас ја имам прочитано за обработка ни беше, книгата има интересна содржина иако Балзак на моменти е досаден за читање на крајот нема да се покаеш
Таа лектира е во средно,или прва или втора година.Балзак има таков описен стил,се задржува на детали за да го доближи читателот до својата приказна. Книгата ти препорачувам да ја прочиташ,носи голема поука,само ќе ти биде малку досадна ако не си фан на големи описни делови,стриктно за книгава на почетокот го опишува пансионот каде што живее главниот лик дури 30 страници.
Епа ајде да ја земам.Професорката почна да ја најавува во обработките што ни се за трета година... благодарам за мислењата
Земај читај сместа!Зборовите ќе ти бидат вишок кога станува збор за некој од типот на Гијом Мисо и Николас Спаркс...книгата
Книгата доби голема реклама поради тоа што авторката или авторот е анонимен се претпоставува дека е муслиманска жена но некаде прочитав дека може да биде и француски новинар кој со намера така ја има претставено авторката за да привлече внимание. Книгата е една од подобрите во тој жанр. Точно дека ја претставува жената и колку таа може да ризикува поради нејзиното задоволдтво. А според мене и да се изгуби кога тргнува по страстите и против општеството. Се чита во еден здив