Јас лично никому не би ја препорачала таа книга, знам дека е доста продавана и има многу обожаватели, читам најчесто класици оти имаат уметничка вредност, ваков тип на книги не читам и ми се чиста измислица. Секако ова е мое мислење
Јас пак спротивно од горе напишаното, најтопло би ти ја препорачала книгава, и би напоменала дека не е суштината само во читањето
Можеби малку глупаво од моја страна, но досега не сум читала книги, освен тие во школо.. Па сакам да почнам да читам некои, па ме интересира од каде ги набавувате, ги купувате или??
Која ти душа сака ја имаш да си ја спуштиш во пдф, на англиски или српски. Јас си купувам во книжара,на саем, на тезги, знаат декасум љубител и ми подаруваат, се позајмувам со блиски. Можеш и од библиотека да изнајмуваш...
Јас сум од Охрид, таму бев и зачленета, ме толерираа и по еден месец, а мислам дека регуларно треба да ја вратиш за 10дена или две недели така нешто, чланарина беше 300денари годишно ништо страшно и да го прекорачиш тој период не би требало
Јас ја имам дома , како што веќе напиша @♡BuBaLe♡ книгите не служат за да бидат прочитани само туку така да ти помине времето , доколку е така подобро да читаме весници Книгата е предобра. Исто така би ти ја предложила и Моќта на сегашниот миг , Тајните писма и Најголемиот трговец на светот
Aбе луѓе кој од вас беше на саем? И вие што бевте дали случајно ги најдовте книгите Рингишпи и Жива Меѓу Мртвите и ако сте ги нашле каде? фала ви однапред *јас бев преку школо цела хала1 ја пребарав и не ги најдов