Ја читавме во клубот, ама нема да те пратам во таа тема зашто ќе прочиташ многу спојлери И многу критики Мене на почетокот ми делуваше дека ќе биде интересна, ама како што навлегував во приказната, така сфаќав колку многу нелогичности има, колку бесмислено течат настаните и колку недоволно изградени се ликовите. Јас не ти ја препорачувам, а ни другите читателки од клубот според коментарите за книгава
Мајка ми ја довлечка дома пред некое време. Си ја читаше за луфтирање мозок. Типична чик-лит книгичка.
„Бездомникот со златен часовник“ и „Ловци на светулки“, има некој читано барем една од книгиве од Верче Каранфилоска ака Вера Калин? Знам била прогласена за најчитан автор за 2016, ама и Лајла ја имаат прогласено претходно, па... Ама девојкава ја следам на фб и не ми изгледа ич лигава, вака ми личи дека вреди како писател, плус и тоа малку што читнав за романиве ветува. Ај некој ако читал да ми потврди
Директно јас, не. По оноа што го чув од други, не е е нешто посебно, стилот и` бил репетитивен, но и дека имала ако ништо друго добра сторија која те влече. Ја имам дома, уште не сум ја почнал, баш поради сличниов став - „страв“ да не се разочарам комплетно. Макар што, по оноа што го имам видено по социјалниве мрежи иако е писателка во зачеток, нуди голем простор за деривација на уште подобро. Башка се дружи со Петар Андоновски и Фросе.
Ја читав „Царица“ пред некоја година... Возбудлива приказна за единствената кинеска царица. Ми се допадна, сеуште ја паметам сорджината
Можеби прашањево не е соодветно за темава ама сепак ќе го поставам. Си ги завршив сите книги што ги купив од саем па сега сакам да читам уште некоја, ама некоја психолошка книга. Книга која би имала некакви совети од кои во иднина би имала корист, поточно книга со порака. Па која би ми ја препорачале?
Ја прочитав Последната пролет во Париз од Јелена Б. Алимпиќ во еден здив и ќе речам дека книгата ме маѓепса! Дали некој ја има прочитано Рингишпил? Исто е волку возбудлива и те тера да ја читеш цело време?
Каде може да ја најдам А simple favor од Дарси бел? Англиски или македонски, не ми прави разлика само сакам да ја читам Снимен е филм со Ана Кендик и Блејк Лајвли и изгледа интересен Не сум многу запознаена со онлајн читање на книги,башка ми е страв Еднаш закачив вирус на компјутер и сум скептична Ако некоја ми најде ПДФ би била пресреќна
Мене Рингишпил ми беше...малтене како шпанска серија. Убава приказна, океј замисла, ама беше ту мач драма и не ми се допадна. Најверојатно сум единствена која не плачела на книгава, ич не ме погоди и сè ми беше преувеличено. Ако сакаш љубовни романи во стилот на Мир-Јам, ќе ти се допадне.
Мишелке зошто таков впечаток ти оставила книгата? Јас колку што се сеќавам многу ми се допадна иако одамна ја имам прочитано и да кажам не се многу сеќавам што се раскажуваше во неа.
Воопшто не ми се допаѓа Алимпиќ. Ако кажам зошто не ми се допадна книгава, ќе треба ептен да откривам спојлери. Spoiler Нема лик што не умре. Што е многу, многу е. Како да сака читателот да падне на штос со нешто емотивно и тоа е во ред, но го прави на сосема одбивен начин. Не ми се допаѓа воопшто, не би читала повеќе книги од неа. Затоа и не ми се допадна „Ангелско дрво“ од Лусинда, ту мач драма и ептен ме потсети на приказниве на Јелена. Стилот на пишување просечен, приказните тенки и провидни. Премногу драматизирање и премногу исфорсирани настани само за да предизвика некаква „емоција“. Кај мене нека извини, ова не и' упали. Ја прочтав и „Писмата на госпоѓа Вилма“ од неа и го имам потполно истото мислење како за „Рингишпил.“ Едни исти фрази се провлекуваат низ целата книга и текот на настаните можеш да го предвидиш уште на самиот почеток. П.С. Од Српските авторки ептен ја сакам Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ. Ја препорачувам книгата „Твој сум“. Предобро нешто. Јас ја читав на Српски, не знам дали ја има преведено на наш јазик.