Дали некој ги има читано : Самрак, Млада месечина, Помрачување, Зазорување од Стефанија Мајер ?? Јас моментално ја читам Смрак многу ми се допаѓа, само некако преводот е катастрофа. Ме интересита другите три дела дали се добри???
Првиот и последниот дел најмногу ми се допаднаа, вториот не беше лош, ама третиот многу некако го тупеше, едвај го дочитав. Два дела на српски читав, а нашиот превод, нормално, не е како што треба. Ама во целина ми се свиѓаше приказната
Затоа, секогаш викам да не се купуваат македонски изданија и пробувам да купувам изданија на српски или англиски. Сите делови од Стефани Мајер ги купив на англиски + првиот на српски, онака да ги имам. Кога излегоа на македонски се запрепастив од тоа колку е изгубено од смислата на приказната и колку штури зборови имаат употребувано. Разочарувачки! Што се однесува до деловите мене ми се допаднаа најмногу првиот и последниот. Исто како Виножитка, третиот ми беше малку подосаден.
Колиба, и Последниот Ангел. Првава ја почнав ама ... што знам многу некако ме измачува ... а вторава ја почнав и не гледам некоја сврха во истата .... па сакам да слушнам мислења ...дали вреди да ги дочитувам ???
Уф Теди, Колиба е страшно досадна, некреативна, сосем обична книга Другарка ми ја купи поради толкавиот светски рејтинг, и беше разочарана, па ми рече Ливинг жити се’ прочитај ја, да не нешто јас не сум во ред Е така се натерав до крај да ја прочитам, инаку ќе ја фрлев негде подалеку, ама ветив. Тешка американска комерцијала, пишувана со цел да се пере мозокот на широките маси и да се направи филм според неа Стари идеи ги зема и ги обработува како топла вода да измислил, и светот паѓа во транс од "новите" сознанија. Пу. Залудно потрошено време. Ама ти дочитај ја, па кажи можда мене ми фали нешто
А што жанр е? Не сум ја сретнала во библиотека, немам идеја каде да ја најдам.. Може на саемот ќе ја има...
Жанр? Од овој новоизмислен за перење мозок, популарна романизирана фантастика, можеби мислел како психологија да ја класифицира, што знам. Не можам ни да одредам. Овде малку појасно е напишано http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... Itemid=113
Виножитке во книгата се работи за еден човек со тешко детство. Ќе му ја киднапираат 6годишната ќеркичка. Убиството е поврзано со една колиба. И по некое време демек ќе добие писмо од Тате - Господ да оди во колибата цел викенд .... И натака цела книга е разговор со Господ. Демек прашања што секојдневно си ги поставуваме. Јас ја немам дочитано, малку ме мачи книгата некако не успевам да навлезам во неа ... Ама ветувам ќе ја дочитам ... Ливинг ме претркала ... Кога ќе ја дочитам ќе споредуваме импресии ... Инаку книгата во Топер на рекорд и Топер во Рамстор е 200 денари.
Хммм и на сакам книги има лоши критики за книгава, ама мене секако ми ја разгоре љупобитноста, иако не сум љубител на вакви книги за просветлување Ама ќе ја прочитам, па ќе дискутираме
Дали некој го има расказот Украдено писмо од Едгард Алан По? Ми треба за пола саат да дознаам нешто, ако некој знае нека напише (ако не е на соодветно место прашањево преместете го).
Феминки во рацеве ми падна Земјата на снегот од Ј.Кавабата. Ако некој ја има прочитано ќе може ли да ми каже за каква книга станува збор? Сакам да слушнам критики од вас пред да почнам да ја читам.
Битер книгата е многу убава. Ја читав во средно и многу убаво се сеќавам дека Јапонија ми стана уште помила и поблиска со книгата. Се работи за човек од Токио (никако не можам да се сетам како се викаше, те молам отвори ја книгата и потсети ме зашто се нервирам), кој и покрај тоа што е женет, се заљубува во Комако, гејша од планинските предели на Јапонија. Истовремено е опседнат и со Јоко. Многу интересен лик е, човек што не знае кој е, што е и што сака. Снеговите, цутовите, мирисите, природата, се’ е прекрасно опишано во книгата. Класика е која вреди да се прочита и сигурна сум дека нема да зажалиш
Супер, уште веднаш почнувам да ја читам. На првата страница мислам дека го најдов главниот лик се вика Шимамура. Одлично, книгата ми е во раце. Не е голема ќе ја дегустирам во неколку залаци. Се надевам дека ќе останам со позитивни импресии од истата. Мора да останам со позитивни импресии чим ти така велиш.