Книга за самопомош од основач на култ (скиентологија)? Не сум ја читала, но знам дека за ова се работи и затоа не би ни планирала да ја читам. Не да не мора, него ич нека не си троши пари и време на таков булшит, ни членов, ни било кој друг.
Дијанетиката е посебен дел од учењето на Скиентологијата во форма * Наука за Умот. Тие кои не ги разбираат нештата по инерција ги кењаат. Не биди дел од тие.
Јас ја имам прочитано. Стилот - класичен Бегбеде, директен, отворен, напати перверзен, ироничен, но никогаш здодевен. Не е за секого, но лично мене ми се допаѓа. Ако имаш можност, разлистај ја книгата пред да ја купиш/читаш и ќе видиш за што зборувам, може веднаш да „паднеш“ на неговиот начин на раскажување, а може и да ти биде тапа. Кратка содржина можеби и си прочитала, главниот лик, кој е богат, згоден, но разведен, има теорија дека љубовта трае само три години. Почнува депресивно, но со времето и случувањата станува подобро, за на крај да ни открие дали љубовта навистина има рок на траење. Книгата (како и повеќето на Бегбеде) е инспирирана од неговиот приватен живот, а според неа има и филм.
Според пишаново интересно звучи, не сум го читала до сега авторот ова ќе ми биде прва негова книга. Одма сега си ја порачувам, па за ден два ќе ја почнам. Ти благодарам на одговорот.
Во моментов ја читам, приказната е ок ама стилот на пишување и ликовиве, леле... според мои критериуми - ужас. На ниво на 13 годишно дете.
Мене не ми оставија некој впечаток, искрена да бидам. Особено вториов дел, не знам зошто воопшто бил напишан, ми немаше поента навистина. Ако веќе морам да бирам, првата книга повеќе ми се допадна за разлика од втората. Oд Али Мартинез, поубава ми е The Regret дуологијата. Првиот дел мислам дека го издадоа деновиве, сигурно го спремаат и вториот. Тие ептен ми беа убави двете.
Имам прочитано 2, Се гледаме на врвот и Никој не рече дека ќе биде лесно. Просечни ми се, ги имам оценето двете со 4/5. Бил најчитан автор во 2017 и најпродаван во 2019 во ТРИ, но имам и негативни критики читано за него. Во секој случај, книгите му се мали, лесни, брзо се читаат, можеш да земеш една и да процениш дали ти одговара, нема да згрешиш.
Дали ја видовте новата акција од утре на Матица? 10 книги со 65% од околу 50 предложени. Што да се порача? http://matica.com.mk/c/34/promocii?priceFrom=200&priceTo=1800&sort=created_at&page=2&limit=24&attr=
Нишка е убава, ако сакаш историски драми. Таа од Емили Гифин не е лоша, лесна женска драмичка. Тајната на облаците е многу убава, а другиве што знам, некако не ми фаќаат око.