@Mishela фала ти, ги ставив и нив во кошничка. Нема многу избор ама се собраа 10 книги за 900 денари. Ги ставив и тие од Линдвуд Баркли, Септемвриски светлини од Зафон (читана ми е одамна), Замка и уште неколку.
Ќе се соберат од тука од таму, солиден ептен попустов само штета што не ставиле од поновите книги. Сега ја гледам и Дванаесетте соби на Нил, таа не беше лоша, драма-мистерија. Ако ти фаќа око. Од Баркли солидни се и двете што ги ставиле во понудата, а види дали ќе ти фати око и таа од Сузана Тамаро. Оваа книга од неа не ми е читана, ама сум читала други и многу необично пишува, немам сретнато друг ваков автор. Обично пишува драми, не знам како да ја опишам, ама солидна е.
Дали ја имате читано Тристан умира од Антонио Табуки? Ја почнав, едвај издржав да прочитам неколку страни, некако ништо не разбирам. Ме интересира дали понатака станува поразбилива, да знам дали пак воопшто да трошам време на неа или да си продолжам со други?
Дали ја имате читано "Се гледаме на врвот" од Коста Петров? Но осмото издание? Уште ја немам почнато, ме интересира каква е.
Интересна е. Осликани се застарените сфаќања особено во руралните местенца во Турција. Да не ти откривам многу, би ти ја препорачала ако читаш такви книги.
Двојничка е одлична, Шепкачот не ми се долку допаѓа ко за трилер. Ако бараш трилер Тес Геритсен е една од најдобрите.