Дали само мене не ми се допадна Јапонскиот љубовник? Толку фалена на сила ја читам, во мегувреме прочитав уште 3 други, од оваа прочитам некоја страна и никако да ја дочитам, а уште 150 страни имам. Многу мразам да оставам книга недочитана
"Мило мое дете" - Роми Хаусман, дали некој ја има прочитано? Би сакала ако може да продискутираме за некои делови што не ми се јасни откако ја прочитав книгава...
Сакав да прашам дали може да се прочита сјаење(продолжението),сама без притоа да се прочита Доктор Сон од Стивен Кинг?Бидејќи се во два дела...Нема да е проблем,или ќе треба да ја прочитам првата книга пред тоа? *ако сметате дека треба да се стави мислењето во соодветна тема,слободно преместете..не знаев кај можам да прашам,овде ми се виде нај ок..
Патот на душите ми е книга водилка, сѐ што не ми било јасно зошто и како е вака во животот ми објаснила.
Дали некој ја има прочитано книгата внимавај кој волк го храниш да ми даде искрено ревју, за поклон ми е
Дали ги има некој читано подолу споменатите книги? Да пушти пофално зборче/критика, можеби? "Никогаш не прифаќај компромис" - Крис Вос "Парите или животот" - Вики Робин и Џо Домингез "Четиричасовна работна недела" - Тимоти Ферис "13 работи што психички силните луѓе не ги прават" - Ејми Морин "Интерперсонални комуникациски вештини" - Станислав Петковски, Бети Андоновиќ
Девојката со свеќа од Фицек дали некој ја има читано, викаат многу морничава биладали е инспирирана од вистински настан?