Прекрасна книга на Џибран, ја имам читано пред 1 година колку што ми траат сеќавањата се зборуваше за Салма која има неуспешен брак-сето тоа е поради нејзиното патријахално општество, а исто така има и љубовник дечкото што го запознава пред бракот. интерсна љубовна книга, напишана во мали кратки раскази
Случај Патоказ - Ијан Пирс Се мислам наредна неа да ја почнам да ја читам, па ми треба мислење дали вреди да се прочита (оти бааги е голема). Spoiler без детали молам
Епа ја прочитав Земјата на снегот. ЛивингГлам имаше право, книгата има интересна тематика. Очекував поинаков крај, но што е тука е не сум писателот јас туку Кавабата. Карактерот на Шимамура е тешко сфатлив. Во неколку наврати се запрашав зарем е можно човек да љуби неколку жени истовремено?! Со неверојатно убави зборови се опишани Јоко и Комако. Природата и снежната убавина на земјата на снегот исто така. Си создадов своја неверојатно убава слика за сите ликови и местото каде се одвива дејствието. Чувствата на Комако, кои не така лесно ги откриваше направија неколку пати да воздивнам. Имаше право кога ми кажа дека со читањето на книгата Јапонија ти станала уште помила и поблиска. Воопшто не се каам што почнав да ја читам оваа книга. Човек може доста да научи за нивната традиција и култура низ оваа книга!
Дали некој ја читал Игра на гладните? Јас дури сега ја видов статијата на сакам книги, да ја видев порано ќе ја купев... Еве дел од статијата.
Дали ја има некој читано Вештицата од Портобело од Пауло Коелјо? Ме интересираат вашите мислења пред да почнам да ја читам. Да напоменам не сум љубител на научна фантастика , па се што е нереално не ми се допаѓа. Дали книгава има таква содржина? Поради насловот сум скептик, а Пауло Коелјо има напишано книги кои ми оставиле добар впечаток.
Еве нешто накратко за книгата: Во Вештицата од Портобело Пауло Коелјо нѝ нуди фасцинантна приказна, полна со интриги, преку која читателот открива една долга традиција базирана врз женската моќ и љубовта. „Кој еднаш се напил од изворот на Љубовта веќе не може својата жед да ја згасне на други извори.“ Атена е жена со природна дарба. Таа е посвоено дете на Либанка и успешен деловен човек од Бејрут. Со своето семејство се преселува во Лондон, кратко по избувнувањето на војната во нејзината земја. На факултет го запознава човекот кој ќе стане татко на нејзиното дете, но бракот бргу се растура. Доживувајќи да биде мајка, Атена не може да престане да размислува за жената што ја донела на овој свет, и за да може да сфати зошто ја напуштила, одлучува да замине на пат во Романија во потрага по нејзината биолошка мајка. Но патувањето не секогаш не носи до местото каде што сме тргнале, и тоа што Атена ќе го открие на ова патување, засекогаш ќе го измени нејзиниот живот и животот на тие околу неа.
Касно видов.. знам дека е од македонска писателка, и мислам дека се викаше Ленка ама ич не ми текнува.
Клуч е книга во три дела. Прекрасна е, јас уште го памтам првиот дел, иако ја читав негде во 4то или 5то. За жал вториот и третиот дел не ги најдов никогаш, ги земал некој од библ и не ги вратил. Поради некои такви несовесни ми остана недочитана. А Дупка во мозокот да ја читаш, реална и сурова книга.
Дали некој ја има прочитано книгата "Вероника реши да умре" од Паоло Коељо ? Би сакала да ми кажете ваше мислење за книгата, планирам да ја купам..
јас ја имам читано многу оддамна и знам само дека бев воодушевена. Така да треба да си ја прочиташ мислам дека нема да згрешиш