Јас ја имам читано одамна добра книгичка како и повеќето на ДИТАС Spoiler се зборува за дечко и девојка одат заедно на одмор и дечкото (мислам дека се викаше Александар ама не сум сигурна ) ја силува девојката -Вера и таа останува бремена тогаш тие се разделуваат и Вера оди да живее со брачен пар пензионери и раѓа близнаци и толку повеќе не ја раскажувам Книга што многу бргу се чита
Ме замисли малку... ја имам читано и Дупка во мозокот и Крив патец од Дитас, ама многу, многу одамна. Не се сеќавам точно на деталите, ама речиси сум сигурна дека не се работи за ова ти што викаш. Spoiler Колку што ме држи сеќавањето, се работи за брат и сестра, кои ќе се навлечат на дрога и се редат проблеми... Извини ме ако грешам
Не јас како што се сеќавам беше вака Spoiler Како што спомнав горе да не се повторувам. Вера раѓа близнаци и ќе ги крсти по имињата на пензионерите кај кои што живеаат. Оној што ја силува мислам дека се викаше Александар ајде ќе го викам така нема никаков контакт со Вера. Тој си се преженува и си има ќерка. Децата на Вера растат во прекрасни мажи. Се сеќавам како одат на одмор и мислам дека и имаат секс со иста женска. Дупка во мозокот се вика бидејки секогаш кога на близнаците ќе и се случи нешто лошо или се во невојлја Вера тоа го чувствува и добива удар ( тоа се случува три пати) Тие се запознаваат со ќетката на Александар и имаат секс (т.е. со нивната сестра) На крај се сеќавам дека сите умираат и Вера и близнаците и Александар Ај нека ме исправи некој ако грешам ама мислам дека е оваа Во право сум еве : http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... 1&Itemid=6
љубовница е мнооогу досадна книга со интригирачки наслов,не ја препорачувам,ја имам прочитано и ич не ми е убава
Чита ли некоја феминка српски книги? Сакам да ја прочитам Цитадела од Кронин Знам дека ќе ми одземе доста време бидејќи не е на мојот мајчин јазик, па сакам да знам дали вреди?
се работи за 4 играчи на карти и Поаро.Мене не ми се допадна начинот на кој е објаснето убиството и оти има малку ликови
Одвој си неколку часа од денот наменети само за читање на книгава, зошто нема да ја испуштиш од раце верувај! Мене ми ја позајми една колешка и и ја вратив уште следниот ден. Она ме гледа и ми вика: Не ти се допадна? Море и викам беља ми направи со книгава, не можев да седнам да учам
^Јас ја имам читано, ја купив бидејќи нели демек ептен добра книгава. Ама мене воопшто не ми се допадна, дејството е без динамика, развлечено, приказната е многу спора и на крај останав со чувството на залудно изгубено време.