Јас цело време тоа го зборувам. За да се префрлаат редовно мислењата од една во друга тема, да нема дупли теми и слично, треба повеќе модератори. Е сега тоа што одредени членки се фатија за еден мој збор и ја измешаа скроз работата, тоа е друго.
Точно, најдобро би било дискусиите да си се водат во соодветни теми. Не го негирам тоа. Да не го заборавиме спонтаното наметнување и надоврзување на истите, а и потребата од некаква флексибилност. Сепак наместо сите да глумиме модератори, или обидите за истото од страна лица кои не ја поседуваат потребната префинетост и смиреност во постовите да допринесе до понатамошни конфликтни ситуации , се надеваме наскоро ќе добиеме тим неутрални модератори.
А, извини не те разбрав. Инаку,да, на ист начин функционира и 40ка темата и има доста интересни теми кои се отараат секојдневно некогаш муабетите се стварно досадни и типично чатање, дури и мене лично ми здосадува некогаш, кога продолжува муабетот иако и јас сум инволвирана. Инаку,има интересни искуства,коментари споделено низ 40ка за секакви теми, буквално секакви. Од патување до готварски, до работа и бизнис, до соништа кој какви има,до психолошки проблеми, проблеми во врски, ама баш секакви. Од сé се наоѓа по нешто. Па, точно, тие што не ја читаат, а бараат нешто конкретно во соодветната тема, нема да знаат што е дискутирано. Но за тоа си треба модератори, како што и спомна Реин. Тешко е во таква тема да не падне некој муабет и да се развие дискусија,страници и страници пак, одма некому да му текне,еј не е тоа за тука, дај да се префрлиме не знам каде, во соодветна тема. Дел од членовите само таму се вклучуваат и во одредено време од денот оти само тогаш и се слободни и да, само таа тема и ја отвараат пример и дискусијата ќе ја продолжат оти, секој гледа да каже нешто за темата Јас не мислам дека е проблем за човек во денешно време да пронајде било што. Доволно е гугл да користи или с'рчот на феминава кој, очигледно не многумина го користат и.. ќе му се излиста меѓудругото и 40ка со конкретни мислења на темата. Не мислам дека мислењата се губат ако се таму. Веројатно си приметила по дуплите теми кои се отвараат при постоечки дека луѓето имаат проблеми со користење на бенефитите за полесно наоѓање...дури, полесно им е да отворат кај нас во 40ка и таму да прашаат и иди па игнорирај Луѓе сме. некогаш и сеир фаќаме,некогаш од загриженост ќе искоментираш. Само политика можеме колку толку да се ограничиме да не ја водиме таму
Темата +-40 ваква Темата-+40 онаква Т емата дрн дрн дрн .... а сите висат на неа како некои манијаци и од страна читаат што значи заклучок........
Сакав да се воздржам од коментирање за општиот хаос што настана поради мислења на некои членови ама ова сум јас па ќе си кажам што мислам,да не останам покусо од другите. Прво никој нема право да става забрани или билокакви ограничувања кој, каде, што да коментира освен ако не е навредлив постот или вулгарен. Второ тоа што не ви се допаѓа, таму каде што не се пронаоѓате како јас на пример во теми трудници, мајчински муабети, религија и сл. теми не читајте. Конструктивна дискусија нема ни во Собрание не па на форумов, олабавете малку. Не сум сретнала ниту јас посебно кога се изјаснуваат некои со став колку да се рече нешто, без да го поткрепат тоа што го зборат со примери, искуство од реален живот за да држи вода тоа што се збори и да има некаков квалитет постот. ( Ова се однесува на теми за совети, општи теми за изјаснување на ставови, се нешто навредени членови се јавуваат) Ние што не сме дотолку слободни во духот и до умот не нарекуваа заостанати и што ти не па ги игнориравме коментарите од причина што не сме навредени и не се чувствувавме како такви. Форумов за мене е личен дневник и во него си типкам се, почнувајќи од тоа кога сум нервозна тоа кога сум супер и многу сакам да се зезам како на своја така и на туѓа сметка, едноставно таква сум. Катчињата треба да бидат забавни, со смеа, зезање, на пример мене ми се допаѓа духот на @baba Rada @Peco ми се допаѓа мрчењето на тетка @Bridget. Од повозрасни членови ако некој е мудар може да научи нешто ново, било рецепт, да се добие некој совет, најчесто искрен и објективен затоа што другата страна нема интерес да ве лаже и непотребно да ви соли памет. Друго не има и нас немажени и помлади во темата +-40 затоа што таму сме се вклопиле некако, ни е интересно, кога ќе видам муабети за сопрузи и деца си молчам, ниту се впуштам во дискусија. Сум рекла и пак ќе речам во ФМЌ има интересни ликови кои ги читам меѓу нив има и дечиња кои пишуваат и го започнуваат постот со само што ја напишав домашната задача и не сум реагирала од причина што не ми е битна нивната возраст ниту се замарам , форум е кој каде што сака нека пишува. Ако реагираме на тоа дека пишуваат членови од оваа или онаа возраст во несоодветни теми тогаш ќе треба да ставите и ограничување на тема секс нека биде за членови 18+. Заклучок треба да има повеќе дружби и опуштеност на форум, кое е релаксаторно витуелно катче, наместо да се мрчи за се и сешто. Во реалноста преку Стојко ми е од тоа на кого каде му е местото и зошто му е или не, па не би сакала и тука такви коментари. На крајот има опција игнор кого не сакате да читате, игнорирате и готово ни го читате ни ве читаат.
@fallenangel Во ништо од постот не се согласувам со тебе. Може има и мали дечки во ФМЌ ама има и добра група на повозрасни луѓе со прекрасни постови, милина за читање. И како што тебе не ти се допаѓаат постови „напишав домашна“ од помалите во ФМЌ, така им изгледа и на женските од +/- 40 кога ти ќе напишеш пост таму. Или јас.
Читај поубаво писмена си, реков дека ги читам дечките од ФМЌ ако не ми се допаѓале нема што да читам, ако си забележала пишувам и јас понекогаш таму. Оф бре дете не реков дека не ми се допаѓаат, туку дека има и такви постови а јас на никој не сум се обратила со пост од типот вас не ви е местото тука оти сте малечки деца или дека на темата пишуваат строго 20 годишни девојки и сл, не ги извртувај зборовите. Баш од ваквите како тебе и други се нешто навредени или што се трудат да бламираат некого многу членови нема со квалитетни мислења. Мене светот не ми зависи од форумов девојче ако ти или било кој не се разбира од зезање, хумор негов проблем. Нивни проблем и твој како звучат моите мислења, ако нешто сметам нека ме банираат од цел форум ако треба гајле ми е. Тебе на пример прват те перцепирам сега и не ми е јасно што читаш мои мислења ако не ти се допаѓаат кои патем не ти се наменети тебе? И од каде знаеш ти како ги перцепираат моите мислења повозрасните?
@fallenangel Со ништо не се согласувам ни јас во тие два долги поста од тебе, ама апсолутно со ништо. Јас ниту една членка не сум приметила во младинско ќоше да пишува само за домашни. Патем, тие девојчиња што пред 2-3 години пречеа по темите со тинејџерски работи сеа израснаа во девојки многу поинтелигентни и поспособни за дискусија од некои на возраст од 25+. Јust saying Е заради вакво ниво на дискусија стагнира форумот...
@fallenangel Нити сум навредена од нешто, ниту пак се обидов да те бламирам, а најмалку да се расправам со тебе. Не знам што се навреди ти толку, па ми скокаш тука. И извини, не знаев дека се зезаш со претходниот пост, мене не ми изгледаше хумористичен. Едит: Па и пост во СДК ми посвети, баш ми ласкаш .
Добро, ако ФМЌ и +/- 40 не се теми за секојдневен лаф муабет, кој не е вреден за во СДК, или пак прегледен чат за добра забава и лабаво поминување на време ( како што јас сум разбрала дека се темиве ), и во нив може да се разглабува БИЛО која тема, тогаш избришете ги сите теми, и тие нека си стојат само тие- младо и старо да бидеме. Но тоа е глупо, исти како што е глупо да се избришат и тие две теми...Треба само да си пазиме ние членовите на редот, а ако некој си тера по свое, тек тогаш модераторот да реагира... И нема што јас да пишувам што сакам во било која тема, па модераторот после да ми ги преместува мислењата... Си има правила и ред на форумов...Ако не се почитуваат, казна...
Не реков сите алоо читаш ли ти навредена, некои членови пишав и не реков дека ми пречи или сум ги критикувала, што ме нападнавте па се препукувате со мене што ви смета изјаснете се пријавете кај реин и нека ме банира, нели дотолку ви пречам. Реков некои членови, познати ми се квалитетните членови од ФМЌ, еве за твој атер ќе ги означам @kjukli @ane-goki, @sofijanoka @Eliimkd @Kikimaus нив ги читам редовно. Како прво ниту сум ти посветиле пост во темата СДК не знам зошто се филмаш дека си некој битен фактор кога не си, си се изјаснив повторно идеме до заклучок дека на форум човек не може да се изјасни од вакви како тебе? Што ти е посветено на тебе бе девојче до пред 15 минути не знаев дека постоиш ниту те знам во реален светшто си ласкаш, си правиш филмови, умоболна една ќе си земам за право и да те навредам, пошто се гледа дека си недозреано детиште. Зезање, хумор и шега се однесува на сите досега мои пишани постови дури и во темата 40+- се шегувам дури и на моја сметка, затоа што сакам да ги насмеам другите околу себе, а не да ги плукам или да им контрирам без причина, олабави малку што си толку фрустрирана од мене не ми е јасно, лично да не ме познаваш?
А-ХА Знaчи бoли кoгa темa зa чијa мoбилнoст и квaлитет и сaмa придoнесувaш ќе јa нaвредaт кaкo вo случaјoт. А зa темaтa нa бaбите oк е дa се рече декa глупoсти се пишувaaт штo пoвлекувa декa и ние трo глупички сме, тaкa? Oбџекшн!
Каде нè виде мене или @YoungandBeautiful дека сме навредени? Рековме дека не се согласуваме со тебе. Форум е ова девојко, со различни ставови, не е само твој дневник во кој можеш твое мислење да пишеш и да не смее никој да ти го чепне. Не знам колку години имаш, мислам дека си неколку години постара од мене, па преиспитај се на што ти личат постовите и драмите во секоја тема дека ќе си одиш од форумот. За навредите кон Јанг не знам што да ти кажам, засрами се. А се срамам и јас што сум имала и за тебе позитивно мислење, како и за дотичната што навредуваше вчера. @Bridget претпоставувам дека со иронија во твој стил е пишано ова (и се надевам)?
@Someonespecial дотичната вчера само ви ја плесна вистината на сите а вие се навредивте. Е вистината боли
Која вистина жити мене? Лајковите? Следењето? Тоа не да не и беше некој wow аргумент. Ко јас сега да пишев не ми се допаѓаат хомофобите на форумов, не ми се допаѓаат терористите. Темава се вика што не ви се допаѓа на форумов, а не кои членови не ви се допаѓаат.
Точно но членовите се тие што го прават форумот таков каков што е. Ај види погоре малку дали се расправате за форумот или за членовите.
Абе девојче вие се закачивте за мојот пост ја само си изјаснив став и си реков не е во ред да се делат членовите по возраст за да можат да пишуваат на одредена тема и баш како пример не случајно ја наведов категорија секс каде што пишуваат и помали девојчиња, што не значи дека треба да им се забрани само затоа што се малолетни. Ако одиме по години да категоризираме каде смее а не смее да се пишува, нема да можат млади мајки да пишуваат на тема мајчинство само затоа што се млади. Како не сфаќаш има млади мајки кои пишуваат во напоредно две теми и во +_40 и во ФМЌ и што заради годините треба да им се забрани една или друга тема или заради мајчинството. Еве што пишав а вие како ги извртевте моите зборови и ме нападнавте, срам да ви е вас. Кои црни драми, што ме читаш ако не сум ти интересен лик, не ми е воопшто битно твоето мислење за мене, ти не ме познаваш лично и немаш право да ми судиш пошто не си Бог. Друго појма немам кој ја почнал приказната за поделба на возраст и пишување на соодветна тема. Еве што пишав а кај ги извртевте моите зборови, срам да ви е вас. Велиш форум е, не бил мој личен дневник. Не велам дека е мој личен дневник за да не пишува никој друг туку поради тоа што тука споделувам чувства, мисли, секојдневни доживувања и искуства. Не знам кој ви е проблем вас двете, не сфатив како вие се најдовте прозвани во мојот пост кога вие две не пишувате за домашни задачи.Не ме цитирајте повеќе за се друго обратете ми се лп освен секако ако не ви е целта реин да ме банира што од авион се гледа. ЧИТАЈТЕ ПИСМЕНИ СЕ, ПРАВИЛНО ТОЛКУВАЈ, НЕ ГИ ИЗВРТУВАЈ МОИТЕ ЗБОРОВИ! ]Прво никој нема право да става забрани или билокакви ограничувања кој, каде, што да коментира освен ако не е навредлив постот или вулгарен. Второ тоа што не ви се допаѓа, таму каде што не се пронаоѓате како јас на пример во теми трудници, мајчински муабети, религија и сл. теми не читајте. Сум рекла и пак ќе речам во ФМЌ има интересни ликови кои ги читам меѓу нив има и дечиња кои пишуваат и го започнуваат постот со само што ја напишав домашната задача и не сум реагирала од причина што не ми е битна нивната возраст ниту се замарам , форум е кој каде што сака нека пишува. Ако реагираме на тоа дека пишуваат членови од оваа или онаа возраст во несоодветни теми тогаш ќе треба да ставите и ограничување на тема секс нека биде за членови 18+. [/QUOTE]
Јас никаде немам спомнато дека ми сметаат некои членови, тие што не ги сакам си знаат. Немам потреба во секој пост да ги спомнувам. Од првото мислење на Луничка до последново многу баби и жаби се измешаа. А доколку гледаш по лајковите, тоа е дека се сложувам со нивното мислење.