Ај уште нешто да кажам за темата што толку ви боди очи а упорно ја читате, очигледно ви е интересна штом толку внимание и посветивте. Ако добро имате забележано членовите што пишуваат таму, најголемиот дел имаат 1000+ мислења, па и над 2000. Мислењата во кафе муабети и форумски игри не се бројат, што значи доста се ативни и по другите теми, не само во 40ка. Друга работа е што тие се активни уште многу пред да се отвори 40ката, која нема ни 2 години да е отворена, тие се 5+ години на форумов, значи би биле овде и да не е 40ката, само им станала омилено катче. Па некои членови немале години за таму, ПАРДОН, јас како активен учесник таму не знам кој колку години има, ама вие очигледно многу почесто сте таму па знаете и возраст на учесниците. Убаво е кажано во првиот пост дека темата е за секој што може да се вклупи во тој домакински муабет, готвење, домашни и работни обврски, проблеми, патувања, се она то ја засега секоја возрасна и зрела личност. Бев активна и во ќошето еден период, ама едноставно не ми е место таму, како некоја која е во брак, со еден куп домашни и работни обврски да пишувам кај сум го видела симпатијата додека сум одела да си купам нова тетратка за да напишам домашно. Не плукам по никој, таа тема е соодветана за средношколци и студенти, не е за готвачки муабети/ Коа више сум тука да си кажам дека мене ми пречи темата ,, фемина готвач,,. Крајно непрегледна е. Мој предлог е од коа ке ги прикачат натпреварувачите сликите да се отвара нова тема, испод секоа слика да пишува на кого е, после гласање нека се заклучува, нека иде у канта нека се брише... Вака нема никаква прегледност. Гледаш една слика постирано, па вртиш неколку страни со муабет па пак слика...
Во ред младиќи. Разбравме,вие сте квалитетни членови и заслужувате да имате катче, бидејќи нудите прекрасни постови дискусија на нивоу, сите писатели и поети сте збрани, интелегенцијата... и многу си се допаѓате едни на други, во ред... милина ви е да си се читкате, разбрано... а, ние од 40ка како неквалитетни, тро тупавички и неспособни за дискусии, што е проблемот тупавоста да си ја држиме на наше острово?! Крај краева, не ви го загадуваме просторот. Па, замислете да не читате на секаде, побогу. Како сте тргнале со објаснувањата излегува, да... треба ко што вели Џоли, до одредена возраст да се дозволи пишување на форумов, како беше она,разведени и шта ти знам какви...ни-ка-ко. Така некако си ја насочувате аргументацијата и дури и не се чувствувате во која насока терате. Ама ако. Ние сме пристрасни, вие не.
Едните тaкa велaт жaбo, aмa други велaт декa им недoстигaме пo други теми. Декa темите без нaс не се тoa штo биле. Јaс сo мoјaтa oгрaниченa интелигенцијa тaкa рaзбирaм. А прaвo дa си кaжaм и мене ми недoстигa пoнекoгaш интерaкцијa сo некoи членoви oд млaдинaтa. Зaтoa ми текнa Oдвреме нaвреме дa се здружувaме и зaеднички журки дa прaвиме. Ние ќе се уoзбилиме пoвеќе и ќе ги oстaвиме глупoстите зa сo бaбите, a и oни мaлку некa се пoтрудaт дa се спуштaт нa нaше нивo Зa дa се нaјдеме де. Сериoзнa сум, кaжете време и местo
А,бе, не им е лесно на убавите и паметните, светот така е скроен да, увек мораат да си ги спуштат критериумите Иначе, тоа истото.. едни се: елајте, други се: стари сме и мирисаме не треба да се возиме на форумов човек со ваква младина, не мора да се сеќира за својата иднина. Сите у Аушвиц у печките,сапун. Ова ти се некои, Демократски Гестапо генерации, Бриџо
Од старт да кажам- ниту ми смета „+/ -40“, ниту ќе ми фали ако се затвори. Ама не може да се порекнува дека токму поради таа една тема се поремети на полошо динамиката на форумот, па кој сака нека се вреѓа. Едно е катче за општа дружба и лабави муабети ама кога се дискутира на теми кои како такви веќе си постојат (со години), тогаш веќе имаме проблем. Последен пат кога улетав на „+/ - 40“ се дискутираше навелико за шампони против опаѓање на косата. Значи, не општи блабла муабети туку конкретни брендови на шампони, витамини како и народни лекови. Епа извините ама- http://forum.femina.mk/threads/Опаѓање-на-косата.214/ . Темата брои 95 страни, очигледно дека не е воопшто редок проблемот а мислењата и препораките пишани во „+/ - 40“ сега се загубени после стотина (или илјадници) рендом постови. Еве, тука се спомнува дека имало и дискусија за деца со пречки во развој, верувам дека имало квалитетни мислења, можеби на некоја членка ќе и бидат од корист ама како ќе ја најде? Да, некој погоре спомна дека со опцијата барај ќе се најде саканиот резултат, како и со гуглање на проблемот ама нели не е тоа поентата на постоењето на форумот? Зошто тогаш постојат темите? Логично е сите мислења околу ете, опаѓање на косата да се наоѓаат на конкретната тема, а не да се ловат ваму-таму, по куп различни теми. Да не биде дека сум и се закачила само на „+/-40“, апсолутно истото мислење го делам и за младинското ќоше. Знаете на која тематика се одвиваше една од првите дискусии таму? Бел фустан на туѓа свадба. Отворената тема дреме неактивна додека проблематиката се разглаба во катче за општа дружба. Одвреме-навреме на форумов среќавам жалби и туфкања дека повеќе нема квалитетни дускусии. Реалноста е дека има и тоа како солидни дискусии, проблемот е само што не се во темите каде им е место.
Читам што се случува и не ми се верува.Со некои се согласувам со некои не,па ај да си го кажам и моето мислење.Се претерува дури и со вреѓање, карање,препукување едни со други,ама тоа останува на Реин да каже што како ќе биде. Иако јас сметам како и другите дека треба повеќе модератори за да се воведе во ред фемина. Почнаа да се прават еден куп лажни профили,дупли,тролови еден куп. Некако монотоно станува,полека почнаа квалитетни членови да ја напуштаат фемина токму поради тие работи. Што е до темата +-40 јас сметам дека нема зошто да се укине,како што има ФМЌ зошто да не постои и таа тема?Секој има право да си пишува каде што сака,се додека не се излегува од контекстот на темата. Они таму си се дружат си го кажуваат секојдневието и искрено кога ги читам ми го расположуваат денот. Некогаш се пронаоѓам и во +-40,а кога има муабети во ќошето од деца што зборат за школо,пишување домашни со оглед на тоа што сум 26 години одамна тоа не ме интересира.Па само прескокнувам постови со кои немам допирни точки. Се согласувам дека треба оние теми во кои учествуваат повеќе членови да бидат префрлени во соодветната тема за да се доразвие дискусијата таму. Постојано ги читам и двете теми и на тоа највеќе се задржувам на форумов.Некогаш пишувам и во +-40 да ги поздравам затоа што не сакам да се наметнувам,ама има и таму доста квалитетни членки кои со задоволство ги читам Како што и во ќошето има доста квалитетни членки кои ги читам Што е до тоа да се ограничи пристап по години за во некои теми,тоа не може да се направи зошто некој може пишал дека е над 18години ама не е, тоа никој не може да знае. И за крај се согласувам со постот на @Kukla994 и да кажеме што не ни се допаѓа секако тоа нема да се среди Еве на мене не ми се допаѓа ова: 1.Акаунтот не може да се деактивира 2.Се отвораат теми без претходно да се провери дали ја има темата(еден куп дупли теми кои не е можно да се постигне да се избришат сите) 3.Треба повеќе модератори 4.Дефинитивно кога седам од мобилен Пријави и Ми се допаѓа се едно под друго(ова што пишала @theowndemon )
Не ми се допаѓа тоа што банирани членови отвараат нови никови и се оставаат да пишуваат. Јасно е донекаде дека,подобро да ги остават дур се мирни отколку упорно и упорно да се Ловат. Кога сум на таа Точка,не ми се допаѓа што има начин да ни откриваат ИП адреси,а админи ништо не преземаат околу тоа. Ако решам јас да си издавам анонимност,мое право а не да има начин и поинаку. Апла е дека колку е поанонимен членот толку пообјективен. Ете пример е @Bridget Ама шта је ту је,индивидуално право. Апла навредливи постови не се бришат. Но факт е дека форумов и како таков добро си функционира. Другава дискусија отишла пре далеку. Четириеска може однесе Во виорот многу теми,ама сепак е секојдневие на доста членови. Значи нож со две острици за форувов а за нас учесниците секојдневие. Се сложувам со Сесил и Наусица,да не се повторувам.
Офтопик од она што се збореше претходниве денови... тоа што навистина ми пречи мене и на помладите членови конкретно ние што го користиме четот (затоа што не ни пречи +/-40 и не сакавме никого да навредиме, да кажам повторно ако некој се навреди) - е тоа што не се гледа кој сè е присутен таму, како што се гледаше на старата платформа без разлика на тоа дали некој го скрил онлајн статусот. Да, ми пречи затоа што некои манијакално очигледно пратат таму, конкретно затоа што @Petra777 параноично продолжува да збори за четот т.е. за мене и членовите што ми се најблиски тука, и тоа нема да го толерирам и нема да останам рамнодушна додека не престане. И @RainBow те молам објасни што е дозволено, а што не и на форумот и на четот, што е навреда и надвор од правилата а што не е. А сигурна сум дека спомнување нечиј ник на јавен чет (кадешто секој може во секое време да чита) и тоа на тотално цивилизиран начин во контекст дека сме непријатно изненадени од мислењата на тој член во јавните теми на форум - не може ниту оговарање да се нарече, а уште помалку па да е надвор од правилата. Не ми е првпат да реагирам, но не можам да поднесам членка што се расфрла насекаде со навреди и другар ѝ што е баниран од сериозни причини член со нов ник тука - како врв на сè уште и за оговарања, правила и преземање мерки против нас да зборуваат, макар и на суптилен начин. Благодарам за вниманието.
Ако е ова забрането, зошто се дозволува да се рекламираат “продавници“ од моја гардероба? Или каков прекршок направив што и пишав на членката да ме извести кога ќе ги продаде своите производи по цените кои ги има ставено. СДК пред да го избришеш @RainBow моето мислење, кое да -беше цинично, требаше да се водиш по правилата на форумов и да ги избришеш сите кои се рекламираат. Иначе, лично не ми смета некој да се рекламира, ама ми смета да ми избришат реплика на мислење кое треба да е избришано.
Ne znam kako se stava link za tema. Polovna obleka. Sega gledam deka mislenjeto mi stoi. Vcera go nemase
Јас воопшто ја немам отворено темата. Мислењето си било таму, веројатно не си го видела, нема ни бришено ни ништо. Сега гледам дека има за средување во темата.
Мене не ми се допаѓа како работат модераторите во категорија Религија. Премногу коментари се бришат, човек не може да пише. Мислам, што толку ве вреѓа па да ги пријавувате оние кои вистина кажуваат? Нема ништо навредливо, баш убаво е напишано, ама дека е вистина па боли, така? Тоа е една голема утка и минус за форумов.
Што очекуваш од модератор на тема религија кој вели дека е атеист а не му се допаѓаат и постојано брише мислеѓа од членови кои велат дека се православни христијани.