Да не бидам погрешно разбрана, не ми смета мене тоа што атеисти се модератори, ми смета што кога некој пишува против православие тогаш тоа е во ред, форум е ова, се дебатира, има припадници на различни религии итн а православен кога ќе му пише нешто контра на друг тогаш одма му бришат мислења. Па ова е дискриминација бе. Објективност, што е тоа?
@Vitaly, ти сѐ уште си на форумов со такви ужас модератори како нас и мнозинство членови со нечисти мисли? Колегите во Религија не само што велат, туку се атеисти и тоа со многу познавање за религијата, а кои не преферираат ниту една вера повеќе од друга. Како такви е многу разбирливо што се поставени како модератори. Објективно и недискриминирачки би било да банираат член поради припадноста на различна деноминација од вас и 90% од активните членови во таа категорија, а не е тоа што ви ги бришат офтопиците со лични напади во кои барате бан за истиот?
Јас не можам да сфатам како една група на луѓе исто размислуваат, се им смета и одат против сите. Значи како е можно Сигурно знаете дека може да си заминете од форумов ако не ви чини. Всушност нели ќе си одеше едниот? Создадете свој форум и правете како сакате. Никој не ве држи со сила тука. Знаете дека може да не се најавувате?
Православниве се дискриминирани, тоа од авион се гледа, вас ви е супер и немате право да се жалите. Ние сме тие на кои им е скратено правото на изразување на форумов. И ако ни смета ќе си одиме без вие да кажете, ама тоа задоволство нема да го имате.
Ако ви сметаат, ве иритираaт коментарите на Евангелос и не сакате да му ги читате, или да се впуштате во некаква непотребна, според вас, дебата во докажување: која религија е исправна или не (фин потег му е оној со слепата вера, наспроти оваа другата базирана на доказ, ватевер) стиснете копче игнор. Па, нит коментарите ќе му ги гледате, нит нотификација ќе ви стигне дека ве цитирал. Евангелос е културен, едноставно. Културно дискутира и толку. Тоа што ви е досаден не е причина да биде баниран. А ако ви се впушта во дискусија - дискутирајте. Темата е религија, а не Евангелос. Мислам, ако сами не се изборите за своето просторче, тука, на форумов (каде нит плаќате, нит сте спречени да дискутирате) каде на друго место? Сменете го начинот на кој дискутирате. Не гледам зашто би биле вие обесхрабрени да коментирате во теми/на теми кои вас ви се интересни и за кои имате спротивен став од другите групи, а.к.а кланови. Не вреѓајте едноставно. Не ја сведувајте дискусијата за тоа кој - каков е, дури и кога другиот го прави тоа. You can attract more bees with honey than with vinegar. Евангелос е доволно паметен за да го знае и да го користи баш тоа. И кога го користи против „вашето“ православие, баш знае да го употреби на начин на кој ќе ги придобие и атеистите Therefore, во интерес ете, на вашата, православна група get smart, not tough, people. Cheers.
На кој јазик пишувам па не ме разбирате...Мене лично не ми смета Евангелос. Ми сметаат модераторите кои на едни попуштаат а на други им скратуваат права. Едни ги оставаат да дискутираат а други не. А притоа, начинот на изразување не е поразличен, ист е и на двете страни ама ете... некој очигледно повеќе го сакаат а некој помалку или на нив самите нешто повеќе им одговара а нешто помалку па така си работат.
Научете се прво да почитувате други мислења, од различни политички определби, разни религии, раси и сексуални ориентации па после бунете се зошто ви се бришат мислења. И јас сум православна, па не се чувствувам дискриминирано, може зашто сум воспитана да ги почитувам СИТЕ РЕЛИГИИ, а не да барам да ги банираат останатите што не се православни и воедно да ги нарекувам ненормални фрикови без живот.
Ти кажа @agios колку си православна па скокна одма. И не го пишав мислењево во темава за овде да отвараме дискусии. Не мора да се убацувате секаде.
Па кој може да ми забрани јас кај да пишувам? За тебе имав поинакво мислење ама изгледа не си поразлична од цела таа група што не можат да видат подалеку од носот. Паметни и културни луѓе сте, па не бидете толку ниски да кажувате за туѓи верувања и животи, кога буквално појма немате за другиот човек. Колку православна сум јас? Еј чукне ја главата малку, поглупо нешто можевте да пишете? Дека почитувам други мислења и не дремам по темите за религии тоа значи дека сум помалку православна од вас? Гледајте си за себе. Кои сте вие да судите кој каков верник бил? Годпод да чува.
Не очекував од личност која е против етикетирања и дискриминации толку лесно да ме етикетира мене како една од тие што не си гледаат подалеку од носот. Етикети, етикети everywhere. Сериозно, да не полниме офтопици. Еве јас овде ставам точка, што имав си кажав и толку.
@Bitter-Sweet истото... Ја па дека мн. активна и тоа што ќе го пишам, го нема. Нејсе, во виртуелен свет сите се јаки.
@Bitter-Sweet не мислам дека православните се дискриминирани. Ако е дискриминација да прашаш за дали може де се венчаш во католички храм ако си православна и да ти одговори некоја дека во расколнички храм не треба да се венчаваш и ќе гориш во пеколот, а таквото мислење стои, тогаш сигурно се дискриминирани. На темите на форумот се дискутира, а господата што се жалат дека им се избришани мислењата имаат тенденција да ги напаѓаат оние што не мислат како нив, а не да дискутираат.
Ми смета тоа што на некои теми навистина не се одговара реално,на пример колку плата зимате и некои бомбастични цифри,на тема колку пати се бањате ,коментари од типот по 20 пати на ден...и ред др примери.Друго се си е екстра
Не ве дискриминира никој не глумете жртви. Модераторот атеист мене ми избриша атеистички мислења. Сигурно православец пријавил, можно да си била ти.Мене не ми се сфиѓа на форумот шо бришат мислења по пријава а немора.
Не ми се допаѓа што некој нешто ќе напише овде што не му се допаѓа и следат еден куп реплики и оф топик мислења. Исто и во темата Прашање за форумот. Човек да не може да пише, Бог да чува. Дури и во овие теми кои не се за меѓусебни дебати, се умешува се и сешто.
Што не ми се допаѓа на форумов? Мислам дека треба да одговорам искрено, од душа и срце...демократското право ќе го искористам(немој некој да го избришал ова)..па... На форумов не ми се допаѓа @Gosh ... и не ми се допаѓа @Someonespecial Пуфли невидени, саркастични, мислат дека се многу умни........доволно е тоа.... Останатото се си е супер...петка