Неможеш еден да крениш а не неколку, и не е комплекс,враќам на твојот коментар, впрочем се впушташ да се расправаш а не ни читаш назад што сум пишал, плус тоа се правиш паметна а си далеку од тоа, ќе ми држиш предавања за ип? Какви глупости. Следно од сношти пишувам дека на ниеден форум преку ип неможе да се знае чиј е чиј профил бидејќи ип секогаш менува и да не ги банираат членовите што им излегло со повеќе членови на иста ип,бидејќи напишаа ги банирале членовите со ип чистка правеле,за ништо ќе биди некој баниран, доказ дадов за тие што не знаат како покажува во еден панел на хенфоро за ип и општо другите И тука не е ништо лошо напишано, за да се расправате со мене Не ни дочитувате одма гледате некое постче да напишите со паметување
Како одма познав дека е машко, жити се Многу добро познат синдром дека само машките се разбираат во технологија Никогаш нема да видиш друго женско да се понаша така. И да, преку IP адреси може да се банира. Ако претходните 5-6 им се исти и на двата профила, тогаш дефинитивно е истиот член. (не зборуваме за последната една ако им е или ако случајно им се погодила една иста). Така, оди шетај. Нешто ми скисна од машкиве на форумот, ем погласни, ем побезобразни од женските. Одам јас еден сервер да поставам, тоа ми е работа, знаеш
Машко Ти изгледа грешка си Ако сум пропуштила една буква незначи дека сум машко и како само машките се разбираат во тегнологија Е ова не ти требаше сега Пс сервер не се поставува,се крева виртуелно
Прочитав се', затоа реплицирав. Во спротивно не би се замарала со пишување. Нејсе, не мораш да бидеш капаче на секое лонче.
ОВИЕ ДВЕ ПОРАКИ НА @JollyGirl БАРАМ ДА БИДАТ ИЗБРИШАНИ, А ОНА ТРАЈНО БАНИРАНА ОД КАТЕГОРИЈАТА АКТУЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ НАСТАНИ, ПОСАКУВА СМРТ И НАВРЕДУВА, НЕЈЗИНОТО ДЕСТРУКТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ТОЛЕРИРА, БАНИРАЈТЕ ЈА ПРЕД и ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ПОЧНАТ ДА СЕ СЛУЖАТ СО НЕЈЗИНИТЕ ПРОСТИ ЗБОРОВИ[/
Не бе, ништо лошо ти не напиша, само целата конверзација со Даст ја почна со ,,ти си будала“ И другпат кога ќе се пожалите на нас модераторите што стопати промислуваме и се консултираме за едно обично мислење да избришеме и како да ви се обратиме за нешто поврзано со правилата, и на админите зошто не се појавуваат – помислете дека и вакви личности се админи на форуми Не го пишува ова на форум кадешто ја има таа функција, но културата на една личност секаде е иста...
Некогаш неможиш да процениш според пишувано на некого каква му е културата Кој колку сака некој нека се понаша убаво и да пишува читко и културно,не се знае кој што и каква личност стои зад акаунтот. веќе докажано на форумот почнувајќи од таа што пишуваше се убаво на крај почна да става слики од туѓи бебиња.. Така да не ти држи вода реченицата дека по тоа се гледа култура и човекот каков е А вие и пред модератори да бидите колку гадости правевте охоо по секоја тема ве имаше и не само вас општо група членови ујдисани во клан, се расправавте сега откако станавте модератори сте мн културни разбираме
Културен човек и да сака, не може да се служи со зборови кои не му доликуваат. Едноставно ги нема во неговиот речник. На пр. будало.
А да ја оставевте членката да си дискутира за тоа што е дојдена на темава? Останатите очигледно немате познавања или интерес за тоа што неа ја интересира а сепак сакате да ве има во темава колку да браните некој, па ајде сега ќе збориме што е културно изразување ко да сите сакаат да глумат принцези на форумот.
Зборев за оние кои не дискутираат на таа тема туку се фаќаат за културно изразување. Толку ли беше тешко да се сфати?
@carangigia А тебе ти смета што на твојата платноска љубов Мијалков смрт му посакува?! А што да му посака - се најубаво? Тоа те заболе?! Па ти знаеш дека 90 посто од форумов смрт му посакува, па и целава Македонија?! Што, забрането е тоа? Забрането е да рече дека испланирала како ќе го убие, или пак дека тебе ќе те убие...Голем ташак што рекла да цркне. И нека цркне. Мех. И каде те вреѓа, молим те ? Што ти рекла декак таквите како тебе мозозкот не го користат? Па у право е. И не е нејзин проблем што ти си се навредила од тоа. Ај да ти рекла нешто на лично ниво, па да те разберам... А па и ти и овие што те поддржуваат у намерата, едни поштени , абе што да ти зборам. Никогаш никого не сте навредиле, све само мед од устата ви тече... Продавачи на муда за бубрези... И мене се ,, обиделе ,, да ме навредат, па никад не сум пријавила мислење...Ако го види и на модератот му смета, нека го избрише, ми е гајле... А МОЖЕБИ И ВАКА ТРЕБА ДА ПИШУВАМ И ДА ЦРКАМ ПО СИТЕ ТЕМИ ЗА МОДЕРИРАЊЕ ОТИ НА МИЈАЛЧЕ МУ РЕКЛЕ ДА ЦРКНЕ , А ЈАС ДЕКА НЕ ГО КОРИСТАМ МОЗОКОТ
Епа еве јас и кажав на цленката како може да се детектира по IP дека е истиот член, а таа не ми одговори на тој ден од мислењето туку на се останато. Значи не е дојдена да дискутира туку да се расправа. Еве ја и на други теми кажува кој требало да биде баниран. Мене еден мивка ме нарече, па еве го уште дреме на форумот, кога сме кај навредите.
Никогаш нема најдиш кој е по ип,доказ доставив и погоре вчера,освен кај тие што не се менува воопшто И не дискурирам повеќе околу ова тема Посебно не за ип да се докажувам доволно знам,и доволно знам како функционираат на форум ,и кажав што имав за да не се банираат за џабе членови Толку,поз
Никој не е баниран досега за џабе, посебно не заради грешка и недоразбирање со адресите поради кое испаднало дека се работи за дупол профил. Обично баш и пола форум од авион приметува(ме) за некои конфликтни личности дека се дупли профили на претходно банирани корисници, па после некое време кога 100% ќе се уверат админите пак им даваат бан. Јас воопшто не се разбирам во овие работи, ама колку што сум упатена во тоа што се случува на форумов ова можам да ти го гарантирам, а за поише Даст и Ејнџел што и многу повеќе од тебе се разбираат - ти објаснија.
Ние модераторите не банираме никого, бидете спокојни. За тоа се грижат @RainBow @Mihajlo @bilkata @Femina тие знат како да ги откријат дуплите профили и да ги банираат. Тие ги банираат и оние што ги прекршуваат правилата на форумов. Ве замолувам сите членови повеќе да нема навреди кон другите членови на форумов во вашите мислења. Во некои одредени мислења сретнав навреди кон членови на форумов, а истите вие барате да биде некој друг член баниран поради негово мислење кое било спрема одреден политичар насочено, а не спрема вас лично. Никој не ви забранува да напишете ваше мислење, само ве замолувам гледајте вашето мислење да биде изнесено на културен начин, без навреди. Ви благодарам за разбирањето, имајте убав ден.