Toa што... кога неистакнат член ќе навреди истакната членка, сите се пуштаат ко кучиња врз неа и се дискутира на долго и широко за форумски бон-тон, култура и сл. Кога истакната членка ќе навреди друга истакната членка, кога се однесува агресивно во комуникацијата и прекршува правила со самато тоа, ради солидарност кон истакнатата членка - навредувач, секој молчи и гледа на страна. Тогаш нема култура, правила и сл. И ова го прават самите членови, пред се'.
И мене не ми се допаѓа кога некој по секоја цена се брани, друг напаѓа итн. Но, највеќе не ми се допаѓа ако решам да ја поддржам да речеме Даст во некоја дискусија, тоа одма се препишува на „лигавење“, „упикување“ итн... иако до ден денес никој не ми објаснил зошто некој некому би се упикувал на форум. Не знам што добиваме за тоа. Без оглед дали Даст се оправа со некој непознат или со некој ептен познат член, ако сметам дека е во право ќе ја поддржам. Тоа никако не значи дека на друга тема нема да се испердашиме. @Dust извини што те земав за пример.
Пa не сме тукa oд вчерa, гледaме кoгa брaнењетo е сo прaвo a кoгa е чoпoрски. И кoгa некoј зaќутувa и врти глaвa кoгa истaтa членкa требa дa се критикувa a прв е вo брaнење, јaснo е. Кaкo вo случaјoв тукa, се збoреше зa ип aдреси и бaнирaње, нo се јaвијa членoви дa нaпaѓaaт зa еден нaвредлив збoр или тoн. А дa не беше тoa мoже ќе се исмејувaa зa никoт штo гo oдбрaлa или зaпиркa не стaвилa членкaтa кaде требa, сaмo кaкo пoддршкa дa се јaвaт.
Ова е чиста вистина, се жалат по лп или на чет кога некој ги напаѓа по темите и одма ко ќе изникнат бранителкиве ко оси... детска работа
Шо знам, јас не сум до толку нежна, ама мислам дека "будала" е забрането некого да се нарекува. Немам конкретно мислење за ситуацијата.
Ми смета сето тоа што го пишала @zhap4e , да не се повторувам за џабе. Всушност на моменти ми е смешно, на моменти ми смета, затоа што некогаш толку очајно се прави тоа тапшање по рамо и толку не гледам поента за истото, што почнувам да се смеам на таквите мислења и испишани страници со поддршка и ставање на пиадестал некоја истакната членка. Ама и во риал лајф има газолижачи кои се спремни дури и да се неправедни само за да се додворат на некој, па зошто би ме чудело што тоа постои и овде.
Нa фoрумoв сум пoвеќе кaкo читaч и некaкo нaјвеќе ми сметa кoгa некoи членoви, при нaјмaлo несoглaсувaње сo нивнoтo мислење, нaместo дa пoчнaт дискусијa, пoчнувaaт дa се вaдaт сo тoa декa секoј имa прaвo нa мислење, oни сaмo си гo кaжaле свoетo и дa не ги цитирaaт. Фoрумoв пoстoи зa дa се дискутирaaт теми нa цивилизирaн нaчин и тoa се пoстигнувa сo цитирaње. А aкo нa некoј не му се oбјaснувa негoвoтo мислење, сметa декa некoј член е нaпoрен или сметa декa дискусијaтa никaде не вoди, немa ни пoтребa дa пишувa oфф-тoпици зa слoбoдниoт гoвoр или дa се рaспрaвa сo некoј член и дa јa рaсипувa дискусијaтa. Сепaк е виртуелен свет, a не реaлен, мнoгу е леснo дa се игнoрирa нештo, немa пoтребa некoи рaбoти тoлку дa се земaaт при срце.
Не ми е се допаѓа тоа што некои членови нови се бришат поради некои постари со привилегии. Ако еднаш употербиле нешто несоодветно одма бан, а кога некој од постариве споредува нечив мозок со 50гр. Аргета паштета (компарација лудило) не е баниран , па уште има титула и модератор, што ти знам... Не е ок! Знам дека нема да влијае постов мој, а и гајле ми е немам премногу време и не ми значи мн.форумов, чисто онака, дека ми фали еден член. Ако од некаде ме чита случајно, знае каде да ме најде. HUNK!
Не ми се допаѓа што се толерираат шовенисти и сексисти, што се дозволува членови да го навредуваат целиот женски род на ебан женски форум. Не ми се допаѓа што се дозволуваат суптилни навреди, како на пример одреден член да те навредува во потпис негов, ама не е во мислење па се игнорира. Плус, членови како господата не придонесуваат никако позитивно на форумот, зошто ги толерирате цело време?
Целата негативна енергија на одредени теми просто е запрепастувачка. Да, има интересни теми и работи да прочиташ и да се информираш. Се согласувам и со тоа луѓе да бараат помош на различни начини и да сакаат да слушнат различни мислења, но, колку навистина модераторите можат да помогнат во дадена ситуација, дискусија? Што е со темите во кои всушност на луѓето им треба професионална помош? До кога колективното мислење, кое патем е многу биполарно, ќе исмејува и возвишува истовремено, и ќе биде суд за добро и лошо? Зарем уште страдаме од синдромот на "секој е експерт во се"? Која е поентата на ова? Пред да ме нападне некој дека ја дискутирам смислата на форум генерално, конкретно не ми се допаѓаат следните работи и првите три работи ги сметам за исклучително важни: 1. Во делот # Прашај гинеколог! Консултации со доктори од клиника.. # или не успеав да најдам, а барав, или навистина воопшто не постојат верификувани профили на гинеколози. Супер е идејата, но кој тоа консултира, чии одговори се од доктор? Доктори од која област консултираат? Слично и со темите поврзани за дијагноза за бебиња. Или можеби староседелците веќе ги познаваат тие кориснички имиња на гинеколози, па за новите членови не е битно? 2. Во делот поврзани со # Психологија # (како што напишав) постојат луѓе кои пишуваат за потенцијални самонаштетувања, покрај другото. Не може да се најде психолог да коментира од стручен аспект? Или тогаш останатите стручњаци што даваат свое мислење на сите теми ќе останат без работа? 3. Нацијата е неписмена. Форумот не е крив, но техниката позади форумот и те како. Верувам дека не е тешко компјутерските техничари-модератори да го симнат дигиталниот лексикон и речник на македонскиот јазик и да го вметнат во форумов, па кога се пишува на кирилица да не се брукаме со "пофторуваме и учене нови зборови". Ако е толку тешко, се пријвавувам за волонтер да помогнам. Иако, колективното пишување на огромен број на мислења досега можеше да ги испише сите зборови во речникот и два пати да ги провери, од различни луѓе. Ама нема тема за тоа.. (Ако ова е премногу, можно е емотиконите барем да се ажурираат како прва вежба?) # Генерално Зошто не се поднови форумов и не се агрегираат одговорите? Нешто во стилот на reddit, ..overflow? Од 1000 постови во една тема, на пример за музика, или темата #што слушате во моментов#, илјадници страници стојат неотворени. Прв пат кога дојдов да барам информации на форумот ми требаше еден цел ден да ја прочитам темата која ме засегаше, и на крајот воопшто не го најдов тоа што барав. Едноставно се прашувам, каква креација на дискусија и нова содржина е ова ако само се акумулираат работи кои едноставно не се ниту ефикасни, ниту продуктивни, ниту информативни да ги читаш? Или каква дискусија има во "да изброиме до милион"? Ова последново можеби немаше да го напишам како битно, но се ми стои дека сајтот фемина игра на стара слава и фокусот е на "дискусијата". Модератори и членови на тимот се често први да одговарат на многу теми, а при тоа содржините на сајтот се освежуваат се поретко. Не дека ми е многу битен, ама кога не може да се направи еден тајмиран пост за хороскопот.. Еве не знам.
Дефинитивно подфорумот прашај гинеколог. Навистина не знам зошто постои подфорумот кога тие доктори што треба да одговараат на прашања ги нема со години на форумов, а феминки упорно поставуваат прашања и чекаат одговор кој никогаш нема да го добијат. Стварно неферски.
Непотребно бришење на мислења кои се во склоп на темата! Модератори претерувате навистина. Форумов ке стане досадно место.
На форумов се цензурираат и бришат коментари зашто така му одговара на некој си измислен модератор кој во недостаток на себереализација, фрустрација и нижа вредност во реалниот живот дели правда по негово/нејзино тука на форумов!!
Тоа што некој ќе навреди некого,или пријави некое мислење а модераторите во зависност од тоа како стојат со таа личност ќе го избришат коментарот,ќе банираат некој од одредена тема итн.ако се поблиски со таа личност нема гајле,ако не се блок,бан,делете.Извинете вака на искреноста.
Не ми се допаѓа тоа што доколку напишеме нешто повеќе неможеме да го избришеме,но исто така и бришењето на акаунт.
Сеуште сум нова но да речеме го знам форумов од одамна и читав расправа меѓу верник и атеист. Атеистот сакаше докази, сакаше одговори, верникот напаѓаше и се правеше сезнајка и лајкови фрчеа. Случајно е една од омилените на форумот. Темава е постара можеби ја читав пред 4 години. Инаку молба до модераторот, мислам дека имам две сметки и покрај оваа но ги заборавив пассњордите не ги запишав, дали може да ги избришете тие сметки зошто неможам јас? Едната е AncailinBlonde а другата дури и името и го заборавив, одамна беше. Значи сакам да ја задржам само оваа сметка. Голем поздрав до членките и до фемина тимот.
Не ми се допаѓа тоа што модераторите не кријат дека се политички определени и држат политичка страна во актуелни политички настани
Не ми се допаѓа тоа што системот на „поени“ од опомени е скриен. Тоа е како да имаш правен сисем со јавно недефинирани казни.