Некој популарен член ако пише нешто офф нема врска, но на другите одма им се брише мислењето. Македонштина. Тоа е.
Искрено јас не си се допаѓам, можам да се подобрам и да го прикажам своето најдобро светло кое ќе биде од општа корист за мене и останатите форумџии
Тоа што форумов за жал пропаѓа полека но сигурно. Се уклучувам да видам чисто онака што има. Ништо ново! Премногу зло, завист меѓу членови, монотонија гуши. Демек се бираа модератори да се среди, бетер стана.
Смешно е,пресмешно ако она што се случуваше во темата Дали останаа машки во Скопјево или како год беше формулирана, на форумов почнала да се перцепира како препукување. Кои тоа правила и критериуми почнавте да ги применувате за препукување? Олабавете ја контролата,оти и тие малку дискусии ќе умрат.
Ако и ти се осеќаш дека е тоа препукување, аман, жити бога. Стварно ќе те игнорирам Олабави се. Оти тоа значи дека со сите во темата се препукуваше. И,не мора да ме следиш и тука. Тнх.
Па дечки ако имате недоразбирања има ЛП. Ако на секое мислење пишувате ти така ти вака, тоа пишете си го во порака. На темата дискутирајте колку сакате, ама не потценувајте туѓи мислења ниту наметнувајте свои.. и не заборавајте, кој колку е паметен, во ЛП Тоа се однесува и на Петра и Даерн. Благодарам на разбирањето
За какви недоразбирања зборуваш Даст? Тоа е тема. Не е недоразбирање. Тоа е дискусија, не е јас и Плусот на дејт бевме и немавм хемија па сега тука се препукуваме цц За ЛП,треба да го познавам +++ или да имам причина да си пишувам со негово ЛП. Немам. Имам ама за тема привлечност и хемија. И ако мојата и перцепцијата на сите други не совпаѓа со неговата, и ако ние дискутираме за тоа..не значи се препукуваме,не значи се навредуваме. Не давај со вакви потези сила на луѓе на кои нема потреба да им ја даваш. Оти во ситуацијава даде сила на лик кој не дискутираше, извртуваше зборови на кујзнае колку членки во темата. Многу подобро е да оставиш едноставно,оти е дискусија. И не може секогаш да биде цветна и розовка,или, да биде како што ти или Рејн или кој год ќе си замисли дека треба да биде. Само основно треба да се почитува..да не се навредуваат и да не се сведе на лично. Она, далеку од препукување е и беше. Далеку. И ова што сега го читаш, не доаѓа со тон ДАСТ МОРИ ШТО НАПРАВИ! Скроз смирен е тонот.Нели, во случај тебе да ти дојде со поинаков глас. Ама за да го знаеш мојот тон, треба и мене лично да ме познаваш и да знаеш кој степен на толеранција го имам и каков човек сум за дапроцениш. Затоа,нема потреба од избрзување кога бришете и као, предупредување делите. Само се убива дискусијата така. Ништо повеќе. Исто,фала на разбирањето.
Не ми се допаѓа незрелото и нелогичното однесување на некои членови, кои стопати гневно изјавиле дека нема веќе да пишуваат на фемина, а пак и пак после не знам колку време доаѓаат на форумов кој ,,пропаѓа“ (и со кој секако, да не заборавам – ,,не се замараат“ ) само да остават некое ко по обичај напнато и дискриминирачко мислење контра сите други, вреѓаат, шпекулираат дека некој е дупол профил само заради многу поразлични гледишта... и згора на сето тоа тие се тие што тука ќе се пожалат дека на форумот имало многу злоба. Која логика еј Grow up please
Ако нешто ви смета, пишете лична порака или означете. Значи ви смета еден член, а не цел форум. Ако сте зрели, не го правете на подмукол начин. И онака се имате 90% на социјани мрежи, продолжете таму со улизување и мудрување.
Форумот е место на виртуелно пресликување на случувањата во реалноста. Некои членови се обидуваат упорно до степен на нападност да го наметнат своето мислење, не знаејќи дека различноста значи почитување, но не и согласување со туѓиот став. Секој има право на свое изјаснување кое не треба и не мора да биде по дифолт исто.
И јас имав спротивно мислење од @+++ , со др членови пак делевме исто мислење во темата ,,Дали останаа машки во Скопјево?". Но тоа не значи дека сега ќе го напаѓам Плусот во секоја тема и ќе контрирам бидејќи имал спротивно гледиште. Го почитувам неговото размислување и таа дискусија останува во темата. Во темата пр: ,,Што слушате во моментов? "" често ги лајкувам неговите песни, бидејќи ми се допаѓаат. Исто со другите членови што се согласивме во темата ,,Дали останаа машки во Скопјево?" можеби нема во други теми. Секој нека го почитува туѓото мислење на форумов, а за дискусии да се отвараат сум за, само така форумов има тогаш смисла.
1.Тоа што не е затворен форумов само за членови. 2. Непочитување на туѓото мислење и водење кавги. (Пријавувам во вакви случаи)
Луѓе, па форум е ова. Како мислите да е затворен форумов само за членови? Која е логиката тогаш? И дали воопшто постои таков форум кој е достапен само за членови или пак вие нешто изведувате?
Мене ми е супер, десетка со кромид, никад боље не сум се осеќала. Дури и Јипи го обожавам, ама сега нема време за нас, ангажиран е у Влада. @Yipman2 Јипи, кога кафица бе, директоре?