На многу такви дебилни пациенти со дупли профили ти и другарка ти бевте гз и гаки, си лајкувавте, се чатувавте и сега ти најде да кажуваш..Вие сте првите што подржувавте психопатски профили. На форумов не му треба твоето мислење, убаво си работат, само нека бидат праведни и реални, без пристрасност.
Кои тоа, дај пример... И у меѓувреме иди отвори уште еден профил на Кајгана, да си ја исполниш дневната квота.
Нема потреба за примери, многу убаво си знаеш. А во меѓувреме оди ти на кајгана провери си ги твоите тродупли профили, јас немам потреба таму да отварам нов профил.
Мхм... Епа коа си измислуваш приказни, секако дека ќе ,, нема ,, потреба од примери. За другово нема ни да ти прокоментирам, не знам да ти возвртам на твое ниво, како дете од прво одделение. Поздрав.
Хаха...и јас мислам дека има многу членови со по 2-3-4 профила...посебно од постарите членови...за се може да се стави ред..само што очигледно некого не сака..и нема време да го направи тоа..а до тогаш..не ни останува ништо друго освен да си трпиме...
А зошто наместо вака да погодуваме, не пишете јавно за кого се сомневате дека има дупли профили? Затоа што нели, се се знае на форумов, ама очигледно знаат само тие што пуштаат гласини.. Ова исто како за пораките со оговарање, постојат амааа....не постојат. Глупости. Се пуштаат само некои дезинформации по форумов, онака од досада..
Јас не сум ниту модератор ниту админастратор..наместо да бришете мислења, затварате теми и банирате членови..ангажирајте се и пронајдете ги...
У задње време корегирање на мислења. Па различни карактери, воспитание не можеме сите исти да бидеме.
Не ми се дoпaѓa штo не се дoвoлнo експoнирaни нoвите теми. Пoвеќе пaти ми се имa слученo дa зaбележaм интереснa темa сo две три мислењa кoјa всушнoст е oтвoренa веќе некoлку денa. Нa глaвнaтa стрaнa нa фoрумoт требa дa стoјaт истaкнaти сите нoви теми, a не сaмo тие штo успеaле дa привлечaт еден куп мислењa уште oдмa. Вaкa теми кoи бaрaaт пoвеќе дискусијa и рaзмислувaње oстaнувaaт скриени, a теми кaде штo некoјa збунетa тинејџеркa или трoл бaрaaт пoмoш зa нештo aпсурднo oдмa се пoлнaт сo мислењa, дoбивaaт внимaние, oдaт вo кaтегoријaтa Нaјпoпулaрни Нoви Теми и сите се сoбирaaт дa терaaт сеир. Не се жaлaм зa сеирoт, интереснo ми е дa читaм, aмa сепaк требa сите нoви теми истo дa се експoнирaни.
Не ми се допаѓа тоа што модераторите го бришат или го менуват одговорот.Зошто? Затоа што вистината е таа,колку и да е болна за некои луѓе,реална е.Ако е така па ај крај на крај и совети да не даваме.Ич неозбилен стана форумот.
Сум приметила дека упорно се пишува ова со некој тивок шејд кон модераторите. Ако некој дел ви бил отстранет од мислењето, веројатно има причина за тоа. За бришење мислења сигурна сум дека секогаш добивате известување, а за редактирање нема опција за известување. На крајот на краиштата, ако сметате дека има извршено неправда над вас, контактирајте ги соодветните модератори, сите се спремни да ви објаснат зошто одлучиле така. Вака пишувајќи во темава ништо нема да смените.
не не стига известување за бришење на мислења ако не си видиш сСАМ.Се скапав од прашување во темава зошто не стига добв одговор дека ваљда во истата секунда ко сум го пишала било избришано а не беше ама ок вие сте во право
Технички работи, нешто генерално. За избришани мислења најдобро контактирајте ги соодветните модератори. Можеби некогаш некој испуштил да прати известување, не значи дека тенденциозно вас ве избришале. Обратете се на конкретниот модератор притоа објаснувајќи што се напишале во спорното мислење, сигурно има добра причина.
Изгледа никој...Можеш на Реин да и пишеш, зашто она е единствена врска помеѓу админите и обичните членови.
Се бришат мислења или нивни делови кои не одговараат на правилата на форумот. Ништо лично према ни еден член, ама некои работи не може да пројдат. Еве ги правилата, зирнете, ќе ви стане јасно зошто нешто е бришано/редактирано.
Еве класичен пример за несоодветно однесување на именуван модератор, и тоа е она што ми смета на форумот. Вика: имало причина, па ве бришеле. Ок, ама не сме деца за да не ја кажете причината. Тоа ви е работа која вие сами сте ја барале. Ако ви е тешко, да ви го напишам текстот со наслов Откажување. Особено што наш текст менувате, како сакате и ние можеме никогаш и да не откриеме оти не сте ни кажале. И другите членови имаат мислење за нас врз основа на изменето мислење, не наше. Ако не ви се свиѓа, сменете и КАЖЕТЕ НИ. Ќе повторам, тоа ви е работа и вршете ја или добро или никако. Вака правите штета на вашите работодавачи кои не ве плаќаат, ама сами сакате мазохистички да сте експлоатирани без надомест. Затоа, работете. Што ве кошта да пишете порака, ви сменив мислење. Ако ви е тешко еве и тоа ќе ви го искуцам. Темава е за теханикалии? Модератор, читај наслов на тема, ја промаши. И.... да повторам. Вие вршите вие пишете дека сте извршиле дејствие. Не ние со принскринови да си чуваме мислења оти не знаеш кој кога и зошто ќе му текне да ти стави една запирка и ќе добиеш спротивно мислење од твоето. Пример - Не убивајте кучиња. Не, убивајте кучиња - изменето од модератор. Не знам колку попластично да ви ја објаснам штетата што ја правите со мебување туѓ став а притоа не известувате. Ѕ. Ѕирнете. И да ги ѕирнеш и ти, пред да модерираш. Нечиј став е субјективно чувство, затоа и некој треба да си го објасни. Надменост, егоизам и егоцентричност покажува колку е вистинита поговорката - дај му власт на некој па види колку вреди.
Погоре мислењето на Joi, на пример се однесува на техничка работа на форумот. Порано имаше и нешто за селектирање ако не се лажам. Но темава се претвори во Што не ви се допаѓа кај членовите и кај модераторите? Не сме обврзани по правило да ве известуваме при секоја интервенција, иако е препорачливо. Па ако модераторот не ве известил кога ви избришал дел од мислењето, не прекршува модераторски правила. Мислења сменети до let's eat grandma степен не постојат, да не преувеличуваме. Ако мислиш дека има такви, пиши му на модераторот и ќе ти одговори. Зошто не те известиле ако ти е сменето, не знам, обично пишуваме пораки, но можеби при многу офтопици е испуштено. Можеби велам, претпоставувам, не можам да одговарам за други модератори.