Одговор у смисла - од горе така кажаа не доликува. И нормално дека во темава ќе кажеме што ни смета, за админите да знаат. И да знаат дека поради модераторите кои одговараат во смусла - ми се може и не морам, прават членовите да бегаат. А администрација знае дека грешките треба да си ги порави. Затоа е и темава. А грешка се дел од модераторите. Вакви работи порано немаше. Пред модераторите што викаа ми се може и кај го пишува тоа. Оти има у непишани норми, етика и култура. А ако тоа треба да ви го пише некој...
Етика и култура бе... Како некој намерно зад екран да ви брише делови само за да изгледате лошо и потоа за тоа не ви праќа известување. Сè повеќе имам чувство како ова со менувањето мислења да е легенда што се врти на форумов, а никој всушност не го искусил. Барем не во таа мера како што опишувате.
Да легенда е. Никој нема сменето мислење... она доле,,изменето од модератор" е декорација за нова година
Тоа е така бидејќи не им се допаѓаат поразличните мислења. Да може некој да ги брише нивните мислења што нам не ни се допаѓаат не би правеле така. Култура БЕ.
Тоа толку го има зашто спојуваме многу често повеќе мислења едно по друго да не пречат во темите и секогаш стои така, а воопшто ништо не е чепкано во мислењето. Не се менува мислење како во преувеличениот пример погоре. Може да се отстрани оф топик или ако е цитирано веќе претходно избришано мислење со цел да не се избрише целото мислење за кое е потрошено време да се напише.
Многу ме иритира кога некоја ќе пише Што скокаш неповикана? Не е ли ова место каде секој смее да си го напише мислењето без да праша некој за дозвола?
Ми недостига да има до членот/членката и колку години има. Можеби повеќето лажат за годините но не верувам дека некоја на 40 ке се пише 14. Многу ми треба тоа, за кога ке ми налета 15 годишно девојче на тема Политика или Совети за брак, кај што кажува колку она сака деца, а како јас со мои 28 сум незрела затоа што уште не сум била сигурна дали сакам, или дрнкаат ваму на теми за Бранко Црвенковски дечишта што сигурно уште се помочувале кога беше Бранко на власт . Кога би биле пишани годините ке знам да не одговарам и да не им ги земам мислењата за озбилно. За жал ова веке е невозможно, требаше пред три години да запнам за желбава, кога се правеше сегашната платформа.
Тоа што има членови што не користат голема буква и интерпункциски знаци. Ако се опоменува кога не се пишува на кирилица, да се опоменува и за ова. На ништо не личи пост без точка, запирка, голема буква, и слично.
Не ми се допаѓа тоа што ако некој член има мислење кое е различно од мислењето на некој друг член, веднаш тој друг член се нафрлува на тој што има мислење различно од неговото.
Кога пријавуваме "реинкарнирано" лице, фино би било да добиеме известување дека нашата пријава е разгледана и не постои сомневање дека се работи за втор профил на баниран член. Имаше случај кога неколку луѓе имаа пријавено ваков член и никој не превзема ништо додека не се напиша јавно на една тема. Ги гледа ли некој овие пријави воопшто?
Оговарање. Почнувајќи од т.н. јавни личности, се до обични членови на форумот, што е уште позагрижувачки.
Очајните „мужјаци“ кој не можат да си најдат женска и еве ги ми висат во „разговори“ со секојдневни 1/2 пораки, најлошото е што не прифаќаат кога се одбиени и како ние женските сме дрски, а тие наивни.
И ако ги одбиеш коментираат на други од форумов дека си к*рва. Затоа ја отстранив опцијата да ми праќа секој лп.
Буквално, затоа ќе ја отстранам и јас, пробуваш да си добар со некого, и на крајот погрдни зборови дека не сакаш врска или повеќе, нема смисла.
Сум пишувала со некои од мажите на форумов. Има некои што беа културни. Ама повеќето ги интересираше секс. Дури еден ми се пофали колкав му бил. Манијачиште. Еден од тие културните ми пиша дека некој ме оговарал. Ми го кажа и членот. Сум се плескала со него. Сељачиште. Еден дури и го пријавив.
Имаше баш еден вчера 27 годишен, кој ми плачеше како немал врска до сега. Го одбив, не ме ни праша колку години сум, 18 сум и нема теоретски шанси да го тупам мозокот со некој 9 години постар од мене, одкога го одбив, ми пишуваше како ме мразел и така. Друг ми пиша дека во една тема пишав дека не сум многу по сексот не сум зависна, и ми рече да посетам доктор. Океј.