Очигледно тие се зависни од секс, па малтретираат на форумов. Па ако ги одбиеш, го креваат носот до плафон. Таквите се искомплексирани затоа што не можат да си најдат женска. Треба нешто да се преземе во врска со нив.
*Кревање акции *Правење паметен отколку што е *Напорност *Карање само на тема религија нација и политика *Тролчиња *Тоа што одредени Х модератори мислат се Господ а тој нели не постои така? Фала
Единствено нешто што страшно многу ме вади од такт е тоа што има премногу членови на форумов кои обожаваат да создаваат кавги со тоа што судат за нечие размислување и најчесто таквите ''секогаш сè знаат''. Форумов треба да е место каде што се изнесуваат своите сопствени размислувања, гледишта, ставови и да се дебатира на одредени теми, а не дувло на емоционално недозреани личности кои си дале за право да судат на човек што не го ни познаваат, да пцујат или да навредуваат. Пошто тука најчесто штом ставиш свое мислење кое оди контра размислувањето на мнозинството, одма те напаѓаат.
Служи инбоксот само за опомени.Кај мене машала едно врме се полнеше, а нешто не им чини бриши па на Феминка пиши.
Можеше да ме тагнеш слободно бе срцка.Скролајќи си се пронајдов, ти смета што ти мрчам?Извини ама таква сум дрска и директна.Можеш да ми пријавиш мислење не сакам вакви бош муабети за мене.Малце ми ги утна годините сепак јас сум едно ДЕТИШТЕ од 17 год.за малку.
Други членови се жалеа дека кога им е отстранет дел од мислењето не сме ги известувале. Затоа сега известуваме за секоја преземена акција, и тоа ли не чини?
Не чини кога ми бришеш мислења што тебе не ти се сфиѓаат а не навреди и остало.Кај сте сега да бришете во Актуелни оффтопици?Нема се време.
Категоријана Политика и настани на ништо не личи, верувам дека и Кајгана веќе ја надминавме со тролчиња, патетики, национализам и очајно ниво на дискусија таму. Многу бавно се реагира во врска со тролови... дајте средете ги сите на куп веќе, и Бугари, и наши националисти што се утепаа од вреѓање и тресење зелени од типот дека детето со леб и кромид ќе си го хранат, не сме должни тука со месеци од дупли профили на ботови да читаме глупости со кои се упропастуваат цели теми.
Femina22 со ваквото брзо реагирање покажуваш само колку не си дорасната за категоријата што ја збориме . Не беше наменет постот само за тебе јас не ни знам ти колку години имаш, ама ете убаво што ми кажа во иднина да ги игнорирам твоите мислења на таа тема. Јас само пишав што не ми се допаѓа на формуот, ти и да си се пронашла што скокаш одма , биди поприсебна не е ова пазар , што лошо кажав не знам Moже треба политика темата да не може да се коментира ако имаш мал број мислења , ама и тоа не е решение ако е така треба еден куп теми што ги напаѓаат тролови. Може најдобро е ние таму што поредовнно коментираме да ги игнорираме мислењата на новите членови/тролови . Така сами ке си одат. И да, ми фалат цветчињата
Теми во категорија „Форумски игри’’ со смешни наслови од типот на „На кое овошје/благо/вкус на кондом ве потсеќа форумџиката над вас’’ едноставно ми е премногу, сфаќам форумски игри ама до овој степен бе...
Ама не разбирам како може форумџика која има напишано се на се 50 мислења да ме потсеќа на некое благо овошје смајли или нешто така? Напаѓајте ме колку сакате ама мене ми е патетично ова.
Не ми се допаѓа тоа што темата Вакцини - За или против стана тема Не вакцинирај. Сфаќам дека има родители што не си ги вакцинираат децата, ама доста ми е веќе од тие научни докажувања дека вакцините не чинат. Тие што вакцинираме сме ненормални. Јас ги вакцинирам децата и сакав да пишам нешто на темата, ама се попишманив. Знам дека одма ќе ме нападнат. Едно е да напишеш зошто си против, ама сосема друго е да пишуваш статуси каде што упорно го бојкотираш вакцинирањето.
Мене не ми се допаѓа тоа што не е потенцирано за какви вакцини станува збор. Затоа што имаш различни вакцини. Плус некои вакцини се поефикасни некои се помалку ефикасни, не може да се генерализира само со поимот вакцини. Кога добро ќе се формира насловот на темата, тогаш може да се добие квалитетна и добра дискусија.