Во право си. Во темата се претера со мислењата. Нормално дека ќе имаме различни ставови околу вакцинирањето, ама не мора по секоја цена да се убедуваме дека не треба да се вакцинира.
Јас мислев само верска и политичка пропаганда има тука, ама она во таа тема е веќе некст левел. Дури и најнапорните од овие другиве пишуваат и споделуваат на други поопшти теми... али буквално сите мислења до едно да ти се во една тема, и тоа убедувачки мислења и во тема од таков тип... Не знам, освен едно понеутрално мислење-личен став што го пишав – немам намера да се мешам таму бидејќи немам конкретни познавања, ама кога читам од љубопитност од страна се осеќам ко да слушам некој од Лајонес или Хербалајф (тие што ја следат темата знаат на кои два члена мислам). Ете... телегонија, рамна Земја, антиваксери – нема нешто што нема тука
Јас знам за кој член од тие двајца мислиш. И да сакам да ја читам темата, од него/неа не можам. Како да е научник. Мислам дека треба да се направи чистка во темата.
Па ова што ќе го напишам може да се сфати и како критика но исто време и како пофалба. Глобалната модераторка на форумов е премногу мека кога станува збор за личности со кои не треба да биде мека, а што е најинтересното истите овие личности па уште и се жалат за тоа дека цело време биле бришени, бла, бла, бла... Јас да сум на пример би им забранил трајно пристап на луѓе кои навредуваат други луѓе по приватни пораки, па обвинуваат (јавно) без било какви докази и без да побараат најпрвин да се истражи работата други луѓе дека биле дупли-профили и.т.н. Мене додуша овие работи не ми пречат но има луѓе на кои им пречат и тоа не е во ред. Па тоа обвинувања дека форумот бил пристрасен кон одредени членови, па бил партиски, туф, туф, туф. Ако не ви се допаѓа форумот имате други форуми и пишувајте таму на крај крајава каде што сметате дека администрацијата не е пристрасна кон членовите. Едноставно е. А пофалба е зошто во едно време се гледа дека е претерано толерантна личност и дека луѓето најмалку треба да се жалат кога станува збор за нејзиното дејствување и реагирање на форумов. Јас на пример да сум не би ги толерирал многу членови кои не го заслужиле тоа.
Може една забелешка? Зошто не се превзема нешто кога повеќе членови одат оффтопик на одредени (кхм, сите други) теми само затоа што тие се навикнати едни на други во дадени теми односно некој под форум? Не се бришат мислењата, а можеби треба да се превземе и нешто друго. Се спамира насекаде. Форумот е место за релаксација, да. Ама не само за одредена група. А не секој го интересира тоа што дадена група го пишува тука и нивната блискост изразена преку кратки коментари спамери кои не се соодветни за на форум. И не може само да скрола тој на кој му смета сѐ тоа, затоа што каква што е моменталната состојба треба сѐ да скролне. Дури сега разбирам зашто администраторите беа против на почеток за отварање на теми за чет дружби како "некакви муабети".
Највеќе ми боде во очи тоа што има т.н ,,кланови" и што мора одма да се нападне некој ако има поразлично мислење од нашето. Chill форумов е анонимен џабе се докажувате кој е појак
На некои членови мислам дека 90% од постовите во СДК им се цитирање и спротивставување на туѓи постови. Како едвај да чекаат нешто (најчесто погрешно протолкувано) во нечиј пост да ги „повреди“ и да се докажуваат, или пак и да се пронајдат па да се дрзнат и да пишат дека они се инспирација и сл. Иако не е за длабоко лични ствари, членките и за во СДК не за џабе избираат место во некоја тема за дискусија, да се искажат на мира во еден пост таму. Знам дека многу пати за џабе е предлагано ова, ама мислам дека треба изричито да се забранат цитирања со разглобувања во темата.
Како не? Ај провери дали не превзеле? За реинкарнирани манијаци кои на пола форум пратија слики од нивните пениси и за шовенисти кои го навредија секое нормално женско на форумот никому не му е гајле, ама за некои кои никому не направиле штета, одма се дигате. Ептен ви се извртени приоритетите.
Не сум јас таа што дава банови, прашај ги тие што даваат. И има правило на форумот да не се прават дупли. Арно си ми беше на игнор, со тебе не се излегува на крај. Мора да буцнеш. Ајт.
Не реков ти да даваш банови, туку кога веќе банираат одговорните да поразгледаат и пострашни членови за банирање за кои никој ништо не превзема Најлесно е да кажеш "со тебе не се излегува на крај" кога не ти останува ништо друго. Ти би ме игнорирала, ама кога сум ти на игнор не можеш ни на четот да ме читаш, на кој и онака дремеш по цел ден
Не ми се допаѓа што кога ќе ја плеснеш некому вистината в лице упс забораив форум е ова нема в лицезначи кога ќе ја напишеш вистината некому одма тој вели не сфаќаш,ти си ваков-таков,оди во други теми пишувај си итн Сите газди на форумов,а никој не ги прочитува правилата за да завзема таква позиција. Дури и на оваа тема го има тоа. Неверојатно ама вистинито
А има и такви што се дрзнуваат да навредуваат, понижуваат, и сл. Или има напади од типот - Зошто ме цитираш, зошто ме означуваш. Колку што знам, не е забрането да се цитира и означува некој.