Во право си не е забрането. Ама тебе не ти текна дека не е забрането на тема Свекрви и снаи тука ти текна. Убаво им објасни зошто да не те цитираат и означуваат дека ти само сакаш да си кажеш
Да ти одговораам штом ме означуваш. Паметна си ти што само о(д)говараш,мајке му,браво. А и што има да те цитираат и означуваат кога не се речити и паметни ко тебе,кога немаат што да си кажат ко тебе. Мој став е не цитирам никого да му се ставам како треба на форумов не треба нит друг да го чини тоа,јер нит јас нит тој таму е газда на форумов,а за непочитување правила си има модератори да ускочат. Инаку на ваш личен форум кој како сака нека прави,овде е така. И пак не е сјајно вака. На пример не ми се допаѓаат на форумов провокации,лицемерие на пример на една тема се мава во гради за нешто,на друга тема истата ја читаш правам онака сосем обратно од исказот на претходната тема. Потоа договарања во лп на кој ќе му се стават и на некое време таа личност е прозивана во сите можни теми и од сите можни учесници. И сега има пример еден ама нема јавно да го означувам ликот кој е мета на булинг. И така да не должам многу. Има и работи кои ми се допаѓаат ама во друг миг на друга тема,засега толку.
Малку системот на одлуки, од лично искуство, со модератори/админ/банови би рекол. Не сакам да навлагам во динамики кои се овде години пред да дојдам, но сфаќам и прифаќам правила и толкување на таквите од страна на горенаведените членови. Објективен ако бев ОК, ако се налути некој и тоа е во ред, прифаќам. Сигурно си имате причини зошто е така, и прошли искуства. (сакам исто да напоменам не би сакал да бидам во таква кожа, не е лесно, не е платено, не е ценето)
Тебе посебно Среќа има игнор опција, отровни членови ко горната ми се игнорирани. Игнор опцијата МИ СЕ ДОПАЃА
Не ми се допаѓа што нема опција на четот да се гледа секој што влегува како на старата платформа... Таму се зборува за лични проблеми, семејни, психички, здравствени. Шубе ми е и се ежам кога ќе ми текне какви сè сомнителни личности читаат по цел ден од страна муабети кои се прават како во реално друштво што си се знае 100 години, страшно. И не ми се допаѓа што и од модератор се контролираат шегите таму во кои нема навреди и не му пречат на никој што е вклучен, наместо да се опоменуваат тие што заслужуваат.
Царица си жими се'. Навистина, во право си. Секој може да чита разговори кои се водат меѓу истите 20тина луѓе, кои веќе се блиски. Во некоја форма, дури и нарушување на приватност е. Четот е лош модел ... треба да има можност за групни четови, а не само едно место, на кое, секој има пристап.
Мене не ми се допаѓа што на форумот често се случува некој некого да навредува. Доколку ти имаш добри и цврсти аргументи нема потреба од дрско и безобразно однесување. Исто не ми се допаѓа што има некои напалени дечишта. Кога ќе прочитам некој коментар по темите кој нема никаква смисла ми доаѓа да си пукам во колено.
Многу така речени модератори тука, што се испод 18 години, можат да си прават што им душа сака. Како може членови што сеуште учат колку се 2+2 во школо, некако стануваат модератори, и многу мислења од многу поквалитетни членови и постари од нив, се дрзуваат да бришат мислења. Мислам кој ги става нив модератори?
Не знаев дека до 18 години (во гимназија) се учи колку се 2+2. Годините не се мерило за квалитет, посебно не на форумов. Појма немам за што се жалиш, ама камо сите членови и модератори да се однесуваа како оние 2-3ца малолетни меѓу модераторите.
Па не се бркаат ама ги банираат од тема поради лични нечии ќејфови. Ете мене ме банираа од многу теми
Не ми се допаѓа што има многу машки кои штом прочитаат некој ''мрсен" коментар одма у лп се закачаат. Човек не може на раат да си коментира за секс