Забрането е јавно објавување на лични разговори АМА секогаш можете да ја пријавите пораката или да се обратите до нас. Мислам дека како модератори досега секогаш сме биле достапни за сите членови.
Од кога се бришат мислења само со емотикони? Ова е некое ново правило или...? Дај просветлете ме. @RainBow дај среди си ја ситуацијава со модераторчињава или ако не тргнете ги емотиконите и завршена приказна. Само не ми пишувај пак во лп, нека не те праќаат тебе со објаснувања.
Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Правилото е од 2009 година, ноември, кога го постирала администраторката. Се извинувам по лп што ти дадов објаснување, нема да се повтори.
Еве да не ја чекаш Реин, јас ќе ти постирам извадок од правилата на форумов, кои се напишани од Билката во 2009 година (значи, не се измислени вчера и од нас) Spoiler: Дел од ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ 2. Општи правила за дискусија Користете кирилица. Придржувајте се кон правилата за пишување на мислење! Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно. Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде! Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот. Ако цитирате мислење на друг корисник, пожелно е да го цитирате само делот кој го коментирате, а не целиот текст на мислењето. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл. Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Забрането е публикувањето на порнографски слики и видеа. Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција. Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети.
Зашто, иако сме модератори, не сме семоќни и сезнајни, па бришеме кога ќе видиме или кога е пријавено.
Океј. И јас ќе почнам да пријавувам ако е така. Само ќе кажам дека откако има еден куп модератори форумот, па во најмала рака стана срање. Ко 24/7 да сме под надзор. Ни шала не се сфаќа, ни смеа ни ништо.
Не е точно. Сигурно пишуваш во погрешни теми на форумот. Ако ти е до шала, смеење, заебанции, дружење, карање и се во едно има баш во делот за Другата наука Штом осетиш да ти е досадно, дојди да коментираме во темите за магии, бајачи, гатачи , надприродни сили, гледање на кафе и слично , има одма да се расположиш
Тоа што нема теми, на кои би било се' дозволено. И офф топици, и кавги, и навредувања, и се'. Баш ме интересира, до каде сме спремни да одиме
Нечии мислења само се корегираат колку и да се навредливи, нечии се бришат. Форумов перфектно објаснува како функционира оваа ''држава'' Ете затоа никој не ве сака, затоа има толку проблеми оваа држава. Рибата од глава смрди, никој не ви е виновен.
Единдствено што не ми се допаѓа е тоа што повеќето се обидуваат да се докажуваат дека се во право и да наметнуваат мислење. Има и осудувања за некој што има различно размислување. Ова е форум и нема потреба од такви нешта. Се блокираат и членови.
Тоа што после некое време не можеш да поправиш или избришеш пост... Кога веќе не можеш да избришеш профил, добро би било да можеш барем мислењата да се избришат. Некогаш пишуваме работи во ефект, а подоцна се каеме... Исто би можело и барем никот да може да се смени..
Точно, но ова е форум и се развиваат дискусии. Ако почнеме сите да си ги бришеме мислењата ќе настане хаос.
Не ми се допаѓа што од некои членови, лица од ЛГБТ заедницата, се нарекуваат: ненормални, болни, неприродни итн, и тоа не се санкционира.