Шо беше толку јако со цветчињата?Кога спамавте по темите Што јадевте денес, Што носевте денес,за да ги нарокате што повеке мислење и да ви се смени бојата на цветчето, тоа ли? Да не бидам офф, сега засега немам никаков проблем, се ми се допаѓа.
Навистина на форумов неможеш да си го кажеш сопственото мислење!!!!!!! Одма те прават будала, или ако прашаш нешто одма те прават глупав.. Па никој не се родил учен. Salome воопшто не си јака со ова што го напиша. Кој сака тоа ќе си прави, секој што е член на форумов, има еднакви права. И прочитај ги правилата. Фала, Чао, Пријатно.
Не ми се допаѓаат потписите кои се по метро и пол долги. На ништо не личи. Скролаш, скролаш, оволкава слика или пак текст.
Можеш да си ја затемниш. Одиш на твојата иконка горе десно, па Прилагодувања и последното, ќе го видиш.
За форумов искрено и 15 модератори се малку, лично сметам дека во една категорија да има најмалку по тројца. Во секоја категорија, буквално во секоја има по 10 исти теми ама со различен наслов, ме мрзи сега да барам ама сигурно можам да напишам најмалку десет.
mene me nervira shto go nema toa(kako search sho beshe) za prebaruvanje na temi.Beshe mn polesno vleguvash vo odredena kategorija i si ja pishuvash temata pogore,a sega e mn komplicirano me nervira..
@LadyInTheDark ме потсети за ова со пребарувањето. Мене исто ме нервира тоа и порано шо убаво имаше опција, пребараш свое мислње од одредена тема и ти ги покажува сите, сеа како само 2/3 мислења дава.
Мене ме нервира тоа што колку повеќе расте заитересираноста кај членовите за форумов, толку повеќе и расте и индиферентноста кај администраторите на нивните барања,прашања и проблеми. Па сами си се прашуваме и одговараме на техничките проблеми и други прашања кои се однесуваат за форумот.
Горе долу се е ок освен лажниот морал и тоа што не се дозволува да се развие дискусија туку се се сведува на тоа да го кажеш своето лажно мислење т.е мислење што ќе им се допадне на останатите кои исто така лажно морализираат. Смислата на форумот е дискусија и разглабање на темите до најситен детал а не споменар во кој ќе читаме идеализирани мислења и собираме лајкови што впрочем го правиме на ФБ. Ајде на ФБ ми е јасно дека мора да се морализира бидејки таму те знаат сите која си и што си и нормално ако не заради себе тогаш заради твоите мораме да премолчиме некои работи.
Ова не е случајно! Вака, од мобилен кога се пуштам само мене ми вели(посочува) прво на Чет да одам за да договорам секс таму? Spoiler ако сакаш секс оди на чет
^Пол,не е само кај тебе. Мене ми смета тоа што секој нов член со 0 мислења се закачува на чет, спамира,а се наоѓаат и такви што понекогаш навредуваат и досадуваат. Навистина би било добро да се врати старата опција,барем со по 50(или 100) мислења минимум па дури тогаш да може чет да се отвори.
Хахахахахахахаха не можам, абе цар си жими сѐ! Он топик, се согласувам со Ан за ограничувањето на чет, навистина треба повторно да се врати. Исто ми фали копче "ми се допаѓа" на коментарите на профил, како замена за заблагодарување мислам дека е стварно потребно таму. Она што најмногу ми пречи е расипувањето на релаксирачки теми со негативната енергија на некои членки... да си кажам штом сум тука ете, иако воглавно темата е за технички работи I guess...
Кога двајца члена буквално ќе си преземат цела тема (а и категорија), и ќе се расправаат со по 80 одговори меѓу себе. Повеќето омилени теми за читање ми отидоа во неповрат
Дефинитивно кога седам од мобилен Пријави и Ми се допаѓа се едно под друго, па сите имате јадено по една пријава од мене (дур се помирив да не лајкувам кога сум од телефон) Друго за сега ми е баш онака, океј.
1. Неколку пати ми се има случено чим ја отворам странава, банерот за Мелем сам да ми се отвори и директ у темата идам. И не, не е случајно оти 7 пати ми се има десено. 2. На цел форум, еден модератор ( на кој душата му ја извадивме ) ?! Па не е нешто форумов активен по сите подфоруми, па да не може барем 2ца - 3ца модератори да завршат работа. Најверојатно се плаќаат, ама па тоа не е ни мој проблем - што сте отварале форум тогаш?! Земете дајте им по 3 илјадарки месечно, нека седат по 2 саати дневно, и ајт на здравје.