Истово сакав да го кажам. Мислам дека не треба да може да бидат скриени тие што се на чет, туку секој кој е на чет да го покажува дека е таму. А не цело време шпиони да изиграваат.
Проверивме дали е возможно технички да се изведе тоа и да, постои таква можност, па наскоро ќе се имплементира и ќе се гледаат сите присутни на чет. Се надеваме дека со тоа ќе се стави малку ред на четот и веќе нема да има никакви забуни.
Забуни имаше само кај тие членови што мислеа дека четот е соба за оговарање и навредување. Кога јас би се прашала, четот би го укинала, не ја гледам потребата од него,.па сите имаат лични сандачиња ако толку им се прави моабет.
Јавно на културен начин прв и последен пат ги замолувам двајца членови да престанат да ме замараат со тоа дека сум била трол на форумот оти поголеми тролови од вас со по 2 -3 кориснички имиња од иста личност ,што дремите по 24 часа на форум нема. Ќе ви бидам благодарна во иднина да ме игнорирате штом толку ви пречам со мојот начин на комуникација. Цело време сум мирна , а упорно провоцирате и барате кавги. Толку имам да кажам. Фала многу. Пријатно.
Не ми се допаѓа оти ми ја избришаа темата, а сакав да им направам услуга на пријателчињата. Мислам дека го држам рекордот за најбрзо избришана тема.
Со десетина члена на игнор (им ги читам глупостите, но секогаш веќе имам на памет колку се безвредни за поголема дискусија) - сè помалку нешта не ми се допаѓаат на форумов. Супер е вака, пробајте.
И мене форумот сѐ поубав и поубав ми станува И ќејф ми прави што ме игнорираат главните, барем не морам да ги читам
Многу нешта,ама најмногу тоа што некои модератори упорно ги тормозат членовите за почитување на правилата,а и тие самите не ги почитуваат.
Да. Тоа што на популарни членови им е дозволено да пишуваат на латиница Тоа што на популарни членови не се бришат оф топик мислења. Тоа што популарни членови и модератори смеат да ги прекршуваат правилата на форумов. Тоа што модераторите не се платени, барем К-15 да земаат доволно ќе е.
што ли е оваа работа, прво ги критикуваш дека не работат добро а потоа бараш да ги наградиш барем со 13 плата
Како и да работат битно е дека работат, трошат време на форумот. И докторите со врски примаат пациенти преку ред па земаат плата.
...се потрудив на фото натпреварот да дадам совет околу величина на фотографија да личи на нешто, објаснувајќи како треба доколку некој од членовите би го научиле тоа не би биле фотографиите долги како виршли со што се губи убавината на самата фотографија, и наместо да се цени мојот труд едноставно се избриша коментарот без никакво образложување, доколку би било како оф топик мојот коментар би било ферски да се премести објаснувањето на некое соодветно место да би некој научил нешто ако сака околу фотографијата, а не само бриши! Можеби нема награди ....можеби е само забава.... но натпреварот не е само ставај фотка по тема, туку треба и нешто да се научи секој да се потруди следниот пат да биде поуспешен со почитување на некои фотографски правила... а не само удри фотка со крив хоризонт на море како да истече водата странично од морето или осветлена фотографија...итн! Форумите не се само за дружење, туку и да се научи нешто... модерирање не значи само бришење туку и следење на континуитет на коментирање и постови за едукативно добро на самиот форум!
Незнам што рипаш,девојката ама буквално не кажа ништо лошо,знаеш дека за вакви фотогравски совети се плаќа?девојката дава позитивни критики за сликите да се убави на око,да не се во ОГРОМНА РЕЗОЛУЦИЈА,за да не мора да скролам 5 мин за да ја видам убаво сликата,него едноставно да се намали резолуцијата за да се види без замарање сликата.Ова не важи само за во темата(а фото натпреварот),него општо каде што се постираат слики,и идеата е баш убава.Никого ни навреди со некој збор,ни нешто лошо кажа,а гледам деновиве рипаш многу да се расправаш,смири малце хормони,ичисти негативни мисли,и само чил и све ке е ок Советов ти е на место ептен,може многу да се научи за фотогорафија на форумов,ако се сака,има луѓе што сликаат,и заработуваат од тоа,па може да дадат прекрасни совети,али оној кој сака да учи и слуша,а оној кој му е сеедно каква ке е фотографијата го заболе и за совети и за све,затоа многу многу не се замарај околу тоа,гледаш дека си тераат секој своја политика,и така и ке биде,затоа сликај си ти како мислиш и така прави си,а ако некој сака совет ке те праша,и обрне внимание.
Многу ферски беше нејзиниот коментар во темата..лично го прочитав.И убаво е некој да им/ни каже мислење.Само не секој се носи со критика...
... млада си уште, не знаеш ниту кои стои позади никот па коментираш, најдобра намера ми е да придонесам за квалитетен форум, ама изгледа не вреди до тука е нивото на нашата младина ...јас сум админ на фотогрупи во Словенија и Србија влегов овде овие денови... мислам ејјј зашто сакате да останете на нивото што сте? зашто не сакате да научите нешто повеќе? некој однадвор може да го чита форумот или да ги гледа тие теми за фотографија...и? зашто да биде на подсмев да речат види ги овие од МКД појма немаат од фотографија...ниту пак се трудат, креативноста и труд на фотографија ги сметаш онака сликни постирај...зошто членовите да не научат правилно да постават фотки?! се навреди затоа што кажав „виршли“ употребив токму соодветен форумски сленг и споредба како се фотографиите според резолуција ваму не се сака да се потрудиме да бидат со нормална величина фотографиите, а ваму се вреѓаме за изразот „виршли“ па должината како ќе ја кажеш на фотографијата во пиксeл или резолуција? ќе ме разбере ли некој? ...не сум дојдена да се расправам...ниту пак модераторите да постават свои правила и ништо друго... стерилност на форум сакате...не сакате ништо да научиме?
Има тема за критики на фотографии, пишувајте таму кои сакате. Темава за која зборите, не е наменета за тоа. А и форумов не е фотографски, па до толку сериозно да навлегуваме во вакви работи.