Штом така, модераторот треба да го префрли мислењето таму, а не да го брише. Потреба од вакви нервозни реакции немаше ама баш никаква. Бре, бре, chill малце. Премногу сериозно го сфаќате форумов. Ко што се ближи Нова година, се понапнато и понапнато е некако.... или ми се чини .
Баталете пристрасност, не сме телиња овде на форумот...и дефинитивно некои членови треба да разберат дека светот не се врти околу нив.
Ne mi se dopaga toa sto mi gi izbrkaa mojte obozavani likovi. Ne sum tip koj tek taka letka kako pcelicka od cveke na cveke. Nemam veke interes da citam osven da gledam slikicki .
Во последно време не ми се сфиѓаат некои работи: 1.Модераторите или бришат или вршат преправки без причина. 2.Кланови!!Зашто??Надвор од форумов бидете си браќа/сестри што сакате ама не бидете овде пристрасни бидејќи сите нè реметите.Двајца дискутираат или се караат и мора член од кланот да се укрца како back up.Slow down возрасни сме не ни треба заштита..сите сме способни да се караме и расправаме. Доста се такмичите во тоа кој ќе испадне попаметен и поначитан.Тоа не ве прави подобри луѓе океј?Поготово кога го набивате тоа на нос или си ги фалите другарчињата. Не сум jelly ама преку глава ми е. Упорно со недели ако не и месеци ви посочувам некои работи ДИРЕКТНО, и отворено вие мене на игнор ме ставате.Ок И дај носете се со фактот дека ќе бидете критикувани и дека има различни мислења од вашите.Get it or get over it
Многу сте пристрасни. Ако нешто е направено од член што ви се допаѓа, одма ќе го пофалите, браните секаде, застанете на негова страна. Ако е од некој надвор од ваше друштво, одма сите на напад. Мислам..ако не сте знаеле Забележливо е. И ок е, мислам, ако не ме брани другарот, кој друг? Ама после немојте како сте објективни и реални и не знам што. :/
Океј еве, извинете што можда изреагирав бурно, но мрчење премногу мразам. @bijonse, ако ти се критикуваат фотографии, еве ти соодветна тема. Прочитај ги правилата (во нив пишува јасно - Критиките се на доброволна база и не смеат да бидат навредливи) и како коментирале членовите кога се отворила темата, па коментирај во склад на тоа, активирај ја темата и критикувај исклучиво слики кои членови избрале таму да ги постираат (оти да, другите теми се за забава, не за критики). Тука има мајстори за фотографија, па никогаш не рекле дека фотографиите на форумов се за потсмев, срам и дека некоја фотка на ништо не личи. Не е во ред и точка. Тој збор критика не ви е оправдание за сѐ - и за критикување постои култура и осет, а и не се дава кога не е побарана.
...треба да се извиниш на @bijonse , а не на сите членови на твојата реакција, оти мене ми изреагира, а не нив, ова ТИ испаѓа како да се умилкуваш на мнозинството а? самуанспешал? во кој смисол? ... гледам дека конкурираш за најфорумџивка на форумов ...и молим те кого навредив јас, па да ми насочуваш како да се однесувам и на која тема? да не важи тоа за тебе а? ама нема кој да ти го каже... ама еве јас ќе ти го кажам, дека е срамота да лажеш и да ги испревртуваш туѓите т.е. моите зборови и добри намери, ниту сум рекла дека „некоја фотка на ништо не личи“ ниту дека „форумов е за потсмев“... сама си ги коментираш мислите можеби а?
На форумов не ми се допаѓа темата што последно си купивте т.е , темата е супер, ама слики од најсекојдневни потреби како: тоалетна, јогурт, леб инт
Темата не е ограничена,сите го постираат она што го купиле последно.Ако не ти одговара да гледаш храна,не ја отворај темата и крај.
Кај ќе му беше крајот на форумов ако не отворавме тоа што не ни одговара да гледаме Темава е да се каже дали некоја тема (или нешто општо) не ти се допаѓа, па да дадеш сугестија како би се сменило/подобрило нештото. Најлесен и најглуп одговор е Ako Ne Ti oDogovaRa ne chitaJ Финтата е да смени ако има нешто лошо и да се чита во што повеќе теми, а не да не се игнорираат темите.
Денес имаше случај на нов член, прва активност му е отворање тема со провокативен наслов и изнесување податоци за некоја личност. Сакам да прашам, некое регулирање на сетинзи нема, нов член да не може да отвора теми? @RainBow ? Не мора да ми одговорите, чисто како предлог, незнам дали е ова соодветно место ама посоодветно не ми текнува.
Добро би било да има опција за преглед на тема и одобрување од администратор или модератор пред да биде отворена и објавена. @Mihajlo ? Ова веќе и порано беше предлагано мислам.
Не ми се допаѓа тоа што нема опција „мини“ чат каде би се канеле да дојдиме на вистинскиот чат. Неќам да се брукам поќе во темите да молам луѓе да идат (ко сме кај то, плс дојдете таму сум). Како да памтам да имаше ваква опција некогаш, ама можно е да беше и друг светол форум.
Епа аутоигнор нека ти измислат краЉице, така само може да не читаш негатива. Баш од тебе ниеден убав збор немам прочитано... Нашол кој да се буни.
Знам дека ти се поматени критериумите за позитивно и негативно. Јас не сум таа што се обесува на членови за да ги навредува и исмева, можеби возвраќам соодветно, ама никогаш не започнувам таков ланец, не спаѓа во моите интереси. Мислам, се знае овде кои се тие што глумат емпати загрижени за општото добро, а не можат да задржат човечко ниво кога некому директно се обраќаат. Од кај знаете вие кој низ што минува? Некој можеби се справува со смртен случај (јас бев пред 2 години во таква ситуација, на форумов се релаксирав, а ми се случи хиени да ми се нафрлат без повод), некој е можеби депресивен, некој се соочува со болест своја или на блиска личност. Вие не мислите, или сте помислиле, ама не ви е гајле за некој што нема навика да се дружи со вас, со што отпаѓа дека сте грижливи емпати.
Да си го прекрстите форумов Женски домаќински муабети, vol 2. И стриктно да примате прави Рисјани, со крштениче, плодни, фамилијарни луѓе. Се утепаа испраќање навреди кон цела група на луѓе, ама во моментот кога некој ќе им врати со нивен вокабулар банови летаат. Исто како што на ропакот кој бараше невеста за анал за да си ја изневери жената мислењето стои, а моето кое поентира дека форумов не е Тиндер за анал е избришано. Терајте, топ сте.
@KateKane И да направат верзија од форумот во црна боја на кој ќе можеме да се логираме преку Мрачниот Интернет. Што не иде нормални добри чесни побожни луѓе да се мешаат со остатокот од нас- кандидати за палење на клада, не иде После кога ќе се отселиме туто комплето во странство, ќе си ставиме и јапонска поддршка А да не испадне дека сме лоши, ете предлог за Домаќинскиот форум е богородични емотикони, цветна позадина, а кога ќе се отвара, да мириса на лаванда