Јас сум администратор на група на фб со 10.000 членови, и морам да им објаснувам на секое дека е забрането да се ставаат реклами, да се вреѓаат меѓусебе,да шират омраза ама тоа трае кратко и по една недела пак истото. Џабе стојат прикачени правилата, кога не читаат. А замисли на форум преку скоро 1 милион членови.
@buba4e89 се нема ред,а во последно време стана хаос. Се правеа т.н кланови и те едни членови си одеа спротивно.Ми се одмили и форум и се ради нив.Едно време немаше ни клан ни ништо.Ама сега сите се си другачки па си се поддржуват во се.Се изначитав се и свашта и можам да заклучам има премногу злоба овде. Забегав ептен.Он топик:сума сумарум заради тоа другачка ми е да и прогледам низ прсти стигнавме овде. Да си модератор претпоставувам е тешко.НО кај се Михајло и Билката?Нив како мува да не ги лази.Нека направат две категории туризам и миленици и нека ја стават таа поддшката на кирилица како порано.
Јас имам 10 групи на кои сум администратор, и кои се со доата членови, но го немам тој проблем. Јас на друг начин ги решавам рекламите и спамирањата. Зависи како си се поставила и ти кон нив, на кој начин ја работиш групата. Јас дури и заработувам од фб групите.
Те разбирам и се слагам со тебе. Сега ќе дојдат душебрижниците и ќе почнат да не напаѓаат како ние сме се и сешто.
Со 5-6 администратори и 2 модератори, тешко дека ќе заработиш. Јас сум сам на сите групи. Не сакам да спомнувам цифри, но од преклани заработувам од групите, не е многу бидејќи не се алчам многу по пари, го работам повеќе како хоби.
Точно кој не пробал или видел како функционира одржувањето на еден форум не може да знае колку е напорно,мачно и стресно каде што секојдневно имаш коментари кои се граничат со правилата на форумот,пак пријави,известувања на лп за некои недостатоци,нерегуларности,спамирање и сл. но во секој случај треба доста време да се посвети. Исто како @Ма.нев сум бил порано модератор на форум,потоа и на мој форум кој ми беше врзан со веб сајтот и се тоа на крај баталив заради обврски и недостиг на слободно време,за сега да си останам на блог и да си фурам со него.
Супер. Сепак ние повеќе ко од хоби, да имаш прочиташ искуство, помош или да побараш нешто. Отидовме оф-топик.
@buba4e89 и @Ма.нев си ги измеривте на кого е поголем....бројот на членовите во групите? И да бараш нема да добиеш доста нас не плаќаат по секое избришано мислење или барем така некој мисли Се е тоа на доброволна база... За туризам и патувње има цел подфорум, тоа ти е исто како секција само за патување се пишува, што ќе ви е нова? За домашни миленици си има тема, зарем треба да разглабаме за секоја раса посебно? имаше едно време поактивен форум само за миленици, сигурно не се решиле да отворат тука дел за миленици од истите причини што и тој што веќе го има не е многу посетен и популарен па и тука не се отвара со 2 теми цел подфорум.. Па да зјае празен.. да има теми и дискусија верувам дека Михајло ќе отвори, немој да мислите дека е незаинтересиран и никаде го нема само поради тоа што не пишува
Што не ми се допаѓа на форумот ? НЕ МЕ БЕНДИСУВА И МЕ ПЛАШИ тоа што форумов е како дрога, толку ке те навлече, ќе те направи зависник, што дури и тие членки кои упорно тврдеа дека имаат живот и надвор од форумов, дека не ги сфаќаат некои мислења здраво за готово и не може да ги дирне у нерв, не ги тангира и не се потресуваат многу..и ЕТЕ тие истите, толку се навредија, вистински се потресоа и демонстративно објавија дека ке го напуштат форумов( што не верувам, сигурно ѕиркаат секоја секунда да видат дали некој ке ги спомене). Плачки на форумов...да видам да не верувам
Во најмала рака како поткатегорија во "дом" да биди. Зошто некогаш кога барам нешто за миленици се загинвам низ темата. Дур најдам то по барав, за да активирам теми, барам на друго место кај шо ќе ми е попрегледно и побрзо. Не можи нешто да е активно ако треба да потрошам време за да го најдам.
@Dust , една тема не е доволно, ни две ни три за миленици, си треба цела секција искрено. Тоа многу кучкари коа сум шетала у парк го спомнувале пример... Има тука кинологија, финолологија, папагали, глодари, акваристика многу што да се смести.
Има и други потфоруми што зјаат празни, па никому ништо. Тие муабети не ви држат вода. Неажурни и незаинтересирани сте. Демек поубаво е во потфорум дом да има еден куп теми за миленици? Која е логиката? Дека се домашни миленици, па затоа во "дом"? Свашта Ај кога веќе пишувам, да кажам дека треба и подфорумот семејство да се среди. Има еден куп теми кои не припаѓаат на некоја подкатегорија конкретно, ама бидејќи не постојат заеднички теми, одредени теми мора да се отвораат во "брак" пример, а опфаќаат и деца и бременост итн. Не дека некој ќе реагира на постов
Не ми се допаѓа што некој добива перманентен бан за ‘оф топици’ додека друг со нов профил никнува редовно и гајле си нема правда?
Се согласувам дека е редно време да се средат некои работи, како тие што ги наброја. Работиме и на други новости, ќе гледаме и да одвоиме поткатегории за кои има потреба.
Стварно е потребно да се одвојат темите за миленици. А,треба и поредовно да се проверува СДК,често се полни со навреди.
Од кога знам се работи на новости и уште ништо ново нема. Мора да бидете инвентивни за да привлечете членови а имам впечаток дека секој ден се повеќе членови го напуштаат форумов
Ќе биде навистина наскоро, знам дека сме бавни. Ама ќе има интересни работи. Сигурно и повод за малку мрчење, ама ќе се освежиме важно.
Отворете и една тема, кај шо ќе можи се' шо ќе ти текни да пишиш, без цензура, без ништо, да видиме до кај можи да забегаме