Бабо,женско сум,заборави? Пишува женски пол под сликата. Се вели наполнила. И ќе дигам чалами колку сакам.
@forumce Алал да ни е бе Она кој користел зборчиња англиски се правел паметен го замислувам како старинското, фалење низ селото Небаре англиски е нешто прекомплицирано и преинтелектуално, а како го правите, човек ќе помисли дека дискусии тука се воделе на странски, па толку боделе очи За англиски на Фемина, патем збор кој исто така не е македонски , не знам колку бодел очи, ама македонски на латиница- диос мио баш така, а за тоа има и пишано правило, па никому ништо
Од толку што се обидуваат некои да изгледаат паметни, испаѓаат смешни на крај. Кажав што ми смета, не знам зошто некој толку се најде засегнат па сѐ да оде против и да се правда.Страшна работа сте. Зошто на даст не ѝ реплицирате? Или она е модератор, а на нив се улизувате?
@forumce Во првиот мој пост, не му се обратив никому, и јас си дадов свое мислење. Потоа ти ми реплицираше, и ти вратив, едноставно @Dust Прашина, да знаеш дека ти се улизнувам
Само ќе кажам дека членка во еден момент пиша дека маж има право да силува жена доколку се во брак. Неколку месеци подоцна истата жена на кон која беше упатено тоа објави дека планира самоубиство. Мислењето уште стои.
Мислам дека знам за која зборуваш. Заштитена бела мечка, тоа е. Тоа се тие возрасни кои „ни го оправаат редот на форумот“.
Истата таа која е прва да се избаци со некоја ''шега'' на секоја посериозна тема. Ама право на мислење, нели.
И останаа асални на форум или не? Ако не, да пакувам и јас куферите. Требаше уште кога бев прогласена за сексист затоа што бев против двојни аршини. Мислам, кој ме разбра тогаш, ме разбра. Ќе поседам дур видам како иде.
Дечки мислам дека го претерувате со контрањево. Многу пати не се сложувам со мислења ама на 80% од таквите не реплицирам баш поради тоа ова, пошто дебативе одат до недоглед и најчесто завршуваат со навреди. Да имаш ставови во животот е супер, така и треба. И мило ми е што има млади членови со ставови, Меѓутоа мислам дека подобар начин е да имаш став и да го искажеш ,без да го наметнуваш и да се убедуваш со други членови кои го немаат истиот став. Затоа и ми беше објавата од пред некој ден, кои младите членови ја сфатија како навреда,што мислам дека не беше ок,зошто јас навредлив збор не употребив. Поентата ми беше дека не треба толку агресивно да се убедувате со други членови.Едноставно кажете си го ставот и ако видите дека води кон расправија,не реплицирајте.Истото го мислам и за други членови кои така настапуваат,не само за помладите.Има и постари што не знаат за граница. Нормално дека секој член може како сака да се однесува и дека не можам јас да кажувам како треба, ама за доброто на форумот дајте малку повеќе самоконтрола да имаме. Можеби на погрешен начин се изразив ама стварно бев исфустрирана од контрања на секоја тема ,кај и да отвориш тензии и напади. Се надевам дека нема ПАК погрешно да ме разберете.
Ајде вака сега. И порано имаше гадни кавги на форумов ама не се дозволуваше да се надмине границата на здраворазумска дискусија. Штом ќе почнеа навреди, се заклучуваше темата. Доволно беше две членки виртуелно да се дограбат за коса, СИТЕ одмараа некое време. Затоа, кога ќе станеше жешко, останатите, без разлика на која страна припаѓаа со ставовите, самите се трудеа да ја смират топката. Сега? Буре барут е станат форумов. Не ја кривам @RainBow, туку тие кои стојат зад форумов, еден човек не може се да постигне, ниту пак треба тоа да се бара. Се отвори конкурс за модератори, видовме тоа како неславно заврши. Очајно е потребен нов, објективен член на тимот (па и повеќе) кој ќе реагира штом ќе се премине некоја граница. Темата со јагнето? Требаше да се затвори додека да се смират страстите. Зошто е затворена темата за „Телегонија“, а оваа уште стои? Требаше општ крш да стане во „Парада на гордноста“, да фрчат навреди на сите страни па дури тогаш да се превземе нешто? На форумов сум да се релаксирам, не да се полнам со негативна енергија а токму тоа ми се случува уште од есенва. Отвори тема, кавга. Отвори друга тема, пак кавга. Отвори трета тема, кавгата од втората тема продолжила тука. Затвори форум. Има членови кои намерно и свесно провоцираат. Знаеме кој се. Зошто тоа се толерира? Да е еднаш или двапати, ќе речеш така се погодило, нема некоја позадина, се погодиле дискусиите. Ама во сите теми? Во Сдк, на рендом мислења? Најозбилно, и во „Боја на кармин“, очекувам да видам цитирање и карање дека розев кармин е поубав од црвен. Или едноставно дека члекната врска нема. Е до тоа дереџе е дојден форумов. Не потпаѓам на провокации, ставовите ми се тие, никогаш не сум била банирана од тема. А не е дека не сум налетала на дрски членови кои не научија и не научија нормално да комуницираат на форум. Години поминаа, они уште користат ад хоминем напади. Недостаток на аргументи? Удри по членот, ваква е, таква е, онаква е. Не сум се спуштила на тоа ниво. Каква сум, таква сум, барем имам култура на форумска комуникација и тоа е тоа што фали моментално. Кога порано се толерирале директни навреди на форумов, екстремно дрзок начин на изразување, постојани расправии? Окцензи зошто јадеше траен бан? А сега ги има неколку бетер од неа, па никому ништо. Исто, кога се зачленив имаше неколку девојки кои ми имаа оставено ептен супер впечаток. Одлично формулирани мислења, со топ речник, издржани ставови. Мислев дека станува збор за возрасни жени. Замислете ми го изненадувањето кога се покажа дека дел од тие девојки биле бааги помлади од мене и тогаш имале по едвај дваесетина години. „Дечурлана“, по новото. Почитувани членки, вклучени во повеќе дискусии. Никогаш, ама баш никогаш не сретнав некој да го отфрли нивното мислење како невалидно само зошто биле млади. А моментално „врска немаш ти што збориш, дериште едно“ е лајтмотив на форумов. Супер... И за крај една прогноза, ако не се среди ситуацијата. Повозрасните членки, и оние кои сакаат посмирен форумски живот, ќе си пишуваат во +/- 40. На „децата“ ќе им пукне филм, па и тие скроз ќе се повлечат во младинското коше. А останатиот теми на форумот, те цел форум, нека зјае неактивен. Приметувате дека веќе некое време нема нови активни членови? Епа ако ни е.
Кога ќе (ако) назначувате модератори во новите подфоруми кои ги планирате, гледајте нека не бидат оние што четуваат меѓу себе низ темите и тролаат.
...и ? во што си ТИ инволвирана за тој коментар? или си соучесник што ја баниравте засекогаш вашата долгогодишна форумска колешка тука, додуше ти си од 2018 година член, таа од 2015 година! ... и биди љубезна насочи го постот со коментар тука дека ќе изврши некој самоубиство токму од медицинска гледна точка да помогнам на членката доколку има мака и ете сака да се самоуби ако веќе не го сторила тоа, дали е вистина тоа или пак некое сопствено намерно насочување,, оти ако кажеш дека некоја јавно рекла дека ќе се самоубие треба да се помогне па и да се пријави ако треба за да не го стори тоа, но ако се измисли на ваков начин што мислиш треба да одговараш за наметнување самоубиство според член на кривичен закон за насочување за извршување на кривично дело макар било врз себе?? .. ај откри ни како успеа да учестуваш во нејзино целосно банирање од форумов или се самоубила, па ја нема??