Целта на постот беше порака до модераторите дека има теми на форумот кои се доста осетливи и на кои треба да се посвети особено внимание. Втора порака, која не беше сфатена е дека форумов е составен од луѓе со емоции и малку контрола и емпатија нема да штети. Не знаеме низ што поминува другата страна. Најискрено сметам дека кога некој греши треба да има некој кој ќе му го кажи тоа. Членката грешеше, и тоа многу. Но, пораката не беше само до неа туку до сите. Не беше со цел некој да биди баниран. За вториот дел не те сфатив, извини. Објасни уште еднаш те молам.
Не ми се допаѓа кога ми едитираат мислења до тој степен што не го ни изразуваат мојот став веќе, а на мислењето не ни стои "Изменето од модератор". Изгледа кога админ менува мислења не остава траг. Значи можете да направите секој да каже што вие сакате?
Мене не ми се допаѓа тоа што ми бришат мислења кои се критики кон Заев,а се во склоп на темата,а не бришат мислења кои често се преостри критики кон Груевски и Мицкоски. Не може да толерирате само една политичка страна,морате сите!
Не е само за таа тема(и во Актуелни Политички Настани и други),ама не може да зборат за еднаквост и толеранција,а самите тие да не се придржуваат на тоа. Треба смена на модератори.
Секој модератор може да редактира пост и да не стои дека е изменето, не мора да е админ. Си имаше опција и си бираш дали да пишува тоа одоздола, така барем памтам јас дека беше технички од кога бев модератор, нека ме поправат ако грешам...
Хаха, катастрофа. Значи тотално може како сакаат да ти менуваат. Некој ме лажеше дека морало да пишува, затоа
Заобиколување на правилата во врска со цитирањето. Многу нормално дека без цитирање и надоврзување на туѓи мислења, споделување секакви искуства во врска со нешто ќе нема дискусија. Само некако гледам дека ќе прочита некој нешто во една тема, конкретно СДК без цитирање, па без тагнувања во другата тема ќе пишат нешто зајадливо и индиректно насочено кон личноста што го пишала постот. Многу некако се подбуцнуваат едни со други, од една тема во друга, ќе разврзат цели страници со цитирања што воопшто не придонесуваат за дискусијата туку се меѓусебна расправија. Заборава човек во која тема воопшто влегол. Друго, преземање мерки, како бан, неважно траен/привремен. Како едни може да бидат толерирани без разлика на кое простачко ниво им е начинот на дискутирање, а други ги банираат и им бришат мислења во кои нема апсолутно ништо навредливо? Премногу пати се зборувало за ова и уште не е средено.
Чудна работа, никако да налетам на некој манијак.... оние кои ме контактирале биле мирни машки кои бараат совет за љубовен проблем. Не знам во кои теми се бутате и ги начекувате манијаците Уствари ќе се активирам сега во секс темите по ред па да видам дали ќе ми пиши и на мене некој од тие што вас ве контактирале. Баш ме интересира. Почнувам со акција веднаш.
Ќе ти пишат. Мене сега не ми пишуваат, ми пишуваа пред две-три години кога оставав коментари во тие теми. Ама муабетот никогаш не излегол од контрола па да се пожалам дека манијаци имало. Ваљда затоа што не ни враќав на пораките.
Ништо, се откажувам. Цел саат дремам во темите за секс и никој од манијаците не ми пишал. Реков јас , Тошо не е малер, туку јас сум Сама ќе се испратам
Забегуваат со мислењата и ми навлегуваат што сум пишувала по други теми што студирам и сл тоа е приватност ја уопште не паметам кој што пишувал по други теми и истото да му го истурам на сосем различни теми. Значи во темата за таксистот што ја нападна жената имав поразлично мислење од 80 посто од форумџиите и ме нападнаа па што сум учела па како да сум постапувала што сум факултет кај што. Смешно ми е дури.
Не се чуди. Така е тоа на форумов. Ако твоето мислење им боде очи на одредени форумџики, парче ќе те направат. Ти ќе си добиеш бан, а они ќе поминат без опомена и ќе си тераат по старо.
А нај ми е смешно зборат се за еднаквост а секој да има свое мислење, став, а скокат кога не им се свиѓа мислењето на некој поединец како да и убил некој со секакви зборови и му се мешаат. Иронично ако не ти се свиѓа или иритира некој блок и не се замарај. Е каква е таа еднаквост, тоа значи дека сакаш да е по твое ако ми го критикуваш толку мислењето.
Затоа што тоа што кажуваш дека го студираш е многу битна и хумана професија за која треба разбирање кон пациентот, да се бара решение кон проблематиката со разговор. Никоја феминка не би сакала да оди да побара разговор и стручна помош од некој психолог, а тој да почне да ја навредува со такви изјави како ти што ги напиша. Немам ништо против тебе, не сум ти ни кажала вака, но читајќи те ете добив таков впечаток и морав да напишам. Еве и јас сум здравствен иден работник, тукушто завршив средно за фармацевтски техничар, за месец дена веќе можам во аптека да почнам да работам и да те услужувам. Земи пример еве од мене нека е, дали ќе е во ред, да ми побараш некои лекови да те услужам, јас да ти се исмејувам, како може тоа да го земеш, да го пиеш или тука да раскажувам што си побарала и да се смеам за истото. Некои професии бараат голема одговорност, а ете ти студираш една од нив, значи треба пред се да имаш големо разбирање, да не си конзервативна, да не осудуваш, а најмалку вака да пишуваш. Верувај дека не би сакал нитуеден да доаѓа кај тебе, доколку се однесуваш така. Млада си, допрва си почнала да го студираш истото, мислам дека можеш да го промениш однесувањето за да станеш психолог кај кој би сакал секој да го посети. И верувај и на форумот може да се забележи кој каков е во својата професија, мала држава сме, доволно е во тема за препораки на психолог на форумот да се пише искуство лошо или добро од кај некој психолог и да стане познат или по добро или по лошо. И иако сум офф топик, не ме бришете, сакам да остане ова во темава.
Да кажеш дека сметаш дека некој не е психички во ред или дека е наркоман не е навреда. Јас по мој апретпоставка кажав дека дамата што напаѓа не е во ред психички и и треба третман и тоа не е навреда. Се ако го сметаме за навреда да кажеме на некој дека му треба помош и дека е болен ке останеме конзервативни и ке ни е срам да одиме на психијатар.Во ниеден случај не сум кажала види ја каква шминка е види ја гола жена само кажав дека такво непримерно однесување води кон шизофренија и тоа не е навреда тоа е болест како и сите други болести.
Абе не треба да ти е срам да одиш на психијатар или на било кој доктор.А,психијатар,а гинеколок,лекар е. Ама случајно да не мислеше на психолог?
Извини, извини, извини што морам да те цитирам , ама верувај немам лоши намери. Дали тоа што работам на аеродром ме прави најголема курва бидејќи имам најдено ебач од форумот и почнав да се посветувам на темите за секс ? Срцко, јас и ти не сме си пишувале и не знам во кои теми коментираш, но моето посрано понашање на форум нема ама баш никаква врска со она каква сум јас додека сум на работа. Поздрав и извини уште еднаш ако ме сфатиш погрешно.