Ама никој не ти се замеша. Ти сама почна со тоа, свесно ја сподели таа информација и прилично упорна беше во делењето совети. Ок, еве се препишуваме на твоето неискуство, ама за во иднина мој најдобронамерен совет ти е прво да броиш до десет, а потоа да коментираш, особено на така сензитивни теми!! Некогаш поарно и да молчиш ако не си сигурен во тоа што го зборуваш.
Да кажеш дека некоја особа не е психички во ред или има некои психолошки отстапувања е едно, а да искористиш во навредлива конотација дијагноза и те како е навредливо. Во европски земји и лиценците за работа ги одзимаат за тоа. Не знам како студираш, а не си запознаена со тоа. Не знам дали си исто така информирана дека тука книги се повлекуваат каде што се МИСЛИ дека постојат навредливи зборови. Дека имаше случај пред две три години каде што име на институт сменија затоа што се смета дека зборот во името е навредлив. Затоа во Мк да се направи статистика ќе се види дека луѓето повеќе одат по бајачки и алтернативни лекари заради ваквите изјави на психолозите (секоја чест на исклучоци). Да не шпекулирам многу но се надевам дека си прва година и дека со текот на времето ќе осознаеш повеќе работи и ќе сфатиш што значи ова што ти го кажувам и исто на пракса ќе увидиш како на психијатрија се однесуваат кон лицата што имаат шизофренија. А се надевам дека и кај нас ќе се воведе таков закон кај што секој ќе си одговара. Исто така и кога ќе се вработиш во државна институција потпишуваш договор каде што не смееш да збориш за тоа што го гледаш на работа, а не па за некој твој пациент да кажеш така. Замислете затоа што некој има хив (се извинувам што го користам ова како пример од се срце) некој доктор да рече овој е сидаш .... мислам користење дијагноза за да се опише некоја личност или карактеристика посебно во навредлива конотација е дно. ЕДИТ: „Терминот „наркоман“ во себе содржи стигмa и осуда, особено доколку се земе предвид начинот на кој тој се употребува во секојдневниот говор со цел омаловажување и делегитимирање на личноста која употребува дроги. Терминологијата која се употребува денес од страна на СЗО, УНАИДС и УНОДЦ е разновидна, со што се развила посебна терминологија за означување на секоја појава поврзана со употребата на дроги (најчесто се употребува „лице кое користи дроги“ или „лице кое злоупотребува дроги“).“ Еве како да го наречеш ако не знаеш и како стручно лице. (Ова е дел од истражување на civicamobilitas кое е правено во 2015 година, а сега сме 2019... еве не знам)
Многуу паметнуватее, хахаха можеби 1 процент од населението се служат со терминот лицето користи дроги или супстанци.
Хахах те и овде се нафрлија лажните феминистки борците за еднаквост и за здравтсво. Тоа драги мои не се решава по форуми се споменува да и критикува ама не се решава овде јавно се решава како што беше парадата. Неможе да постое еднаквост и феминизам ако нападнете 10 жени на една да неможе слободно да си го искаже мислењето, па и психозите не се програмирани сите исто да мислат.
Ич дa не се секирaш, кaкви луѓе сo кaкoв речник држaвa вoдaт, сегa зa еден утнaт психoлoг тукa дрaми ќе прaвиме. Дa си прoдoлжиш сo фaкултетoт, требa зa некoј и дa велиме -aуууу, кaј тaa -никoгaш Инaку интереснo не е. Требa дa видaт луѓетo и декa психoлoзите не се перфектни, пa мoже ќе им oлесни oд стaрт декa не се сaми вo психичките прoблеми
Значи мешаш баби и жаби. Што ти одговара тоа. Секој може да мисли што сака, можеш да ги сакаш тие луѓе или да не ги сакаш. Но со оглед на тоа што добиваш лиценца да работиш со остеливи „теми“ и соодветно образование не смееш да си даваш право да користиш такви навредливи зборови за кои веќе има термини. Знаеш тоа што според развојот детето како созрева треба да ги разграничи емоциите од однесувањето? Епа кај возрасните тоа се вика професионалност. Но кој во мк знае што е тоа освен тие 1%?
@hellocity Јас не знаев дека студираш за психијатар, но кога прочитав во темата едно твое мислење искрено бев згрозена. Имаше пишано дека си заслужила и дека ти да си била на местото на таксистот жената истиот третман би го добила. Дали во твојава изјава гледаш нешто неправилно, нечовечно, неразумно? Ако одговорот е не, тогаш навистина е залудно било што да ти се советува понатаму.
Јас си го искажав мое мислење што проблем имам а тоа што ме мене критикувате за вас си кажувате што сте и кој сте
Извини а вашата професија? Кажи нешто во прво лице јас помогнав вака направи го и ти тоа јас така постапив направи и ти така. Ајде едно лајкче ке собереш радувај се
Не ми се допаѓа тоа што пријавив неколку мислења и админите не сакаа да ги избришат, бидејќи морало да станува збор за навреди или off topic. А тоа што никот на фемина ми е дознаен и секој може да ми ги прочита мислењава, ОК е...
Za registracija treba telefonski broevi da pocnete da barate...inaku sto e ova...nalet na napaleni tinejgeri...aj ve molam potrudetese ,,,ako treba i neka bide minimalna pretplata kao donacija nesto,,,samo ne ovaka,,,anarhija
Не ми се дипаѓа префрлувањето од една на друга тема, тоа што се бришат некои ставови.. Не ми се допаѓа тоа што модераторите или не знам кој се прават као кој сме ние..ќе те бришиме втф
Нема. Jас не сакам да ги отследам сите теми, ниту тоа што го напишав подразбира дека темите не ми се интересни.