Не се плaќa мoдерaтoрствoтo, нa дoбрoвoлнa бaзa е. Имaше кoнкурс, демек беa oдбрaни нoви мoдерaтoри, и требaше дa пoчнaт сo рaбoтa и тие кoгa ќе се префрли фoрумoт нa нoвaтa плaтфoрмa.... и тoa oстaнaa сaмo прaзни збoрoви кaкo и претхoднo...
1. Членовите се дигаат на големо. Не може да се дискутира без некој да биде навреден. 2. Акаунтот не може да се деактивира. 3. Постојат акунти на членови кои последно се најавиле во 2010.
Па во последно време се повеќе и повеќе работи не ми се допаѓаат. Се имам изјаснето и во други теми дека претеруваат со рекламите. И дека веќе подолго време фемина не е тоа што беше. Се повеќе и повеќе членови се зачленуваат само за една тема или само за да направат неред и караници низ темите. Не дај Боже да имаш различно мислење од мнозинството, зошто ѕрцките може да ти ги извадат преку екран. Се повеќе и повеќе квалитетни членови не се активни веќе. И се повеќе и повеќе се намалува бројот на квалитетни мислења, особено во темите кадешто се бараат совети. Одеднаш сите станаа сезнајковци и кралеви/кралици на сарказмот. Ако сте тука од порано, знаете дека фемина беше како едно огромно семејство, место кадешто секој можеше да најде поддршка, разбирање и љубезност. Сега е повеќе како распашана банда. Од техничка гледна точка немам многу замерки. Конечно имаме нова платформа(малце касно, со оглед на тоа дека е ветена од дедо ное), недостигаат цветчињата, ама не толку колку што недостигаат неактивните членови.
Мислев, мислев мислев навистина се думав АМА ништо не најдов што не ми се допаѓа...Се е добро и се е во хармонија, како во реалниот така и во виртусов овде на форумов Темпираните членови ги обожувам, даваат љут вкус на темите па те тераат ем вода да пиеш ем повторно да каснеш асоцијацијава ми е
1. Нема модератори на форумов. 2. Се отвораат теми без претходно да се провери дали ја има темата. 3. Не се проверуваат одредени членови. Има и такви што од една адреса имаат два профила на форумов. 4. Одредени членови пишуваат на латиница.
Не ми се допаѓа тоа што во последно време многу се намножија тролови, скоро веќе постојано има по некој да манијачи и тресе глупости... Ај порано ќе се појавеше по некој/а и во Дали сум бремена на пример дури и смешни беа , ама сеа со „швалериве“, манијациве што цитираат и упропастуваат разни теми, упорно враќајќи се со 3-4 профили - мислам дека стварно треба нешто сериозно да се преземе. А тоа што периодов има многу напнати теми со испревртување зборови, осудување и мислења што не ми се верува дека ги читам - во границите на правилата на форумот си е и не може ништо да се преземе... ќе речам само дека не ми се допаѓа што нема смајли што се крсти, па треба да го бараме од други страници.
Мене а и верувам на многу други не ми се допаѓа таа козметика што виси горе,така да ако може да се тргне.Фала пријатно.
Сакам да има опција "блокирај"... да не мора секој да гледа шо праиш! Што е толку тешко да се направи?!?!
Една IP адреса...мајка и ќерка; две сестри; биполарни личности; комшијата што краде нет .... Се шалам малку , ама неможе да се ограничи бројот на профили од една адреса
Некои немаат друга работа, па прават повеќе профили. И плус тоа, тролаат. Се зачленува член за да го напише проблемот и истиот ден се зачленува друг член кој што го теши. И ако некој од членовите го напдне овој првиот, другиот одма застанува во негова одбрана. Се гледа дека некој се зафркава.
јас нешто приметив ама не сум информирана и ако е така не ми се допаѓа дали кога пишувам во форумски игри пораките не ми се зголемуваат ? и дали се важи тоа само за таа категорија?
мислам дека нема потреба у општи муабети и форумски игри бројот на постови да не се вбројува, искача ко дискриминација на категорииве
Во последно време форумов е премногу пасивен станат. Само две теми се најактивни... мајчински муабети и таа за околу и + 40 .... Таму 300 теми на ден си се вртат и како 98% од членовите само таму да пишуваат. Кога секој еден член би пишувал за тоа што го интересира во соодветната тема, многу поактивен би изгледал форумов. Од рецепти, преку фимови, преку совети за облека, до игри...се таму е собрано, па зошто постои форумов? Модератори/админи/газди/шефови свесни сте дека голем број од поранешните АКТИВНИ членови ви ги нема? А со ова темпо може и дупло повеќе да снема. Свесни сте дека секоја тема (за рецепти, за облека, за деца) ви е се попасивни, пошто луѓево си пишуваат во темата за околу и преку 40? Свесни сте дека "форумов" стана САМО една тема? Што е форум? Форум е да можеш да размениш мислење, да можеш да прашаш ако те интересира нешто, да можеш да се пожалиш и совет да добиеш од повеќе анонимни луѓе, да има повеќе спротиставени мислења па дискусија да се развие. Форум НЕ Е место за допишување, форум НЕ Е место за да пишуваш на секои 30 мин што ти се случило, форум НЕ Е фејсбук, на форум НЕ МОЖЕШ со сите да се сложуваш и со сите да си пријател... Прв пат гледам на некој форум да постои тема кај што луѓево буквало си се допишуваат и секакви мислења делат, како да не постојат други теми. И на форумот кајгана имаше една таква тема (многу одамна) ама ја избришаа пошто беше хаос, баш како што е во таа тема. На фемина упорно си седи темата и ако не е таа, тогаш 60% од членовите таму што се активни ќе имаат 0 мислења, пошто секое мислење им е во таа тема ако се избрише темата ќе немаат ниедно мислење... Форумов порано беше за млади девојки, а сега дефинитивно не е тоа. Треба некоја гранца да има. Треба да се задржат младите членови и плус да се привлечат нови млади личности, што имаат разни идеи и мислења, па да се развиваат квалитетни дискусии, а не да "врие" со мајки и разведени родители на кои што им е досадно па секоја минута ја опишуваат на форумов како да им е личен дневник. Ајде ок, млади мајки треба да споделуваат мислења ама М И С Л Е Њ А, а не цел ден што им се случило да пишуваат...."многу" е интересен форумов, и "многу" е интересно да се чита едно исто, од едни исти луѓе...
Го прочитав постот...за темата... +/- 40 Да бидам искрена во прв момент лута бев зошто некој да не критикува, ама кога двапати го прочитав, видов дека членката е во право. Темата излезе од контрола.
Сега го прочитав и јас. Бидејки имам искуство со многу други форуми, можам да кажам дека вакви чат теми има секаде. И тоа баш во деловите како Кафе муабети, Офф топик и слично. Е сега за тоа што повеќе сме тука активни отколку во соодветните тему не зборува за нас туку за тоа какви се темите и друштвата во нив. И не се согласувам дека се пишува еднаш дневно. Па не сме бре сите писатели па имаме длабокоумни мисли и реферати. Така да ако на дотичната и смета дружбата нека ја заобиколи ( исто како јас темите за совети за деца бидејки ако дадам совет а немам дете нападната сум како да сум ѓавол, и не се осеќам пријатно во тие теми , ако дадам совет за брак и за свекрви не сум мажена па и таму истото така да.. тука ми е убаво и тука ќе си пишувам)
Епа затоа пропаднати се форумите...бидејќи сите во една тема за СЕ зборат. Овде рецепти пишуваме. Овде за деца прашуваме. Дури и членки кои воопшто овде не пишуваат се вклучуваат со прашање ,,знам дека оваа тема е активна па да прашам..., Овде песни се постираат Овде се честитките Овде се зимниците Овде е ,,овде ме боли, онде ме боли,, .. Да не бројам... Јас спаѓам во тие од областа ,,сештологија,,...за себе го пишувам ова.