Јас не поставувам правила, туку ти. И да. Што сакам ќе коментирам. Ако нешто сметам дека не е во ред...ќе го пишам.
Можеш да коментираш што сакаш се дури не преминува во навредување, а твоево преминува. Темата е отворена баш за такви прашања. Е сега ти ако преинформирана и препаметна ти се свртува кога ќе прочиташ такво прашање, едноставно одмини ја темата. Можеш да пријавиш ако сметаш дека нешто не е во ред на форумов. А не да ја вреѓаш секоја втора членка пошо само ти пишуваш упорно коментари таму, никој друг. Да не беше темата во ред, сите ќе забележевме и ќе беа избришани прашањата. Искулирај малку.
Сега и оваа ќе ја затворат. Дај по лични пораки да си кажеме секој на секого се што имаме па да биде посмирен форумов малку.
Навистина глупаво што @RainBow ја затоври “Прашање за форумот”... Сега прашања каде да поставуваме? Требаше да се остави темата и секој да си каже што има да каже, а не вака... вака само се буткаат проблемите под тепих со надеж дека ќе бидат заборавени или дека некако сами од себе ќе се средат. Лошо менаџирање Реин, многу лошо
Не се сложувам. Зошто се мора да биде по пораки? Сите треба заедно да зборуваат за проблемите. На прашањето зошто се бришат теми кои мислите дека не треба да се бришат треба да ти одговори модератор. Не може никој ништо да не зборува само за темата да не се затвори, а уствари тоа е и поентата на оваа тема, да се каже што не ти се допаѓа. Ај се под тепих, а на темава само коментари дека е се прекрасно
Мислам дека на Фемина има голем број на тролови, поточно не тролови туку манијаци, кои што постираат такви теми, од безобразна природа и праќаат приватни пораки, за исполнување на нивните ситни лични страсти. А дел се ренегати, кои што биле редовни членови, банирани, па сега сакаат да тропаат на прозор, од време на време.
Ме нервира кога некоја пише во темата за апче ден потоа, дека и свршил и дека биле пијани и пила апче после толку и толку саата дали ке делува. И наместо да дават мислења они осудуват од типот како можеш да дозволеш такво нешто, играчка ли си ти такви ствари. Значи оладите малце, секој си има избор да си праве што сака
Еден куп манијаци има. А женско напише нешто во темите за секс одма добива лп. Очигледно некои мислат дека ова е сајт за секс.
Ами има и такви каде што ќе побараат мислење некое најобично и ти како човек ќе им одговориш најнормално и добиваш одма пораки во инбокс како демек ме интересира твоето мислење и на крај "сакаш ли да се запознаеме". Тука е крај на муабетот ништо не им одговарам немам сила да се докажувам и расправам туку само ја пријавувам пораката и одма следува бан на корисникот. До сега сите ги банираа што ги пријавив. Затоа ПРИЈАВУВАЈТЕ ПОРАКИ и ќе се ичистат манијаците пополека. Не смеат да ви пуштаат такви пораки. Против правилата на форумот е.
Се затрчав да се запознаам. Еден тип ми пишува - Дали си за секс? 22см ми е долг. Ова беше пред 3-4 години.
Требало да му вратиш "ау не, сакаш преку уста да ми испадне" Само се чудам зарем има некој што паѓаат на вакви глупи фори
Во ПДФ "За форумот" сме, ама погледнете само сите битни теми за форумот ви се под клуч. Зошто? Ниту објаснување за избришани теми, ниту објаснување кои се банирани и зошто. Навистина треба да се преиспитате до каде отидовте со некои постапки.
Па до сега (да чукнам во дрво) нема нешто што не ми се допаѓа. Си функционира добро. Членовите си се ОК. Како за машко на женски форум е добро. Добро е прифатен машкиот род, што е за изненадување малку. Но ние сме топол и добар народ.
Прошлиот пат го избришавте мислењето дека се работеше за дискуција со модератор,ај и сега избришете го мислењето ако не,ние обичните смртници ќе кликаме пријави и ќе се молиме да се избрише.Ако не,да си стиснеш одјави и никад да не се најавиш е најдобро решение.
Мене не ми е јасно како се затвораат теми, а македонски јавни фаци си стои. Таму какви гадости се изнапишани. Па што ако се јавни фаци, не е можно некоја "фаца" да има профил на фемина и да чита? Додуша, членки за кои сум имала позитивно мислење, сум видела какви се таму, па отвара очи темата. Според мене таа тема треба да се држи построго, ама што знам јас
Другите теми што се "прашања за форунот" сте ги забраниле за пишување, па ќе прашам тука. Гледам има опција "игнорирај". Што од кога ќе ја стиснам таа на некој член? Нема да можам да ја гледам што пишува, а и таа мене нема да може да ме гледа или?