Инаку,, Скршениот" си го постирал пак воведот од вчера за жена му во ,, Ми треба совет и мислење" или слична некоја во љубовни проблеми. Џабе затворена темата. @WildMk
Не е прв пат членови да отвараат нови профили само за да тролаат. Не знан како не им здосади. Ќе те игнорира.
А само колку е контрадикторен. Вика немал ни другари, ни фамилија, а понатаму се другари негови му пишуваат, му доаѓаат на гости, а тој живее во странство, а таму одење по гости мало морген, посебно ако е од развиениве западноевропски држави или САД. И сигурно нема да ти шеткаат со телефоните и да се ругаат со фотките од жена му, ќе ја блокираат попрво. Јасно беше дека е трол, ама ај.
Aaааа, бришат и од таму мислења... Само за одредени фаци т.е една фаца на која што и името не смееме да и го спомнеме. Другите може да се плукаат, навредуваат и сл. ама дотичнава госпоЏа, никако Сега Реин со брзина на светлината ќе ми го избрише мислењево
Членот беше трол, имаше и плус уште еден профил направено, за секој случај изгледа. Мислев дека некако беше јасно по темата, ама ете, не било, моја грешка. Жената не е воопшто јавна фаца, ниту направила нешто, ниту имало некаква вест за неа, не знам зашто е толку интересна кога нема ништо јавно направено, нити негде интервју давано, ама баш ништо. Ќе ја отворам наскоро прашања за форумот.
Објаснувањето е во ред, ама на нас не ни е разјаснета мистеријата зошто само за неа сте толку ригорозни? Во конкретната тема и други личности кои не се јавни се споменувани, и тоа во многу, ама многу лоша конотација, со страшни коментари а немало реакција од ваша страна.
Некако и твоето прашање го дава одговорот. Тоа беше втора тема од таков тип, првата ја заклучија администраторите уште во далечната 2010, Постојано има само карања и расправии во таква тема, ама постојано, нема оправање едноставно и затоа нема потреба од неа. Пријави која друга е таква што не е ништо, а е сепак спомнувана во темата, ќе бидеме исто ригорозни.
Абе ај.... оправдувањево ти е Знаеш колку муабети се свртеа на темата за уште помалку познати ликови, за нивните деца, за се и сешто... Гадни, лигави муабети, па не се бришат... А за "Прашање за форумот" , супер што конечно ќе ја отвориш, само малку прекасно? Тактиката ви е ем глупава, ем мизерна, оневозможи ги засегнатите да се искажат, бриши, банирај, заклучувај... (исто ко во државава) Само.... не сметам дека тоа има некаков позитивен исход. Бидете храбри за промена и истерајте ги работите до крај. Не боли
Во ред. Исто, ме интересира, дали некој ги пријавува мислењата за дотичната или вие сами реагирате? Чудно е, зошто мислења за други личности никој не ги пријавува, а за неа конкретно веднаш се реагира?
Реков, пријавете кои се тие непознати ликови. Упорно се збори непознати, па непознати, ама кои? Еве јас за оваа навистина нигде не можам да најдам ништо напишано, никаква вест, не гостувала нигде, не направила ништо. Кој е таков друг на темата? Ако сте приметиле такво нешто пријавете, и ние не читаме сè секогаш, обемен е доста форумот. Имаше некој пријавено дека не е јавна фаца, па проверивме и така испадна.Немав ни јас слушнато за неа воопшто, ниту пак женатане контактирала за нешто.Едноставно не е за во темата.
За девојчето на Весна Бејби се пишуваше (мислам на оваа тема, ако сум грешка се извинувам), за децата на Чифлиганец и на Зајко брат му (не знам како се вика) а ниту се познати, ниту јавни фаци, ама во врска биле. Па и Љупкето ако гледаме според твоиве стандарди не е јавна фаца, а и парижанкава што во последно време од уста не ја вадат, па и за блогерки се пишува итн.... Да набројувам уште или ја сфати поентата и вашите двојни аршини?.
Го избриша моето мислење возвратено на модератор кое не беше иронично ама затоа на модератор полно со иронија уште стои. Интересно.
http://zase.mk/articles/303366/kjer...ska-minala-niz-pekol-ne-sum-vinovna-neli-mamo https://www.vecer.press/децата-им-се-во-љубов-заев-и-чифлиганец/ За Љупка пак да не вадам линкови, мал милион вести има. Ајде пиши и постирај што ќе излезе за жената и каква вест. Нема ништо навредливо во мислењето, можеш да реплицираш додека си во склоп на темата, надоле веќе беа оф-топици.