Ова ти е тебе мерило за јавна личност? Ако има вест, дозволено е да се пишува? Ццццццц.... срам да ти е!!! https://trendseteri.com/zhenite-so-najdobar-stil-vo-2019ta/ Еве... јавна фаца е. Решено. Плус и инста профилот и е јавен... повеќе од доволно според твоиве критериуми. Штом за деца може се и сешто да се зборува оти имало вест за нив, може и за госпоЏава.
Во македонски јавни фаци не ми смета ако се прокоментира некој непознат пошо ако никој не го знае, коментар или два ќе се напишат и толку. Ама навредите кон јавните фаци. Како може да се пишуваат такви работи? Темата е без цензура, не се внимава какви работи се пишуваат. И според мене не е во ред. Пошо може да се коментираат јавните фаци без навреди.
Немаме некое стриктно правило за тоа. Плус, ако земеме до толку да цензурираме ќе имаме ситуации како, ама зашто моето е избришано, ова другото е исто толку лошо, ќе треба да ставаме зборови на кантар и на крајот ќе има огромна цензура. А и не е само таа тема каде се спомнуваат, а насекаде и во секое време не можеме да пратиме. Наместо тоа би ги замолила сите членови активни во темата подобро да ги одбираат зборорвите дури и кога не им се допаѓа некој, не мора да се изнесе мислење со остри зборови
Едноставно е. Ако ме избришеш мене заради директна навреда од типот -глупа, грда, пцовки и слично, треба да се бришат и такви коментари за јавни личности. Води се по правилата на форумот, без разлика дали е за особа која пишува на форумот или јавна личност.
Фактот што на некои ви е најпотресно тоа што во МЈФ не сте можеле да оговарате некоја особа, а за теми каде некој бара совет, теми каде се пишуваат глупости против феминизмот, теми каде се јавуваат некои што одобруваат семејно насилство, не ги коментирате бидејќи имате „попаметни“ работи во животот и не би да си трошите енергија, кажува многу за тоа до кој степен забегал форумов. А за темите од литературното и уметничко катче за кои да не се тие неколку членки кои често постираат ќе зјаат празни, да не почнувам. Не разбирам, ниту пак некогаш ќе ми се разјасни која е сатисфакцијата до тој степен да навредуваш некој кој ништо не ти згрешил во животот, ама терајте.
Милион пати сум го видела твојот лајк каде има некој член навредувано друг член, па никад нема да ми се разјасни тоа. Така да,терај.
Видиш има една порака. Сега некоја со атрактивен аватар ќе ја манијачи.Има многу пропусти форумов.тоа е факт.
Пишал доколку членка е заинтересирана за тројка...да му пише. Ќе се договорат. Само манијачишта шетаат.
ТоВа нешто никаТ нема да се деси. Твоите мислења не им прават трансфер, ама МЈФ и бљувотините таму, да. Просто е А и доста гнасно и жално е што се толерираат и навреди упатени кон деца на познатите, пошо нели, ги имало во весник ама госпоЏава недај боже да ја пишат Иначе уопште не е битна госпоЏата, туку двојните аршини кои упорно се применуваат на форумов. А јас поШо немам попаметна работа во моментов, решив да исправам криви дрини. Башка што коса ми се крева од проѕирни и млитави оправдувања и постови како тој на Реин погоре
Еххх и за мене којзнае што се пишувало тука што коментирав во темите за секс. Ама јас таков сум си по природа. Нема табу теми за мене.
Да ти е страв да пишеш во темите за секс. Уште ако ги одбиеш во лп одма добиваш пцовка и навреда. Штета што ништо не зачував од пораките. Ќе беа смешки. Ич не се секирај. Ти си прибран.
Една, небитна Абе не е важна она, стварно. Јас не ја ни знам која е, пишуваа на времето као демек им се заканила со тужба и од тогаш бришат мислења со брзина на светлината (за тоа ажурни се) А идентитет на членка на форумов стоеше јавно пола ден, па никому ништо. За децава на познативе не ми се ни збори. Какви се бљувотини се пишуваат...
Се пронајде во постот? Има членови кои во недостиг на аргументи провоцираат и навредуваат, и кога некој ќе им врати на ист начин, да, тоа го лајкнувам. Затоа што никој не дошол тука за некој без никаква основа да го навредува. Лично јас кога сум била навредувана, сум гледала да се повлечам од „дискусијата“ бидејќи нема поента да се докажуваш со личност која нема речник и основна култура. Некогаш сум имала и „жолти минути“ кога сум возвраќала и подрско и можеби навредливо. И мал милион пати сум повторила дека доколку некој мисли дека сум претерала со одреден коментар, да ме пријави слободно. И исто така никогаш не сум барала објаснување кога знам дека сум претерала. Воедно член на форум кој те навредува и му возвраќаш, и јавна личност која не ја ни познаваш ама онака од вишок слободно време ја навредуваш, се две различни нешта. Ако не можеш сама да ја направиш разликата, јас не можам да ти помогнам. Толку од мене објаснување за тебе.
Не се пронајдов. Сама се изјасни. Ако лајкнувај си тоа многу кажува за тебе. А моето мислење кон тебе и за тоа каква личност си ти ќе си го задржам за себе. Срамота би било да го изнесам пред цел форум,башка ако имам нешто да ти кажам или ми пречи ќе ти пишам лп и ќе решиме ко луѓе. Исто така и во својот пост навредуваш без причина и повод,ама како што кажав терај си Ете,тоа е моето објаснување за тебе
После се чудите кога ги заклучуваат темите, а ништо паметно не се кажа освен лични препукувања ко и обично.