Некоја жена што си постира на инстаграм и тука почнаа да пишуваат за неа. И уште еднаш ќе кажам, нити се заканила со тужба, нити контактирала со нас, едноставно не е за темата. За идентитетот многу ми е жал така што се случи, ама кажав и во 40ка мислам беше, секогаш отворам, дури и ноќе некогаш, еднаш се случи неделно да не отворам поради домашни работи. Дури и огромни платформи со толку многу луѓе кои се таму, па им стојат навредливи содржини со денови. Модераторите се секако на доброволна основа и не може да се обврзат да дежураат ноќе. Го банирав, пријавете ги ваквите кога ќе ги забележите. И дури кога имате забелешки, не мора толку дрско да настапувате, полека малку, може и со нормален тон да се каже нештото
А со децава на познативе што правиме? Или дека ги има по весници може да се плукаат низ темиве? Ах бре Реин, бледо, ептен бледо.... Инаку, ти постирав претходно линк со вест за женава. Така што, според твоиве правила (ако ги има по весници нели јавни личности се) може да пишуваме за неа Таа е исто толку јавна фаца како Љупкето, парижанкава и сл. за кои што се пишува. Сите имаат јавни профили на инста и толку. Тогаш зошто за едниве е дозволено пишување, а за другиве не? И пак за децата да те прашам. Може и ќе ми одговориш
Некоја жена што си постира Нели инфлуенсерки ги викавме и не беше за нив забрането да се пишува? Сите коментари ги бришеш за сите девојки и жени што си постираат на инстаграм? Ако е забрането да се пишува за нив, нека биде за сите. Зошто не е?
Ауу @RainBow ептен мизерно од ваша страна. Женичка што си постира? Ти кажав и во лп кога беше, или женичката ви се заканила или ви платила. Трето нема. Женичка Богородичка.
И јас тогаш ти кажав, ќе ти кажам и сега, нити платила, нити се заканила, нити ништо. Ниту и стои на жената дека е блогерка на инстаграм, за разлика од другите, ниту има зашто да се пишува за неа. И намали малку со сарказмот и исмевањето, не е воопшто интересно. Толку за тоа, едноставно веќе и милион пати да пишам, ако не сакате да разберете џабе ќе објаснувам, доволно е.
Ама факт е дека Колишев има посебен третман и е бивш член на Фемина. Она е исто како и Љупка, само со посебен третман.
На сите им проверуваш инстаграм и мора да пишува -блогер за да може да се коментира? На Љупка и пишува?
Не е проблемот што ти не си го отворила форумот. Никој и не треба да дежура. Туку ако веќе има присутен модератор да има овластување да брише. Вака испаѓа дека освен во тебе ,"дирекцијата" нема доверба во никој друг модератор . Ако се случи спорен пост да може да го избрише.
Зошто ме избриша @RainBow ? За децата на познативе ќе ми одговориш ли конечно или пак ќе ме бришеш? Зошто ако госпоЏата не е јавна фаца и е обична женичка не дозволувате да се пишува за неа, а дозволувате да се пишува за децата на познатите во МЈФ? И не само што се пишува, туку страшни навреди имам читано за и кон нив. Зошто ако Колишев не е јавна фаца, дозволувате да е пишува за Љупкето и Марето (парижанката), кога и тие не се јавни фаци? За блогерките? Ифлуенсерките? И како ги разликувате и кои ви се критериумите? Дали ако и Љупкето ви се закани со тужба ќе ја браните тука и нема да дозволите збор да се каже за неа?(пример само, не мора да е она) Инаку, се додека темата е популарна, прави трансфер, баш ви е гајле кој и што пишува, се додека вие сте сигурни? Срамота!!! Бриши ме ако сакаш, па дури и банирај ме, еве, ич не ми е гајле!!!! Ама ова двојниве аршини ептен ми се И цело време сите муабети ми се вртат околу тоа. Двојни аршини и пристрасност. А за децава не ми се збори
И профили и слики што постирала се е избришано. Ем биле по нејзина волја ставени и не ми е јасно зошто се избришани и нејзини мислења и слики. А за нас обичните смртници не смеат да бришат. Не е јавна фаца, обичен човек е. Тогаш зошто и се избришани слики и мислења? И профилот?
Според мене, не ни треба да постои темата Македонски јавни фаци. Не служи за ништо, освен за оговарање. Ама не им одговара тоа на газдите... заради трафикот. Секој пат кога ќе внесете име на популарен човек од Мк во Гугл срч, ќе ви испадни Фемина форумов, како препорака. И тоа е тоа.
Ајде малку намали го тонот. Нема никаква причина за твоево однесување, ама баш никаква. Мислењата ги избришав поради тоа што почетното мислење на Даст беше избришано, и другите надолу, не беа во ред од нејзина страна таквите постови Тие за децата ти стојат наназад, да бришев тоа и тие ги избришев. Ти дали воопшто знаеш дека и за децата на јавните фаци се пишува? Се пишува насекаде во светот, не е само тука и не го прават само членовите на овој форум. И самите верувам се свесни за тоа, кога решиле да бидат јавни фаци дека животот им е ставен веќе под лупа. За кого зборуваш? Темата нити сме ја отвориле ние, нити ја одржуваме во живот. Изборот е на членовите каде и во какви теми ги оставаат мислењата.
А темата, референтна- ликот се чешлал накриво . Непотребно се замарате со тотално небитни работи, а толку интересни работи се случуваат во светов деновиве...
Имате моќ да ја избришите. Ама не ви одговара. Тоа се тие 'општествени вредности' кои се промовираат со ваквата политика.