Засега немаме причина да ја избришеме, не прекршува никакво правило. На секој пост на фејсбук истото се прави, на статиите се оставаат коментари, ако имаат членовите интерес да пишуваат во темата не гледам причина зашто баш ние тука би ја затвориле.
Што зборуваш бе Реин? Јас да бев на местото на Весна Бејби тогаш кога се пишуваа гадотиите на форумов ќе ви стегнев таква тужба, ќе се чудевте За малолетни деца зборуваме, еј!!! Ај ако не и за твоево да збориме, оти јавна фаца си тука на форумов? Да земам сега по темиве да зборам којзнае како го чува детево, глеј каква е никаква, па и тоа разгалено итн... Тебе убаво ќе ти е? Или дека тие јавни фаци, па може да истрпат се? И што се криви децата што родителите им се јавни фаци? Кај нас се е дозволено, оти ретко кој се решава да тужи, да почнат да фрчат тужби, ќе ве видам дали ќе бидете вака лабави. Срамота, пак ќе кажам!!! И... Нели на форумов не се дозволени навреди, зошто тогаш МЈФ е полна со нив? Или дека јавни фаци се, па сами си го бараат? Или, ко што кажа Вајлд, прави трафик, па таму се се толерира. Се додека некој не реши да ве тужи. Срамота!!!! И пак ќе кажам... Не зборувам за МЈФ, јас и ептен ретко ја отворам, така што сеедно ми е за темата, ама за двојните аршини, да... А најсмешна си ми коа се правиш на три и пол или даваш млитави објаснувања кое ни двегодишно дете не може да ги проголта. Ај, доста од мене на темава. Може ко ќе ја отвориш “Прашања за форумов” ќе пишам нешто и таму
Јас како што знам на децата на јавните фаци им ги замаглуваат лицата, бидејќи не се јавни фаци и може порталот да лапа тужба доколку нема одобрение. @RainBow, профилот на колишев, бети буп. Профилот е баниран не постои исто како и мислењата и сликите што ги постираше тука
Ај,да пријавуваме,пријавуваме,ама џабе. Многу пати пријавив муабети во МЈФ за лица кои не се јавни фаци,но мислењата не беа избришани. Значи таа Марија,блогеркине,старлетине и децата на политичарите не се јавни фаци,ама кој да сфати....
А бе шо е крива политиката, шо генерации луѓе не чуле за Вртев? Не реди политиката таму фотки од Мели и Јоци како корнер стоун на темата. За начинот и предметот на коментирање, не треба затворање тема. Треба модерирање и пријавување на несоодветните постови. За име на вистина, не сум приметила колку и што од несоодветни коментари е тргнато, не сум евидентичар. Ама ако нешто ми падне во очи, пријавувам.
Пак ќе кажам, се повторувам ама ќе кажам. Нека има коментирање на јавни фаци. Ама зошто се толерираат коментари ко глупа, грда, проста, дебела? Такво нешто да напишеш на друга тема ќе те избришат, можеш и бан да добиеш. Зошто не се бришат таму? Многу е можно тие фаци да ја читаат фемина, па зошто бе толку гадости да читаат од луѓе што не ги познаваат и отепуваат време.
Политиката на форумот. Не политиката на политичарите И начинот на кој го модерираш форумот, што бришеш, што останува е политика на уредување.
Тај маабет во македонски јавни фаци повеке е гледање саир и која како е нашминкала колку брчки имала, кратко носела, имала целулит па фала богу сите сме луѓе никој не е совршен до толку детално да се влегува незнам..
Не ја читај таа тема. Што ќе ти е? Општо ,,јавни личности" немој да следиш, како ниту нивната биографија. Креирање лажни идоли е типичен "brainwashing''.
Сакам да кажам дека трип егото пршти на форумов и не ми се допаѓа тоа што сакаат да се постави хиреархија на форум каде што сите сме исти и премногу лично се сфаќа. На форум им пречат лажни вести кои веднаш се демантираат чиниш на научна конференција си па "битните" вадат истражувања и лична статистика. Збориме и се бориме за слобода на говор на жената и слично, а се сечеме во корен. Не се дозволува ни преку комуникација некој да извлече или креира критичко размислување. Потребата за моќ и алтер еготото доминираат и на форум. Тоа што со години сме биле под нечие ропство уште ни врие во корените.
Браво! Слобода на говор - основен постулат на модерното општество. За жал со сите форми на авто цензура, политичка коректност и слични механизми сами си го поткопуваме и ускратуваме ова основно човеково право. А, за вкусовите не се дискутира, секој со своето ниво.
Барам јавно извинување од @Lella за избришано мислење кое немаше никаква навреда,ниту иронија туку ме дискриминираше со оф-топик. Исто така моето мислење да биде вратено од нејзе. Фала
Од сдк се избришани сите мислења кои беа надоврзување на првичното и предизвикуваа офтопик. Нема да бидат вратени.
Сосема е нормално да има надоврзување на претходни мислења, така се развиваат дебати, не може да бидат толку ригидни рамките на една тема. Одредени отстапувања се потребни за динамика на разговорот и размена на идеи и мислења. Поимот "офтопик" понекогаш се користи за отстранување различни или по "out of the box" мислења и тоа е погрешно.
Браво. Моето не предизвикуваше никаков оф топик ако ти пречело тоа за членката си можела да го остраниш. Тебе ти одговара да дискриминираш членови со образложение “офф топик” со што автоматски им го скратуваш правото на мисла. А за скратување на право на мисла постојат закони.
Остави ја, премногу лета и многу е мала за да разбере некои работи. Овде има членки што вреѓаат ама не им ставаат банови пошто приватно се другарки,па се лигават меѓу себе. А дека Лејлица си потфрли како модератор си потфрли,за мене е нула више. Ајде сега нека се избрише и ова ко цреша на тортата па уште повеќе ќе сме дискриминирани и ускратувани од право на збор.
Имам впечаток дека постојат членови кои намерно иницираат кавга со други, иако тие други не искажале никакво мислење со кое би ги навредиле или па на било кој начин ги афектира. Како да им е душевна храна кавгата на форум, буквално и како да се зачлениле за таа намена. И зошто темата за банирани корисници е неактивна уште од 2017 година.