Тоа што нема дарк скин(темна позадина) , многу лошо е за навечер, ептен боде во очи. Предлог дарк скин да биде додаден
Знае да биде тензично. Као у некои теми кога читам мислења знае да ми светне у глава зашо не бев активна добри 4 години. Членки кои ‘воскреснуваат’ за да одбранат други членки кои им се подраги ми се несфатливи. Шо се карате по теми, шо делите бе луѓе, шо си вадите очи? Неоснована дрскост, ефтина иронија и општо лајковиве. Мислам дека све е ради нив. Фала.
Не ми се допаѓа што се пишува на латиница, порано се идеше по тие членови и им се укажуваше, сега лабаво се пишува на латиница. Гледам да ги игнорирам тие постови ама некогаш кога е потребна дискусија не е можна баш поради такви постови.
Не ми се допаѓа тоа што многу се намалија критериумите за банирање т.е. речиси и нема банирања на форумов па токму затоа насекаде владее тензична атмосфера. Бришењето на коментари и само продолжување понатаму не придонесува за тоа некои луѓе да се научат да дискутираат без навреди, ароганција и провоцирање. И не знам зошто се толерира ваквото однесување на едни исти ликови и заштитени се ко бели мечки, додека за други не важи ова иако не секогаш од нив започнува препукувањето. Сериозно треба да се размисли за почести банирања од тема или тридневни банови.
Околу банирањата кога имавте конфликт со Вајд. членка и упати милион навреди не доби бан. Истата членка ме навредуваше и мене,јас имав бан таа немаше. Повеќе од јасно е дека некој ина имунитет овде,ние обичните смртници имаме две опции или да трпиме или знаеме каде е вратата. Исто мислење ми беше избришано од СДК и не беше воопшто оф топик,на некој не му одговараше го избришаа ниту добив извинување од модератор. Двојни арашини постојат тоа повеќе е појасно отколку наведеново.
Која членка? Јас имав бан на СДК 3 дена и на 40ка една недела. Сите шо ми рекоа дека сум ненормална и треба да се лечам, не добија бан
И јас мислам дека треба да има правила при банирање или бришење мислења што ке важат за сите. Приметив особено откако ја следам темата за корона, делува како рандом мислења да се бришат а тие што стварно се офтопик или прокативни не се бришат. И мене ми избришаа неколку мислења и се пожалив па и тоа мислење ми го избришаа Добив лична порака дека било ставено во грешна тема - Прашања за форумот кога требало во оваа. И место да го преместат, само ми го избришаа А баш пред моето мислење имаше дискусија за бришење мислења во истата тема и затоа и јас напишав ама мене ме избришаа и од таму, а на другите мислењата си стоеја. Сигурно и уште се таму, Баш е фрустрирачки кога некој одвоил дел од своето време да напише мислење и тоа му се брише без никакво објаснување, и без никаква причина. Тоа не ми се допаѓа од аспект на модерирање на форумот. Кога веке пишувам друго нешто што не ми се допаѓа од страна на членовите е тоа што приметив дека се формира мислење за некој "форумски лик" и повекето членови се субјективни кога станува збор за нивни мислења. Јас секогаш коментирам за одредено мислење а читам коментари од типот "XXXX" не е таква, па кога некој ке прокоментира во стил "баш се изненадив/разочарав од тебе" , или пак вадење стари мислење а некои спомнуваат и информации од лични пораки Па анализи... мислам дека треба да се коментира на одредена тема, а не да се анализираат профили на членови и да се фаворизираат едни членови и да се подржуваат нивните ставови само заради тоа што си го имате муабетот на други теми. И тоа Има ли тема за Што ни се допаѓа на форумот, да не излезе само хејтаме? П.С. Стискам палци ова мислење да не го избришат
Додека им правиме трафик на начин на кој тие сакаат и одобруваат, таман сме. Па макар и фрустрирани. Во превод, остави им на гледачите она за што се гладни: драма, тензии, ватевр.
Тоа што некои членови пишуваат на теми без никакво познавање на истите. Да, секој треба да си го искаже своето мислење, но ако немаш познавање, воздржи се од коментар. Кажување свое мислење =/= тропање глупости.
За работите што не ви се допаѓаат на форум. Спомнаа за дебатирањето зашто немало него све биле кавги и препукувања. Еве во мои скоро 10 год на форумов, скоро 90 % од "дебатине" завршуваат со банови или карања. Ретко, многу ретко да ете протече све убаво и да ти е мерак да читаш страници и страници, па и да учествуваш дури. Прво кога влагаш во дебата треба да си барем малце спремен дека тоа што го збориш можеби не е точно, или погрешно си видел, или си претпоставил лошо итн итн, тука голем дел уште од самиот старт, влегуваат со нивното дека е тоа точното, правилно и нема ни шанса да дадат на некој друг да каже или докаже дека можеби не е. Второ, и ова сум го видел 100+ пати, попрво би се скарале со членот кој "дебатираат" него да некој признае дека биле грешка. Значи јас добивам впечаток дека ако изгубиш дебата со некој е слабост, као понижен си, ти паѓа репутација, нема веќе да те дружат... Не разбирам што е толку тешко некој да каже "леле стварно така било, грешка сум". И тука еве ти ќе прикажеш аргументи, другиот ќе виде дека не е во право ама нема да признае, ќе го врти истото, и пак ќе пишат не е така, и тој/таа пак истото само со доза на циничност и сарказам, повторно и повторно и така додека на другиот не му скурчи и почне да го тера у три лепе, и да кога некој ќе почне да те иритира цинично и да ти го губи времето секако дека нема да игнорираш и ќе го пцујат, мислам луѓе се, не сме роботи. Не може све да се игнорира. И тука доаѓа она после невиното, ама јас сакав само вака, ама неее зашто ме напаѓате, море мрш таму. Особено политичкине теми, значи своето го терам, пола од прашањата што ми штетат на поентата ги игнорирам, контра до смрти и изигравање невино жртвиче и жалење кај Реин после... Да не должам, може така изгледа, ама луѓето не се глупи, можат да ви ги видат циничните, лицемерни, буцкасти и индиректни навредливи мислења, после што вие мислите дека сте направиле филм као демек тука невино сте се нашле у муабет а лошите форумски кланови ве нападнале од чиста мира....Значи не се глупи луѓето, као оној дечконо што се прави ебач ќе го сретнете и прочитате за 5 секунди што калибар е , така и ова... Не е ова поврзано со тоа што се дешавало со 40ка вчера, не ни знам што било, ова се дешава уште пред 40ки и политикине, ехе кога ќе ми текне модни критики порано на секои 2 месеца беше заклучена од препукувања. Јас на пример, кога ќе видам глупи вмровски мислења во политикине не можам да игнорирам а да не ги пцујам и ако реин ме банира поради тоа , сосема ок е. жртва која сум спремен да ја придонесам. Ај ќе почекам да напунам 10 год па после има.... уфф.... Како поточки ќе ги ставам. - Дојдов на темава, не знам што е карањето и препукувањето, ама членката што ја неќам гледам дека коментира нешто па ќе идам контра пошо ми се може. - Иако нагласив 3-4 пати на сите дека ми е гајле и нема веќе да коментирам во темата, ќе коментирам уште 10 страници. - Еј се поќењав саркастично на темава и сите се тригернаа и ми вратија и сега наместо мушки да го примам банот ќе се лигавам наоколу. - Еј оваа си се имаме, иако не е во право ќе ја подржам бидејќи best friends for life - Тресење глупости како некој курир портал и после криење зад "ама јас имам право на мислење, мој став е тоа бла бла бла" - Еј го губам аргументов, време е да се сврти во моја корист со што ќе ги користам мајка ми и татко ми како пример, така ќе си добијам малце и на емотивна вредност, плус кој ќе се осмели да каже дека родителите ми лажат. Easy win. - Не ми веруваат бидејќи имам репутација на лажов (вмровски корени) insert > другар ми/тетка ми/комшијата видел/знае. - Ќе ја серам во ЛП ама ќе ја лајкувам и поздравувам во СП. - Ќе се карам и ќе се бунам за работи само ако на мене ми штети од некој друг, ама ако јас или некој што си се имаме го прави тогаш ќе гледам на другата страна, т.е нема да го спомнувам освен ако стварно немам друг избор. - Ќе пишам мислење кое знам дека ќе изнуди реакции, и на крај од мислењето ќе ставам, НЕ МЕ ЦИТИРАЈТЕ....... ШИПАК, ќе те цитирам! - Ама ако не ми ви се свиѓа, игнорирајте мееее, одбегнете мееее... ШИПАК, има да те цитирам и да потенцирам колку срање е мислењето, демократска земја е ова и кој сакам ќе цитирам. - Ама јас пишав и сите ме нападнаа , све тоа кланови и остало. ШИПАК!!, тиња ти е мислењето и секако дека сите ќе те караат, да не било шупачко мислењето немало да го цитираат сите, у најмала рука барем 20% ќе го подржеа -(Бонус) Еј оваа ја знам пишуваше убаво за вмро, а овие што и контрираат јадеа бурек за вмро па сега ќе ја лајкувам и подржам само пошо си се имаме во политикана... МРШ ! И така. Али на крај па убаво и да има форумски војни и драми. Замисли каков е тој свет на мир и толеранција. Бљак, досадно. Ќе треба на сите добар ден да им викаш.
Тоа што теми се под клуч на неодредено и без апдејт што се случува. @RainBow до кога ќе биде под клуч форумски прашања и зошто е заклучена темата за отворен брак? Се беше помалку или повеќе цивилизирана дискусија.
До кога на форумов ќе се толерираат крадачи на слики?! Го избришавте муабетот за крадените слики од нет со @AngelOfArh ама не видовте дека треба и украдените слики да ги избришете и да го банирате веќе еднаш засекогаш тоа суштество?! Тоа не може ни жена ни девојка да се нарече.. исто како Мама25, лажен живот, лажни слики.. Може да е маж и рогови да има на глава што се однесува до мене Нормално пак некој добар изговор извадила од ракав.. на тетка ми синот, па вториот братучед од татко му е тој таму од кај што си "позајмував" слики... Мислам хелоу...нафта ли пиеме ние останатите што постираме во темата?!? Будали не прајте..
Од бројчето.. Со ангел пишувавме во темата дека и се крадени сликите на 1992, јас и скриншоти ставив од кај се крадени.. Ама ги метлосале моите нејзините лажни слики стојат битно